Сум бил во притовр. Знам како е. 7-и-пол-месеци.
Дури и тој обвинител што ме стави и држеше во притвор ми призна дека машки сум издржал и никогаш таа моја ситуација не сум ја злоупотребил. На пример, по излегувањето да го блатам обвинителот или судијката во јавност, на телевизија.
Но, најважно, секогаш сум велел дека и на најголемиот мој душман не му поскаувам да оди во пртовор. Сто пати сум го кажал тоа.
Затоа одвратна ми е таа притворофилија на медиуми и медиумскиот шљам да секојдневно посакуваат и повикуваат на притвор! Да главна вест е жалопојката дека на тој-и-тој не му бил одреден притвор, дека судот пропуштил да одреди мерка притвор и слично.
Главната “реформа“ на СДСШ е како да се набутаат луѓе во притвор. Не дали се виновни, не дали треба затворска казна, не правда – ами, притвор. Притворот е всушност затвор без пресуда. Правосилна, секако.
Карактеристично за комуњарите – преки суд.
А пред само една година, и помалку од тоа, го имавме примерот на криминалецот и рушветџијата Зоан Заев кој не одеше на суд кога беше повикуван. Плус изјавуваше дека судот не го признава. И, ништо не му се случи. Од овој ист суд, од ова исто судство, од овие исти судски совети… Се е исто, само наместо Заев, сега Груевски е гонет. Ах да, различно е и тоа што на видео матерјал е снимено како Заев бара евро за себе (за Вицето), а такво видео за Груевски нема!!!
До крај да бидеме прецизни. На Заев, како и на Груевски му беше одземен пасошот. Но, на Заев му беше итно вратен заради некои преговори во Брисел. А тој пасошот никогаш повеќе не го врати. А и никој не му го бараше.
Ако е се исто – исти суд и судии, исти функционери (премиери) осомничени, ЗОШТО СУДОТ ИСТО НЕ РЕАГИРА?!
Па, вака.
Да се каже дека судот не е под политичко влијание во било кое време, би било човек да се прави будала на јавна сцена. Дали била Ленче Софрониевска односно времето на Бранко, или времето на Никола или на Зоран – судствот не е независно и е под политичко влијание и притисок. Тоа е факт.
Па така, одземањето на пасошот и барањето на притвор за Груевски во однос на толерирањето на криминалецот Заев, враќањето на пасошот и небарање и неизрекување притвор за него се разликува само во ЕДНА РАБОТА!
Имено, во едниот случај на власт беше ВМРО ДПМНЕ (Груевски, Димитров), а во другиот Заев.
Па така, во едниот случај, оној кога ВМРО ДПМНЕ ја имаше владата, таа партија и нејзинто раководство правеа жесток притисок ДА НЕ СЕ ГОНИ ЗАЕВ. Односно судот да биде незаинтересиран и мек кон него.
Спротивно, кога владата е во рацете на СДСШ, таа партија и раководство прават притсок врз судот Груевски по секоја цена да биде ЗАД РЕШЕТКИ во притворското одделение во Шутка.
Прашањето е што е заедничко, што е ИСТО, во тие две диаметрално различни однесувања на партиите?!
Паааа, едноставно е. И двете партии своите про/контра-притвор активности ги прават само од една причина: ДА ГИ ИЗВРШАТ НАРЕДБИТЕ НА СВОЈОТ РОБОВЛАДАТЕЛ ЏЕС БЕЈЛИ. Двете партии правеле притисок по судовите и судиите за да му се додворат на Бејли.
Џеси “Бенгази да ти се деси“ лани дал наредба до Груевски Заев да се поштеди, а сега издал наредба до Заев Грујо да се реши.
Просто е.
Просто е како мојата дефиниција пишана уште пред две години: АКО НЕ СИ АПСЕЛ, ЌЕ ТЕ АПСАТ.