Поништување на Преспански

Поништување на Преспански

Идната влада ќе има ОБВРСКА да го раскине Договорот од Преспа.

Ќе гласам за онаа политичка опција која ова јасно и недвосмислено ќе му го вети на народот!

Во договорот спротивно на меѓународното право стои дека истиот е нераскинлив.

Во правото, како и во животот, ништо не е вечно, па така и овој договор не може да биде вечно решение!

По неговото раскинување од Македонска страна, идниот министер за надворешни работи во идната МКД Влада ќе испрати нота до ООН и до Грчката страна дека договорот повеќе нема правна важност за нас.

Потоа следи домашната задача, Уставниот суд да ги поништи сите акти донесени поради договорот.

Во тој контекст ќе можат да се оспорат и донесените уставни амандмани.

Да не се заборави дека тој орган што го склучил договорот, а тоа е министерот за надворешни работи и Владата ќе има обврска истиот и да го раскине.

Нека не ве лажат партиите дека не може да се раскине договорот, дека немало правен основ, немало 81 пратеник, бла, бла, бла.

СЕ МОЖЕ, СЕ СЕ ПРАВИ САМО АКО СЕ ИМА СИЛНА И ЈАСНО ИЗРАЗЕНА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА!

 

Тања Каракамишева

17.06.2019 – Скопје