Општествено одговорни партии, фирми, јавни претпријатија

Општествено одговорни партии, фирми, јавни претпријатија

Јас сум длабоко уверен дека ова со Корона вирусот е најголемата измама во светската историја. Лага која ги надминува лагите и режиите што потоа предизвикале војни: нападот на Перл Харбур (1941), инциндентот во зливот Тонкин (1964), Септември 11 (2001), случајот Рачак (1999)…

Но, во светот, а еве и кај нас,поголемиот дел од народот и комплетниот политички естаблишмент не мисли како мене!

Во ред, ете да се повинувам на мислењето на мнозинството.

Денеска, заради Корона вирусот, ќе има лидерска средба на парламентарните партии (нормално, не се вклучени вонпарламентарните оти немаат егзактна бројчана верификација на својата моќ), каде ќе се разговара за одложување на изборите.

Сметам, дека ако партиите, пред се мислам на ВМРО ДПМНЕ и СДС одат на оваа средба во име на своите членови, гласачи и сонародници се мотивирани од Корона вирусот, најмалку за нешто што ќе треба да разговараат се изборите. Корона вирусот не ги разболува и умира (ако навистина постои) изборите, ами луѓето. Луѓето, сограѓаните денеска треба да се (секогаш би требело да бидат) во центарот на вниманието. Во ред, изборите одложете ги, тоа е 10 минути од средбата.

Другото време посветет на граѓаните и нивните потреби.

Имено, загриженоста за ликвидноста на фирмите со мерки за неплаќање даноци, ДДВ и слично се во ред – но, фирмите не ве гласаат, граѓаните гласаат.

Фирмите не треба да се приортет, туку луѓето.

Во тој правец, одговорна партија и партиско раководство денеска ќе инсистира на моментално воведување драстични мерки за зачувување на спокојството на народот:

  1. Замрзнување на цените на прехрамбените продукти.
  2. Замрзнување и субвенцонирање на цените на лековите.
  3. Враќање и замрзнување на цените на санитарните и заштитните продукти.
  4. Најстроги казни за црнобензијанство и богатење на сметка на кризата (глупостите со “пазарно“ општество оставете им ги на “Глишич ретардите“, ова е вонредна состојба).
  5. Замрзнување на плаќање кредити и кредитни обврски кон банки и лизинг компании.
  6. Замрзнување на плаќање на обврски кон мобилни и кабелски оператори.
  7. Укинување на наплата на патарини.
  8. Укинување на наплата на паркинг.
  9. Војска на границите за прекин на транзит на мигранти.

Народот од денешната средба очекува да не биде тоа битка за партиски интреси, ами битка за Македонија и за Македонскиот народ.

М. Неделковски

Македонија, 17.03.2020 – 06.50 ч.