Толку многу му се смеевме и подсмевавме (јас пред сите други), толку многу го тролавме кметот на општина Центар Жернофф за тоа што дедо му со цвеќе и радост ги пречекал бугарските “ослободители“ во 1941-ва – што станавме несвесни дека Господ е семоќен и може да прати казна. Казна во облик да еве и ние ги дочекавме бугарските “ослободители“ на плоштадот во среде Скопје, во оваа тажна 2017-та.
Ние, народот на Македонија, си знаевме со кого си имаме работа кога е во прашање СДСШ. Однапред знаевме што абдал е црпнатиот од Муртино, знаевме што лукративец е Шекеринска, знаевме што се би направиле за функционерска фотеља наследниците на црвената коумуњарска буржоазија. Знаевме и дека гласовите на 350.000 наши сограѓани нема да го казнат Грујо “да си лежи“, ами ќе ја казнат Македонија да не постои.
Нив, си ги знаевме славо-балистичките србо-комуњари. Овие другиве, “патриотите“ не ги знаевме.
“Патриотиве“ кои наместо да го копираат национал романтизомт на нашите претци и херои, пред чии споменици Антонио Милошоски “храбро“ положи цвеќе, одбраа тактика на политички прагматизам – односно тактиката на дедо му на Жернофф. Плус, Милошоски бесрамно даде изјава дека они како партија се наследник на историското ВМРО?!?!
Молам?! Како?! Наследник, а? Наследник на што? Наследник на историското ВМРО е две-и-пол годишно повлекување, попуштање, прифаќање на се-и-сешто, тргни-застани измачување на народот, илегални преговори зад пржински порти, потпишување серија неуставни и незаконски договори?! Ма дај не ме јеби, би викнал Кили.
Не е доволно пратениче Антонио да изјавиш дека си наследник, тоа треба и да го докажеш. Со пеење на песничката “Ова е пуч“ во Собранието наликувавте на хорче на јехвини сведоци а не на наследници на мажишта што животите ги положија со едно име, еден збор, на усните – Македонија.
ВМРО ДПМНЕ со вчерашните и завчерашните постапки де факто ја прифати и призна окупацијата на Македонија од страна на Бугарија, спроведена од СДСШ и олицетворена во потпишаниот договор Заев – Борисов. Најнапред “патриотиве“ сто пати се извинија што не може да даде поддршка на договорот и покрај “големата волја и искрена желба“!!! А потоа, шефот на бугарските окупациони сили Бојко Борисов и неговата акција ја легитимираа Претседателот Ѓорѓе Иванов и Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски преку тоа што го примија во официјална посета. При остварените средби ниту Иванов ниту Груевски не “издебатираа“ со Борисов ништо во врска со плицискиот час во Скопје, потпишаниот договор со “граѓаните“ на Скопје, со “нашиот народ“, ништо не издискутираа и за делегацијат на Борисов во која највиден член беше Красимир Каракачанов.
Кротоко го примија и со насмевки се сликаа со него! Која е тука разликата помеѓу сите нив на чело со Заев и Иванов од една страна, и дедо му на Жернофф од друга страна?
Нема разлика. Сите тие се предавници. И како такви ќе бидат запишани во историските читанки на Македонија. Оние читанки кои ќе се пишуваат откако Македонија ќе се ослободи. Но тоа ослободување не е она кое вчера во говор го кажа Хорхе Иванов, демек слободни ќе сме станеле кога ќе сме станеле членки на ЕУ и НАТО, туку сосема спротивно. Кога ќе се ослободиме од ЕУ и НАТО и нивните губернатори, читанките и историските книги ќе ја пишуваат историјата за сегашните мажишта (малку се а имаат жена со муда на чело) и сегашниве политички путенца.
Генерациите и наследниците ќе се срамат од сите вас. Но вие си знаете, големи сте.
