СТЕФАНЕ (Богоев), ВРАТИ МУ ГО ЌЕШОТ НА ЗЕТОТ НА МАЛИЧИ!!!

СТЕФАНЕ (Богоев), ВРАТИ МУ ГО ЌЕШОТ НА ЗЕТОТ НА МАЛИЧИ!!!

СТЕФАНЕ, ВРАТИ МУ ГО ЌЕШОТ НА ЗЕТОТ НА МАЛИЧИ!!!

Си мислел СТЕФАН БОГОЕВ дека ќе добие кандидатура да тера и втор мандат како градоначалник на Општина Карпош и си мислел дека има време да му заврши работа на зетот на покојниот криминалец ЕНВЕР МАЛИЧИ, дека ќе измени ДУП со притисок врз Комисијата која ја контролирал, АМАР САЛИУ, сопственик на фирмата ,,СМС ШОПСТ,,. Ама, БОГОЕВ извиси за нова кандидатура и нов мандат, а членовите на Комисијата НЕ САКААТ ДА ЗАВРШАТ ВО ЗАТВОР, заради тоа што Богоев од АМАР САЛИУ ЗЕМАЛ ЌЕШ, за да му заврши работа!!!

Еве што ми пишува еден од нив:

,,Зоран, те молам објави јавно дека сите ние членови на Комисија за урбанизам имаме истечен мандат и не можеме да одлучуваме, па спрема тоа не можеме ниту да одговориме позитивно на КЛЕПТОМАНСКОТО барање на Стефан Богоев, да му се заврши на незаконски начин предметот бр 11-1012 од 5 август 2021 година, во корист на зетот на МАЛИЧИ. Јас сум член на СДСМ и член на таа комисија и сакам на овој начин и нашиот лидер и целото раководство да знае дека БОГОЕВ ни врши ненормален притисок да одржиме итна седница и да му го решиме позитивно овој предмет.

Освен што таква седница не смееме да одржиме, такво нешто ако направиме, ем ќе заглавиме кривично заедно со Стефан Богоев, ем најдиректно ќе му наштетиме на нашиот кандидат ДУШКО ВЕСКОВСКИ, за чија победа на Богоев воопшто не му е гајле. Тој земал ќеш пари од АМАРА САЛИУ и решил по секоја цена да му ги одработи!!!. Стефан Богоев со почетокот на изборната кампања веќе нема никакви ингеренции ниту нас да не тера како Комисија ниту да формира НОВА послушна комисија за урбанизам за овој криминален предмет од 5 август да се реши.

Таква комисија треба сега пред гласање на 31 октомври да донесе предлог план за јавна анкета на ДУП за ,,Градска четврт 3 07 блок 03,,. Со таа незаконска измена Богоев на Салиу сака да му овозможи градење на висококатници. Нешто на што ако победи, ДУШКО ВЕСКОВСКИ сосема сигурно нема да се согласи оти на тоа место не им е место на предвидените висококатници, планирани од Богоев и Салиу…

Нашата порака, моја и на уште неколку членови на Космијата за урбанизам до Зоран Заев и до јавноста гласи:

НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ СОУЧЕСНИЦИ ВО ОВОЈ КРИМИНАЛ!!!,,

(авторот е член на Комисијата за урбанизам при Општина Карпош)

НАПОМЕНА: Стефан Богоев неколку пати го барав да седнеме на кафе, да решиме банални проблеми во Општина Карпош. Или не одговараше или не се појави кога најави дека тоа ќе го направиме кога ќе се врател од некој службен пат. Планирал сега да се пресели во Царинска управа на висока функција. Може, ако му успее преселбата…