Ова не е ниту отворено писмо, ниту порака до еди-кој-си, ниту памфлет.
Ова е констатација:
ОДЕЊЕТО (ВРАЌАЊЕТО) ВО СОБРАНИЕ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА “ХОРЧЕТО НА ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ“, познати со песничката “Ова е пуч“, заради слушање на мрсомудењето на бирократот од злосторничката организација што сака, и успева, да ни смени име, историја, јазик и териоторија, Е НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО. И Е ПРЕДАСТВО НА СИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ПРИТВОРЕНИ НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ во Шутка, кои презедоа патриотска акција и човечка одговорност за газињата на непритворените сегашни да се завалат во угодните собраниски кожени фотељи. И за да можат да сркаат чорбичка за пеевче. Како што убаво напиша Бобан Нонковиќ “Нема посилна порака до светот за прогонот што се случува во Македонија од полу-празна собраниска сала за време на говорот на гласноговорникот на оние што ни ја донесоа хунтава на власт“.
Но, вие од ВРО ДПНЕ очигледно тоа не го гледате, однсоно уште полошо, го гледате ама морате анти-македонски да делувате. Со вашето денешно “враќање“ во Собрание кристално јасна станува стратегјата за експресно брзо оддржан конгрес и смена на раководството, “случајниот“ избор на Влатко Ѓорчев, “случајните“ први средби со најистакнатиот ЦИА-ш во Македонија и веднаш потоа со Зоран Заев, изјавите за “конструктивност“ како политичко делување за вечно останување во опозиција, како и стратегијата за МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО преку “достоинствен предлог“.
Денешното велгување во Собранието, да повторам, Е НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО.
Од некогашната силна ВМРО ДПМНЕ останува само ДПНЕ. Односно демократска партија (како и оние партии на Бачев, Тито, Андов и купишта други “демократски“) на национално единство (без дефинирање на која и за која нација е тоа единство).
Што се однесува до ВМРО, до исконското, до изворното, до вистинското ВМРО, тоа и понатаму останува како ѕвезда водилка на секој чесен (го нема во бомбите, на пример, или нема зграда во Антверпен), праводљубив и патриотски настроен македонец. Начелата на ВМРО продолжуваат да живеат во нас. Продолжуваат да не‘ инспирираат. Продолжуваат да се надеж на овој народ дека повторно ќе си завладее со целата своја територија (“Цела да е, секој да ја знае“), бидејки ако нешто е историски факт, е дека ВМРО колку пати и да бил уништуван, згаснат…, колку пати и да биле убивани неговите лидери, колку пати и да бил поразен – ПОВТРОНО СЕ ВРАЌАЛ во живот. Затоа што ВМРО е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Како што не можеш да го истребиш тој пиреј од народот, така не можеш да ја уништиш ниту ВМРО, без разлика колку во меѓувреме имало луѓе што повикувајки се на неа извршиле национално предавство или најобичен криминал.
(Поука од авторот: Бидејки или немате ум, или пак ви недостасува морал (можеби и двете?!), да ви предочам вам во ДПНЕ дека како што МПЦ ја загуби поддршката кај народот заради своите предавнички потези цо БПЦ, така исто и вас ви се случува. Имено, за Водици лани во Скопје беа пријавени да скокаат по крстот 124 луѓе. Оваа година таа бројка за добивање телевизор во боја е 23-јца. Секако, црквата до викендов ќе мобилизира вештачки учесници, но тоа не го менува фактот дека народот им сврте грб, како што вам ви сврте грб на 11 декември 2016-та и на 15 октомври 2017-та.)
Со предлог за име ерга омнес РАКОМЕТНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,
Миленко Неделковски
18.01.2018