Не беше така одамна кога снимката направена од незадоволен новинар на “Време“, за време на уредничкиот состанок каде говорел Велија Рамковски, беше земен на нож од А1, А2, Време и Шпиц. Пред се од Бранко Героски. Полицијата неовласетно прислушкувала, кој му ја дал на Миленко снимката, противзаконско прислушкување, ќе има ли кривична за Миленко и илјадници други глупости се изнапишаа. Зошто? Затоа што снимка на мобилен, од уреднички состанок, снимил Цветин Чилиманов, а емтиувал, кој друг ако не, Миленко Неделковски.
Пет дена по ред Шпиц и Време и Велија, Героски и Чашуле бараа одговор што ќе преземело обвинителство. Не беше така одамна, пред некоја година, беше.
Кој сака да ја чуе снимката, еве линк: https://www.youtube.com/watch?v=mrHw5AnLLAg
Заради тој “скандал“ се напишаа стотици колумни, се дадоа илјадници изјави. Еве ви линк од колумната на Латас: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CECF0B059C104B41AE263452CBB73827 .
Латас вели: “Шпицоглавиот Бранко Геровски, гаваз кај Велија Рамковски, излегува и вреска: Миленко објавил негов телефонски разговор со Велија. Полицијата ме прислушкувала, тврди Геровски, и за тоа ќе мора да одговара. И да ми плати.
По каналите на Сорос се подигаат сите амбасади, како и меѓународни здруженија на новинари. Добиваат селектирани сознанија од соросидите и без да ги проверат судат дека Миленко Неделковски е крив.
Вистината, темелена на чисти, материјални факти, е следна.
Она што го објави Миленко Неделковски не е телефонски разговор кој, како што тврди Геровски, го прислушкувала полицијата, па потоа снимката му ја дала на Миленко Неделковски. Не. Такво нешто воопшто нема.
Во 2008 година дваесетина новинари од Време решаваат да го напуштат весникот, затоа што Велија не им плаќа плати, придонеси и осигурување. Тој држи состанок со нив на кој јасно и гласно им кажува дека нема да им плати.
Новинарите на Време, колективно, си одат од весникот.
ЗНМ и нивните ќутат за ова, као задњи гниди и тужни пичици“.
Со изјава излегуваат и Велија и Бранко Героски. Героски зборува за “Театар со прислушкување“. Тврдат дека полицијата прислушкувала, дека тоа бил разговор кога Геровски бил на рибарл‘к, дека е неовластено снимање… Бараат одговорност, ќе тужеле… Ништо не бидна од тоа, оти лажеа. Лажеа дебело.
Еве сега пак имаме прислушкување. Овој пат монтирана снимка. За разлика од онаа на Велија која беше интегрална, овдека некој тон-мајстор монтажер, набрзинка и дилетантски се обидел да направи скандал.
Прашањето во колкава мерка и кои делови се монтирани од аудио записот што го презентираше Заев, ќе го одговорат засегнатите страни. На суд, секако.
Прашањето што Дудинка, а и Миленко, си го поставуваат е: Каде е Бранко Героски со ист тон, исти констатации, иста жестина, исти барања да постапи кон “прислушкувачот“ и објавувачот на снимката, како што тоа го правеше во случајот со снимката за која што тврдеше дека ја направила полицијата, а всушност беше делео на Цветин? А, која ја објави Миленко. Баш би било добро да се види Героски како го напаѓа Заев за неовастено објавување, користење на полициски снимки, неовластено снимање… И се така по ред, како во случајот од пред некоја година.
Можеби пак Дудинка премногу очекува од лицето Бранко Героски? Еве, ако нема доблест Героски, нека напишат текст Младен Чадиковски, Јадранка Костова или некој друг од тој лузерски тим. Исти текстови или прилози како пред некоја година, ама со променети имиња внатре. За прислушкување, неовластено, се работи, НЕЛИ?