Ослободувањето нема да дојде ниту лесно, ниту скоро. Во моментов на власт и во опозиција во Македонија се колабрационистите на окупаторот. 120 во Парламентот. Позицијата прави се‘ што може час поскоро да не‘ снема. Опозиција со сите сили се напрега да не им посмета.
120 Евнуси ја водат државата.
Ние ги гласавме. Консеквенците од таква наша одлука сега ќе мора и да ги сносмиме.
На Дудинка во “quotes“ уште од почетокот на овој сајт стои брилјантната мисла на Че Гевара: “Јас не сум ослободител. Ослободители не постојат. Луѓето сами си се ослободуваат“.
Па така ќе биде и во Македонија.
СДСШ не закопа и тоа многу јако. Тие што се самонабедија дека биле “државотворни“ со два месеци на власт станаа државнорастурачка партија.
ВМРО од спротивна страна “одговори“ со соопштенија, дебати, трибини, панели… Односно со малтење празна слама. Тие нивната стратегија би ја нарекле прагма, ама тоа не е. Тоа е млатење празна слама.
За двете најголеми партии е заедничко што признаа дека “шарената револиција“ од една страна и движењето за “Заедничка Македонија“ од спротивната, биле партиски инсталации со кои се манипулирал народот по улиците на Скопје. Во двата случаи немало ништо непартиско, НВО-ско, граѓанско и независно. Ангажирањето во Владата и Собранието на купишта шарени на чело со Павле Богоевски и неговите и нивните ФБ статуси, ја кажуваат вистината за шарените платеници. Но, исто така, внесувањето на Србов и Бетмен во највисокиот извршен орган на ДПМНЕ јасно покажува чија била организацијата на двомесечните шетања по улиците на Скопје. Уште пострашно, не само чија била идеата и финансиите да се изведе народот на улица, УШТЕ ЕДНАШ – ами чија била и наредбата тој ист народ откако како бинда беше искористен, да се прати да си оди по дома, ПОВТОРНО.
Па така, да го цитирам Че уште еднаш. Ослободители не постојат, луѓето сами си се ослободуваат.
Во тој контекст, и во контекст на сеопшта американско-натовска воена и вашингтонско-бриселска политичка окупација, треба да се отстрани и надежта дека големиот словенски и православен брат ќе помогне во тоа наше ослободување.
Многу е важно, човек да е свесен за реалната ситуација. Да не се занесува, да не гаји лажна надеж во смисла “кога ќе влеземе во НАТО (и ЕУ) сите ќе имаме по 2.000 евра плата“. Или лажна надеж “сега ќе дојдат русите“.
На пример лани, на крајот на јуни месец, како претставник на владеачкото мнозинство во тогашното Собрние, Иван Стоиљковиќ беше во Русија да присуствува на 15 конгрес на партијата на Путин “Единствена Русија“. Таму Стоиљковиќ тогаш потпиша и “декларација како гаранција на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија“ (http://start.mk/article/172163/obedineta-rusija-mu-garantira-na-stoilkovik-makedonija-ostanuva-suverena-i-cela). Тогаш, според зборовите на Стоиљковиќ, “Обединета Русија“ му гарантирала на Стоиљковиќ дека Македонија останува суверена и цела!!! Таа декларација, сведоци сме, не го спречи изборниот инжењеринг на Бејли. Декларацијата не ја спречи изборната пљачка со која и беше нај брутално одземена победата на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.
А еве, пред само 20-тина дена, делегација, која лажно се претставувала како “собраниска“, од Македонија во состав Стевче Јакимовски, Иван Стоиљковиќ и Борис Дамовски беше во Русија каде се сретнала со некој “заменик-помошник“ на нешто – но, и тоа не ја спречи армијата на САД од идеата да се истовари во Македонија и да се стационира пред Триумфалната капија, веднаш до споменикот на Александар. Уште помалку го спречи поданичкото потпишување од Заев и аминување од Иванов и Груевски на договорот за “добрососедство“.
