Да не остане кусо и ЕУ, утрово покана пратив и до Аиво.
На сите можни адреси што ги добив и на ФБ.
Амбасадоре Орав,
На овој начин ви ги честитам Новогодишните и Божикните празници.
Воедно, би сакал да ве поканам да гостувате во најгледаната и највлијателната политичка ТВ емисија во Македонија “Миленко Неделковски Шоу“, за да можете на МАКЕДОНКИОТ народ на МАКЕДОНСКА (не албанска) телевизија, и на телевизија која не е со рејтинг под нивото на статистичка грешка, да му ги соопштите своите анализи, ставови, гледишта, прогнози…
Вие и Вашите претходнци редовно одбивавте да гостувате во емисијата, што е секако Ваше право. Мое право е да се запрашам зошто е тоа така? Затоа што се плашите? Или затоа што немате одговор на директни прашања? Или затоа што се чуствувате посигурно во прегратките на албанските новинари во Македонија?!
Од друга страна, вашите претпоставени во Брисел, ги користат најгледаните емисии, највлијателните програми и најжестоките водители за да се претстават пред јавноста во Европа и светот.. Вие, засега, не го следите нивниот пример.
Па така, за да не биде оваа честитка залудно пратена, ви праќам и неколку прашања што би ви ги поставил доколку бидете гостин во мојата емисија, а еве имате можност и писмено да ги одговорите:
1. Дали ЕУ донесе благосостојба во Бугарија, Романија и Хрватска?
2. Зошто не ги примите сите бегалци на територија на ЕУ?
3. Колку уште пати, по Охридскиот и Пржинскиот договор, ќе треба насилно да го менувате Уставот на Република Македонија, за да бидете задоволни со сработеното?
4. Дали ја почитувате вољата на народот во Македонија изразена на избори?
5. Дали сте за слобода на говор, мисла, изразување?
6. Зошто треба да се “брани“ ЕУ од бегалци на границата на Македонија, а не да си ја браните ЕУ на вашите надворешни граници (Грција)?
7. Дали има друг пример во сегашноста, и низ историјата, во светот на некој народ да не му се дозволи да се нарекува така како што сака и како што традицијата му налага?
8. Каква перспектива има светот со еднополни бракови?
9. Дали ви е страв од Владимир Путин?
10. Дали сте хомосексуалец?
Ви благодарам на времето одвоено доколку сте го прочитале ова.
Поздрав,
Миленко Неделковски