Еве, трет ден по ред, јас со истата тема! Како што поскоро да падне Зоран Заев, и кој е тој што може да го сруши?
Најнапред да напомнам дека во сите текстови што ја третираа оваа тема, ако се читаат во целост бидејки се напишани за цели да важат а не во фрагменти, стојат делови од мои забелешки и критики на ВМРО ДПМНЕ. Потоа, во сите текстови инсистирам на барање РЕАЛЕН, а не фиктивен начин на рушење на Зоран Заев.
Во дебатоте имаше многу луѓе, на кои им благодарам на вклучувањето: другар ми од гимназиски и факултетски денови Андреј Ежов, колешката Емилија Гелева, потоа Биљана Ганди, Игор Силјановски Македонски, Владимир Сонце Талевски и многу други. Им благодарам. Вакви дебати имам на редовна основа при кафепиење со Игор, Томче, Владимир, Тони…
Во безалку сите нивни тврдења се согласувам: дека ВМРО ДПМНЕ треба да излезе од Собранието, дека треба да се блокира државата, дека Мицко треба ова-она, дека ВМРО ДПМНЕ не е она кое сакаме да е… И така натаму, и така натаму… Немам на ниту едно нешто да им противречам, од проста причина што истото и јас го мислам.
Но, јас не ги пишував колумните и анализите како би послужиле за критика на ВМРО ДПМНЕ и давање насоки што Мицкоски треба да работи, ами за да се најде брзо, практично, излезно решение за соборување на фашистичкиот режим на Зоран Заев.
За жал, а како и што очекував, нема такво решение. Нема такво решение, а во него да не е главнот фактор – ВМРО ДПМНЕ.
Стигнав така до предлогот на Билјана: “Топлата вода е одамна измислена а за поведување и спроведување го препуштам на тебе Мирка Бобан и уште мн др умни и родољубиви Македонци“. Ама, ја, Мирка и Бобан ниту имаме организација, ниту членство, ниту ресурси, ниту пари за такво “поведување“. Јас и Мирка немаме и години, а Бобан не е тука борејки се за гола егзистенција.
Бројните понуди што овие години ние тројца, еве јас ќе зборам во свое име, сме ги добивале од Бачев, Палчо, Тодор Петров, разни Тврдокорни, разни Бојкотирам, дијаспора од Европа, дијаспора прекуокеанска – сум ја одбивал. Бидејки: 1. Биле несеризни во остварување на крајната цел (Емилија Гелева е сведок на една таква понуда); и 2. Била дадена од соработници на полицијата и слуги на Спасовски и Верушевски.
Значи, јас немам намера, мојот ЕДИНСТВЕН капитал, а тоа се безмалку 40 години кариера, да ги дадам било кому, ОСВЕН НА МАКЕДОНИЈА.
Но, да се вратиме на основната тема, КАКО ДА СЕ СРУШИ ОКУПАТОРОТ И ФАШИЗМОТ во Македонија.
Јасно е дека без 55-56 пратеника за ВМРО ДПМНЕ, каков и да е тој, нема ништо од МОЖНОСТА да се санираат, ако не и комплетно поправат овие направени штети. Јасно е и дека апсолутно немам мотивација да помогнам во устоличувањето во некои идни кабинети на Александар Никловски, Влатко Ѓорчев или Шанац “Извини“ Михајловски. Но, ја имам сета мотивација да помогнам Заев да се сруши.
Како? Одговорот е, НЕ ЗНАМ. Да знаев, немаше колумни наназад да го поставувам истово прашање.
ВМРО ДПМНЕ нема да го напушто собранието. Нема јасно да каже ништо до изборите. Ќе чека “мој термин“. И, нема ништо да прифати од советите треба-ова-треба-она. Нема начин да се организира Сенародно Собрание. Нема начин да се формира 4-та Република. Ако сум грешка, ако има, повелете кажете како? Ама не со памфлети. Конкретно, таксативно…
Ние немаме, во Македонија не се појави некој таков маж богаташ, како Игор Коломојски, па да исфинансира комплетно нова политичка фигура, па макар и комичар, каков што е Володимир Зелински.
Ние, Македонија и Македонците, имаме уникатен анкер. Тоа е ВМРО, во совремниево ВМРО ДПМНЕ. Дали е вистинска, дали забегала (историски тоа многу пати се случувало), дали ни се свиѓа или не – ама таа е, ВМРО.
Сите со кои сум зборел, тоа го знаат и констатираат. И најголемите критичари и противници на Мицкоски. Дури и Левица бара помош од десницата. Никој, ама апсолутно никој нема така дисциплинирана (во моментов сеуште недоволно мотивирана) партиска армија, таково име, историја и постигнувања како ВМРО, во новово време со додавка ДПМНЕ.
Не верувам дека ако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт ќе има доволна парламентарна моќ а и сопствена воља, да смени се она што нас не боли. Но, секако е драстично подобро отколку Заев Зоран да ни игра шота на Мечкин Камен, тетовчани со бели маички и партиски капи (со сендвич и сокче, товарени како стока) да скандираат “северна, северна“, да поставуваат споменик на бугарски крвник во Дојран, да ни кажуваат дека Гоце е бугарин, а и дека на 11-то октоври 1941-ва шумкари и криминалци ја нападнале бугарската власт, главниот рекетар во државава да е наказа и педер…
Сметам дека идната власт на ВМРО ДПМНЕ и премиерската позиција на Христијан Моцковски која е извесна работа, ако ништо друго ќе не ослободи од такви скандирања, такви рекетари, таква фејк историја…
Останувањето на Зоран Заев на премиерската функција is not an option.
М. Неделковски
Скопје, 03.02.19
8.31 ч.