Моменталниот собраниски состав, моменталната окупаторска власт, сите нејзини одлуки, закони и подзаконски акти донесени после 27.04.2017-та година, се апсолутно незаконски и нелегални. Ова не е контроверзна позиција, туку прост факт кој треба секому да е јасен.
Проблемот не е „како да се поништат сите одлуки на ваквото нелегално Собрание“, туку како да се одржат таквите незаконски одлуки во правосилна важност. Не постои бруцош на правен факултет на кој не му е јасно дека владеењето на законот и правото е суспендирано во Северџанистан, конкретно на 27.04.2017-та година.
Планот на окупаторската власт и мафијашите кои ја инсталираа е да ја одржат оваа ситуација колку што е можно подолго, по секоја цена (со притвори, заплашувања, уцени на пратеници, контрола врз медиуми)… Колку повеќе се одржи оваа неприродна ситуација, толку ќе биде повеќе политички штетно за некоја идна гарнитура да се враќа наназад и да поништува одлуки.
Гледаме дека доаѓаат сигнали и од колаборациската опозиција дека се подготвени да ја прифатат „новата реалност“, по тоа што нивната комплетна кампања е фокусирана кон некакво „економско закрепнување“. Тие се надеваат дека со тоа што сигнализираат дека преќутно ги прифатиле сите повреди на Уставот и владеењето на законите, кои ги прави оваа окупаторска власт, полесно ќе се вратат на власт.
Не смееме да заборавиме дека за конституирањето на Собранието нема ниту седница, ниту записник, ниту список на пратеници кои гласале. За да се конституира таквото собрание, беа погазени сите договори што беа воспоставени како пост-изборна коалициона практика. Дури и со така конституирано Собрание, мораше понатаму да се притвораат и уценуваат пратеници со мафијашки методи, за да се протуркаат предавничките договори.
Единствено легално во сегашната ситуација се мандатите на пратениците, затоа што тие ги добија на избори – директно од гласачите. Според законската ситуација, во Македонија нема конституирано Собрание уште од изборите во 2016, а пратениците, иако се легално избрани, нелегално носат одлуки.
Мантрата што ја слушаме од сите страни е дека на следните избори, кога и да се одржат, требало некој да освои 80 пратеници, за да може да помисли да ги укине нелегално донесените меѓудржавни договори. Тоа е квази-легалистичко продавање магла. Во следниот парламент е доволно да има напрсти изброив број пратеници, кои ВИСТИНСКИ ќе ја претставуваат волјата на нивните гласачи и НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ (со секакви методи на опструкција и субверзија) да работи следниот, под претпоставка, легално конституиран Собраниски состав, без претходно да донесе одлука со која сегашното Собрание се прогласува како нелегално (бидејќи нема легални документи за конституирање) и без да се суспендираат сите одлуки, закони и подзаконски акти, донесени од таквиот нелегален Собраниски состав, врз принципот на „плод на отровно дрво“.
Потоа, пратениците, кои се дрзнале на тој начин да го поткопаaт владеењето на правото и законот, би биле гонети за злоупотреба на службена должност и велепредавство. Искрено, треба сите да скапат доживотно во затвор, дури и оние кои со лакташење ќе се изборат за место во новиот парламент.
П. Котевски
Македонија,
Октомври 2019