🇵🇱 Од Германците – репарации, од Чесите – територија, а од Русија – уметнички дела
Од Германија, Полска официјално бара компензација за штетите и злосторствата во Втората светска војна од 1300 милијарди долари.
▪Според полскиот весник „Ржечпосполита“, Полска наскоро би можела да почне да инсистира на преземање на дел од територијата од Чешка.
💬 „368,44 хектари-толку е обврзана Прага да и се врати на Полска. Станува збор за територијална компензација и воспоставување на полско-чехословачка граница од 50-тите години на минатиот век. Во тој процес на Полска и беше ускратен одреден дел од територија“ – пишува весникот.
▪Овој пат Полска испрати барање до Русија за враќање на 7 уметнички предмети од московскиот музеј Пушкин кои завршија во Русија за време на Втората светска војна. Министерството за култура на Русија смета дека прашањето за враќање на тие предмети не треба ни да се разгледува, бидејќи тие претставуваат компензација во рамките на реституцијата.
⚠ Но, има едно, но: Берлин во неколку наврати изјави дека нема намера да и плати ништо на Полска и дека ова прашање е затворено со договори од минатиот век со Народна Република Полска и поранешниот Советски Сојуз.
Германците велат дека веќе платиле доста големи репарации и нема причина да се сомневаат дека репарациите исплатени на Полска до 1953 година биле повеќе од доволни.
Полјаците велат дека тоа не била Полска, туку „советска колонија“ и дека и тогаш биле окупирани, но сепак го земале надоместокот.
Но, ако денешна Полска не е правен наследник на Народна Република Полска, според ова ново барање, отвора низа други прашања, како што е прашањето за границите што ги наследиле од таа ненародна Република Полска. Можеби би било подобро да не ја пикаат мечката, особено не против неколку држави одеднаш, од кои две се Германија и Русија.
Полска