Русија, политички и воено е далеку од Балканот. Далеку е од своите православни браќа во Република Српска, Србија, Црна Гора и Македонија. Балканот е во нејзиниот “петти“ круг на интерес и влијание!
Првиот круг е Украина. Планот е таа држава да се дезинтегрира до ниво православните територии, вклучително Киев и Одеса да влезат во состав на новата држава “Новорусија“ спојувајки го и Приднестровје, а католичкиот дел со Л‘вов да се врати во старата татковина Полска.
Вториот круг им е Арктикот. Таму трката со САД се води под вода, на големи длабочини. И засега Русија убедливо победува.
Третиот круг е Кавказ. Таму Путин веќе ги реши сите проблеми со помош на еден од трите највлијателни муслимански лидери во светот во овој момент, Рамзан Кадиров.
Четвртиот круг е Сирија. Ова е единствениот од првите четири “круга“ со кој Русија не граничи. Таму победата на Асад и русите е евидентна.
Дури во 5-от круг сме ние.
Ако убаво се погледне, руската војска и дипломатија бележи дебел пораз само во 5-от круг. Во Украина, на Арктикот, на Кавказ и во Сирија тие ги дробат западните сили предводени од американците.
Во 5-от, наш, круг, таа губи затоа што сеуште тоа не е зона на интерес од ниво какви што се предходните 4.
Па така, да не бидам досаден, пак би се повикал на Че Гевара. Луѓето сами си се ослободуваат.
На крај, зошто сето ова го пишувам? Зошто, откако сите медиуми и колеги замолкнаа, јас (со помош на Мирка и Дарко) спротивно од другите го зголемив напорот за пишување, објавување, раобличување? Зошто ли си правам непријатели во странска дипломатска заедница во Македонија, зошто си правам непријатели кај луѓето од соседните држави, зошто имам непријатели во СДСШ, зошто ли ги иритирам пријателите од ДПМНЕ? Зошто?
Па затоа што не сакам историјата да ме памети како прагматично, опортунистичко путенце. Затоа што сакам да остане запис дека Македонија имала луѓе, во овие тешки, тешки, тешки времиња кои биле со исправен р‘бет и јасен и ГЛАСЕН став. Сакам да се знае кој бил кој во овие моменти. Сакам да има разлика меѓу оние со муда и евнусите за кои така сликовито пишува Велиновска.
Затоа што сакам, откако ќе се ослободиме, да ги пичкарам и шамарам (со зборови и текстови) сите оние што ќе ми пријдат и ќе ми кажат “и јас исто како тебе“. Е, нема исто. Нема исто. Јас своите ставови и она што го мислам, го пишувам и без страв го објавувам и потпишувам. Оние што сакаат отпосле “да се исто“ се плашат и од самата ситуација во која се наоѓаат да читајки ги моите текстови се согласуваат, ама опуртунистички тоа го кријат.
Оти, такви “искуства“ сум имал многу. Едно од побележитите е она кога во Брисел Мирка Велиновска, Бобан Ннковиќ и јас ја разваливме антимакедонскат трибина на која требаа да говорат Борјан Јовановски и слични изроди. Единствени колеги и интелектуалци кои не‘ поддржаа на дело беа Драган Павловиќ Латас и Дарко Јаневски. Сите други не‘ осудија. Кога се вративме во Македонија, народот беше одушевен, но за “колегите“ бевме како губави. Месеци и години подоцна разни жоровци, цветини и слични собраа храброст да ни‘ кажат дека не‘ поддржувале!?! Она што при таква изјава го попија од Мирка не се објаснува со зборови.
Па така и сега. Еве ја Дудинка. Еве ги ставовите на Мирка, Миленко, Дарко, Стефан, Ристо…
Немој после да биде “знаеш, ја и ти исто“ мислевме.
Оти јас евнух не сум.
Миленко Неделковски
03.08.2017
Скопје