Да резимираме:
– ПроМАКЕДОНСКА (анти севрџанска) еуфорија постои и е многу јака. Само треба да се искористи и насочи. Не-за-струјата-ами-за-името-се-работи…
– Народот сака патриоти (коментатори, фудбалери, тренери…) а не лигавешки политичари…
– Спортските коментатори и новинари со децении се најголемите патриоти, мажи и интелектуалци меѓу новинарите (Солдат, Вања Глава, Миленко, Бобан, Тони…)…
– Кога сме сплотени на улица ниту Филипче било кој го ебава, ниту полиција смее да писне. Синојка џандарите глупи колку казни пишаа???
Поука до Тони Стојановски:
Момак, јас пред 33 години јадев 7 месеци суспензија затоа што во пренос Бриж-Црвена Ѕвезда ја фатив страната на Вардар, Македонската страна. Од Спортска ме прекомандуваа во Временска прогноза. Сите комуњарски институци во тогашната Социјалистичка република се дигнаа против мене. Милиција, Војска, Це-Ка, НИП Н. Македонија… Тогашнилт Директор Србо Ивановски на колегиум говорел дека кога ми го слушал коментарот се криел под трпезарискиот астал.
Моето помина. Луѓето три-и-кусур децении подоцна тоа сеуште го паметат.
Судбината на твојата Македонштина и коментар синојка ќе е иста. Ќе трпиш во сегашноста ама ќе бидеш запаметен за вечност. И твојот ореол никој комуњарски идиот, политичар или директор нема да може да ти го симне. Остануваш запишан кај секој Македонец.
Политичарите, директорите, дупеувлекувачките новинари ќе бидат заборавени, фрлени на буништето на историјата. Никој нема да ги памети, знае и споменува. Твоето ќе биде вечно запаметено. Тоа ќе е разликата помеѓу нив и тебе. Разлика помеѓу маж и пифтии…
М. Неделковски
Петок 13-ти, октомври 2020
Скопје