ПОНИЖЕНА Е ГОРДОСТА НА САД – МОРНАРНИЦАТА

Засега е нејасно дали кинезите, дали северно корејците или русите се “виновни“ што системот на морнарицата на САД во повеќе наврати комплетно затајува.

Но, јасно е дека најмоќната воена сила на светот и најмоќната и најбројна воена морнарица на светот е сајберски нападната и е немоќна при еден ваков напад.

Новите и мокни воени бродови на САД какви што се УСС Џон Меккеин и УСС Фицџералд , кои се последен дострел на американската воена индустрија, не можат да бидат контролирани и наведувани од сопствените командант и морнари, ниту пак од Врховниот штаб на Пацифичката флота во Перл Харбур, ниту од командата на морнарицата во Вашингтон!

Морнароцата на САД засега е немоќна да открие како нивните најсовремени бродови се “исклучуваат“ и си возат во правец да се судираат со танкери и други воени бродови. При сударот на воениот брод Џон Меккејн со танкер за нафта во близината на Сингапур пред 2 дена, 10 морнари на морнарицата на САД ги загубија животите.

Исклучително драматична е одлуката на Врховната команда на морнарицата да направи едноднвена “пауза“ на сите операции на морнарицата низ светот. Очигледно, во 24 часа рисет ќе пробаат да си ја вратат во целост командата и контролата над бродовите.

Најдраматично е во најзначајниот дел од воената морнарица на САД – Пацифичката флота. Таа флота е судрена директно со заканите од Северна Кореа, морнарицоте на Кина и на Русија, како и одбраната на мокните воени бази кои се на Гуам, Хаваи, Сан Диего и Јокосука. Командантот на Пацифичката флота, адморалот Скот Свифт, изјави дека неговата флота ќе “паузира’ до 28-ми август. Што значи 7-8 дена САД немаат полна команда и оперативност врз одбраната на својот западен брег и најголемиот океан на светот. Тоа значи дека над 200 брода, 2.000 авиона и 250.000 морнари не се во можноста, заради “пауза“, да ја бранат својата татковина. Или да ги напаѓаат тугите татковини.

Најмокните и најголеми носачи на авини на САД се во рамките на 7-та флота, која е дел од Пацифичката флота. Во 7-та флота се, на пример, носачите Џорџ Вашингтон (6.100 морнари посада) и Роналд Реган. 7-та флота е таа која ги водеше Корејската и Виетнамската војна и која сега е спротиставена на Северно Корејската закана од “братот“ Ким.

Во моментов таа флота, која своевремено за да отпочне војна го измисли “инцидентот во заливот Томкин“ и нејзината команда во Јокошука (тоа е практично Токио), се комплетно исклучени.

Вредно е да се напомене дека ова се случува токму во моментите кога треба да се спроведе 10-дневната заедничка воена вежба меѓу армиите (морнариците) на Јужна Коера и САД. Односно истите моменти кога Северна Кореа тестира балистички ракети (што можат да носат атомски боеви глави) со дострел до Гуам.

 

 

http://www.fort-russ.com/2017/08/breaking-us-navy-orders-halt-to-all.htmlhttp://www.cnn.com/2017/08/21/politics/navy-operational-pause/index.htmlhttp://www.independent.co.uk/news/world/americas/us-navy-pause-singapore-collision-worldwide-stop-operational-admiral-order-uss-john-s-mccain-a7905306.htmlhttps://news.usni.org/2017/08/21/video-cno-announces-operational-pause-investigation-following-uss-john-mccain-collisionhttp://www.executivegov.com/2017/08/navy-adm-john-richardson-orders-operational-pause-for-all-us-fleets-after-uss-mccain-ship-collision/