Стефан Флахов Мицов

Стефан Флахов Мицов

 

ОКУПИРАНА И ЗОМБИРАНА МАКЕДОНИЈА

Македонската држава беше окупирана од САД, НАТО и ЕУ на ист начин како останатите
членки од поранешна Југославија и како источноевропските земји. Но во споредба со сите нив,
македонскиот народ беше и зомбиран заради неговата специфична психологија.
Еднопартиски режим се руши со корумпирање на единствената владеачка партија.
Потоа, во име на „демократијата“ се организираат уште неколку главни и неколку маргинални
партии. Сите тие, како и поранешната владеачка партија се ставаат под американска контрола.
Целта е сите да се борат за власт во улогата на ЦИА-шки марионети и во таа борба да го
разнебитуваат народот. Овој рецепт се покажа успешен и за Советскиот сојуз, и во Југославија,
и во Источна Европа. Од поранешната партија-држава се создадоа неколку партии-држави,
кои при своето периодично доаѓање на власт ги партизираа сите државни, економски,
образовни, културни институции. На тој начин заразата од раководствата на партиите се
прошири врз раководствата на сите институции. Од корумпираност на партиите се стигна до
корумпираност на институциите. Притоа, насекаде (не само во поранешните социјалистички
држави, туку воопшто во еднопартиските земји), корумпираната државна администрација
расте со невидено темпо. Затоа што, по смената на владеачката партија нејзините партизирани
административци се префрлуваат кон новата владеачка партија и заедно со новите
административци нивниот број се удвојува. На пример, во Република Македонија во
средината на 90-те години има околу 35 000 државни службеници, а во 2018 г. тие се повеќе
од 200 000.
Така што, национално-одбранбените механизми на државите се уништуваат. Ако се
започне од највисоките државни институции: државен предводник, Собрание, влада, се
помине преку судскиот систем и се стигне до полиција, армија и другите безбедносни
структури. Кога кон тоа се додаде разнебитување на економскиот систем и уништување на
образовниот и културниот систем, станува јасно дека веќе не постојат не самo одбранбени
институции и организации, туку и одбранбена елита. Целта е во државата да не остане никаков
авторитет, дури ни индивидуален, ниту морален.
Американско-ЦИА-шкиот експеримент успева насекаде каде што нема споредни
одбранбени механизми. Советскијот сојуз беше срушен од еден човек, Горбачов, потоа друг
човек Елцин и за помалку од 10 години речиси ја уништи Русија. Сите гледаа што се случува, но
никој не реагираше. Тоа е слабоста на хиерархискиот систем. Во споредба со Истокот и
неговиот колективизам, Западот ја прокламира индивидуалноста. Но тука пак општествата (а
не само елитите) се корумпираат преку потрушувачкиот систем. Кратко кажано, Германците
гледаа дека Меркел ја уништува нивната држава, ама ништо повеќе од протести немаше. Во
Франција демонстрантите може и да го симнат Макрон. И што од тоа? Системот си останува
истиот. НАРОДИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СФАТАТ ДЕКА МЕНУВАЊЕТО НА ЕДЕН ЛИДЕР СО ДРУГ ИЛИ
НА ЕДНА ПАРТИЈА СО ДРУГА НЕ ГО МЕНУВА СИСТЕМОТ. СИТЕ ТИЕ СЕ ДЕЛ И ФУНКЦИЈА ОД
СИСТЕМОТ. Истото важи и за Македонија. 28 години СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се менуваа во
власта, а државата пропаѓаше. Затоа што, системот во кој се одвиваат процесите е ист како
пред 28 години. Менување на системот значи исфрлање на досегашните принципи на
управување, на партиски и институционен систем. Целосно менување на принципите во
судството, образованието и културата. ВРЗ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ПРИНЦИП – МАКЕДОНСКА
МАКЕДОНИЈА. Се разбира, истовремено со принципите мора целосно да се менуваат и луѓето.
  • Само што и како да се оствари тоа? Нема институција, нема партија, нема организација
    да го почне тој процес. Ќе кажете: македонскиот народ. Но тој намерно беше расцепкан
    партиски, поделен и спротивставен, а истовремено зомбиран. Неговите сили систематски се
    исцрпуваат во јалови митинзи како минатогодишните, и како сегашните. Митинзи и „маршеви“
    се како социјална или национална оддушка. Се шеташ на улица, викаш, врескаш и се враќаш
    дома без реален резултат. Некои мислат дека на тој начин го бранат македонското име и
    идентитет, но фактот дека уништувачките процеси во Собранието спокојно си течат, покажува
    нулти ефект. Иванов, Мицкоски, како и Вучиќ во Србија секојдневно плачат и се жалат, а не
    постапуваат како државни глави или партиски лидери, туку како обични питачи. Позитивен
    пример нема и тоа уште повеќе го депримира македонскиот народ. Куриозитетно е дека дури
    и нашите непријатели се обидуваат да не освестат преку брутални уцени. Ципрас најави дека
    договорот со Грција не е за членство во НАТО и ЕУ, туку за менување на македонското име и
    идентитет. Каракачанов се заканува дека нема влегување во ЕУ со македонски јазик. Тие
    вистински не мразат, но во случајот се обидуваат не по нивна волја да ни помогнат. Ама нас,
    како се вика „мува не не лази“.
    СОСЕТОТОАСЕПОТВРДУВАДЕКАНЕУЧИМЕОДИСТОРИЈАТА.УШТЕПОМАЛКУОД
    СОПСТВЕНАТА ИСТОРИЈА. НИЕ НЕ ЈА И ЗНАЕМЕ, ПА ЗАТОА ЈА ПОДАРУВАМЕ НА КОЈ ШТО ЌЕ
    ПОБАРА. ЗАТОА, АКО МАКЕДОНИЈА ГО ЗАЧУВА СВОЕТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ, ТОА НЕМА ДА БИДЕ
    РЕЗУЛТАТ ОД ДЕЛУВАЊА НА ПАРТИИ, ОРГАНИЗАЦИИ ИЛИ ЕЛИТИ.
    (9 декември 2018)
    Стефан Влахов-Мицов