Преписка Палчо кон Миленко и рикверц

Преписка Палчо кон Миленко и рикверц

Неделата зад нас имав една колумна и неколку ФБ поста во веска со утрешниот протест. Не со цел да не успее протестот, токму спротивно за да успее.

Сметам дека ако народот се собере и за два часа се разотиде, и дека ако Тодор Петров држи говор таму – протестот нема да успее. А на неуспех не сакам да учествувам. Не би сакал да учествувам во местенка со која би се разочарал народот и би помислил дека ете толку не бива.

Но, секако, постои можноста да нема разотидување по дома и да не говори Тодор Петров. Тогаш со цела сила и од се срце би се приклучил кон масата народ.

Токму затоа поставив кратки, јасни и прецизни прашања. Но, за жал такви кратки и јасни одговори не добив.

Се беше нешто со многу реторика и избегнување на одговор.

Крајно, на неговиот ФБ ми се обрати Палчо.

Најнапред со констатација:

Ете, констатирал Палчо дека сум осамен, а мојата генерација Ежов дека дилемите ми биле глупи.

Во ред, можеби сте во право. Но, ако е така , што толку замарање и кандисување на “осамениов” што има “глупи констатации”?! Што не си терате без мене?

Вчера во текот на денот Палчо се поправа, па ги покажува своите медијаторски капацитети:

Значи покана. До “осамениот”!

Осамениит би дошол ако се останува до крај. Не би дошол и покрај љубезната покана ако е целта да го слушам Тодор Петров.

ФБ преписката како на Наполеон со Жозефина продолжи и кај мене на ФБ. Напишав синојка:

Тој ми одговори со:

Како што се забележува, никаде нема одговор на моите едноставни питања. Само “ЌЕ” ветувања. Од “ЌЕ”-то на СДС и ДПМНЕ се изморивме. Власта се руши со акција а не со ветувања.

Затоа и му одговорив:

И ете до тука сме.

Разбирливо, оставам простор дека не сака(ат) јавно да ја кажат стратегијата за да не ги провали полиција. Легитмно е тоа.

Јас друже, секаде и секогаш сум бил со својот народ. Без разлика кој повикувал. Комити, СМК, ВМРО ДПМНЕ… Секаде одам, солзавец јадам, кривични пријави попивам. И не се жалам. Продолжувам да се борам. Но смачено ми е од изневерување на очекувањата на народот. Смачено ми е од преземање на иницијативите за револт од страна на докажани УДБА-ши. Смачено ми е од залажување на народот.

Затоа, во недела во 17.00 ч. ќе сум со неколкумина пријатели (колку да не сум изолиран) во Ирскиот паб.

Повели дојди на еден Џејмисон и томпус, па кажи дали ќе се останува пред Собрание и дали ќе говори Т. Петров?

Од тоа ќе зависи дали ќе ја прифатам/прифатиме твојата покана и ќе дојдеме да ја поткреоуме финалната разврска за рушење на нацистичкиов режим и тортура.  Или ќе си останеме на асталот, ќе нарачаме онион ринс и чикен фингерс како мезе за следната тура Џејмисон. Чекајки покрај нас да проаѓаат разочарани митингаши да ни се плачат што дошле за џабе.

Hic Rhodus, hic salta.

Alea iacta est.

М. Неделковски.

17.11.18

06.31 ч.

Македонија