Не‘ навјаса такво зле време да ненормалното постана нормално, нечовечкото стана човечко, неправедното праведно, а неморалното морално!!!
Така, дрогирањето е in! Истополовите односи и бракови се ептен in!! Педерите не смееш попреку да ги погледнеш а да не завршиш на суд. Корумпирани, уценети и поткупени политичари се на власт и се високо ценети од “меѓународата“ заедница! Патриотизмот е проскрибирана активност!!! Љубовта не постои. Забрането е да си ја сакаш својата држава! Забрането е да си пееше песни што со години си ги пееле, да си вееш знамиња што со години си ги веел, да се одушевуваш на историски ликови на кои со генерации им се одушевувале и ги славеле!!!
Од нормален народ станавме зомбија, одејки по патеката на “западните вредности“, улизувајки се преку нашите политичари на “западни“ лидери фрикови без деца и пород, приклонувајки се на злосторничка и милитантна солдатеска, бегајки од принципите на православието… Сорос го замени Исус, Брисел е сега она што беше Белград, ЕУ е Југославија, Заев е сега Колишевски, Собранието со 81 мнозинство е ЦК на СКМ. Само “коцките“ на Вардар си останаа ист дом на истата комуњарска структура.
Но затоа сега Дурловски е Ченто, Мирка (Велиновска) е Мирка (Гинова), Тања е Дуња, Бобан е Панко, Росоклија е Богдановски а Миленко е Шишков.
Минаа 50, 60, 70 години – единствено што не се смени е дека секогаш има неколку ликови што цврсто се борат за својата држава и народ, И секогаш ги има сите исти соседи, британии, германии и домашни чирови на чмар, што овие наши слободарски ликови и херои сакаат да ги ликвидираат. И, секогаш овие наши херои гинат (гинеме), ама идеата потоа станува илјадукратно посилна.
Од влегувањето на Заев кај Груевски 2014-та да го уценува ние сме капитулирана држава. Од јануари 2017 ние сме окупирана држава. Капитулираа Груевски и неговата влада како Цветковиќ-Мачек. Окупирани сме од длабоката држава и ЕУ бирократијата која ни постави марионетска власт како онаа на Квислинг во Норвешка. Личиме на папет држава како онаа француската од Виши.
Како и во најригидниот сталинизам, хитлеров нацизам и фашизам, мекартиевите прогони (против Чаплин, Орсон Велс, Артур Милер), тоталотаризмот на Тито, Чаушеску, Хонекер, Тодор Живков – така сега и во Македонија забранета е СЛОБОДАТА НА ЗБОРОТ, МИСЛАТА, ИЗРАЗУВАЊЕТО, ГОВОРЕЊЕТО, ПИШУВАЊЕТО. На сцена е “психо-полиција“ која толкува кој што мислел преку напишан или искажан збор.
Никола Димитров вели “ќе ве чекаме во 21-от век“. Не бе батка. Ние сме веќе таму, ама ти си вратен назад во најмарчните сталинистичко-хитлерови-мекартиеви времиња. Ти Никогаш нема да можеш да стигнеш до 60-тите години на минатиот век, а камо ли до третата деценија на 21-от.
Па така, во овој фашистички режим, дозволено е да се суди на луѓе врз база на НЕЛЕГАЛНО СНИМЕНИ МАТЕРИЈАЛИ!!! Ако се, а се‘, нелегално снимени, тогаш и пресудата е нелегална.
Во фашистичкиов режим дозволено е да се амнестираат (значи, виновни се, ама помилувани) оние што ќе гласаат против интересите на својот народ, а на другите да им се суди.
Во овој наци-фашистички режим благополучно е да им се суди на војниците (извршителите), ама не и на генералите (наредбодавачите).
Во оваа држава во која моментно битисуваме НЕ Е ОМРАЗА:
- резбање по грбовите на мавровските работници,
- исцрпување со жед на граѓаните на Куманово,
- врзување за столб и дигање во воздух со динамит на чуварите на Бриони,
- масакрите кај Карпалак и Вејце,
- убијствата на Ѓоко Лазаревски и Ванчо Јосифовски,
- ѕверството кај Смилковско,
- убиствата на Саздо и Јанушев,
- тепањето на деца и девојчиња во 65-ка,
- тепањето на Тодор Петров,
- непоставувањето на крстот во Бутел,
- менување на исконското име,
- недозволување на природното право човек да се нарекува така како што се чуствува,
- менување на историјата,
- капитулација пред соседна држава,
- насилно менување на знаме, химна, унформи, новчаници…,
- игнорирање на вољата на народот искажана на референдум…
Тоа се‘ погоре не е омраза!!!
Ама затоа, за оваа окупациона власт и нејзиното обвинителство и судство омраза е ако актер (Шанац) напише неколку збора, ако професорка (Ванковска) напише свој коментар и видување, ако обичен граѓанин искоментира на социјални мрежи или ако Миленко напише неколку думи кои на сатрапот и неговата нечиста совест му асоцираат дека се однесува на него. А, всушност се однесува на сосема подруго нешто.
Дојде време дека може да го убиеш Саздо на автобуска постојка во Автокоманда, ама не смееш збор да напишеш. Макар тој збор (реченица) не споменувала никаков конкретен настан, лик, датум, место… Доволно е да проработи нечистата совест на анти-македонскиот монструм, да му дојде асоцијаца базирана на неговите злодела што ги направил, па неговото поданичко обвинителство и судство да се пуштат во акција на тотално замолкнување.
Не бе Никола Димитров, не не‘ чекате вие во 21-от век! Ние сме таму уште од Гоце Делчев. Уште од пред 115 години! Уште од времето кога Апостолот на Македонското револуционерно движење кажал дека “Светот го разбира како поле на културен натпревар меѓу народите“. Тоа е и 21-ви и 22-ри век. А ова вашево не е дури ни средината на 20-тиот, ами мрачен Среден век.
“Културно поле“ не е членување во злосторничка солдатеска, во група на држави кои своите лидери не ги бираат на демократски начин со избори. Тоа, Никола Димитров е време на мракобесие со изолирана владеачка каста и насилничка и окупаторски ориентирана солдатеска.
21-ви век е процватот на Кина и супер брзото градење на железници и автопатишта кон Индија, Русија а со тоа и кон Европа. Кинеското градење на вештачки острови. 21-ви век е Руското инсистирање на фамилијарни вредности, отсранување на соросовите инсталации, забранат на геј здруженија. 21-ви век е прогрсот на Индија која до почетокот на 2030-та ќе стане втора економска сила во светот, веднаш после Кина.
21-ви век Никола Димитров не е повторно воведување визи од ЕУ, градење зид ама овој пат не Берлински ами Мексички, супресирање на владите и лидерите на Италија, Унгарија, Турција… Па и оние на Вишеградската група. 21-ви век не е НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВОЉАТА НА НАРОДОТ ИСКАЖАНА НА РЕФЕРНДУМ.
Ти Никола Димитров и твоите од владата, исто како и капитулантската влада на Никола Груевски (никаква нова парадигма тука не помага), ќе си заминете во историјата посрамотени и обележени. Како убиецот на Кочо Рацина, сатрапот Страхил Гигов. Како Лазар Колишевски, Благој Попов, Ангел Чемерски, Милан Панчевски, Васил Тупурковски… Вие никогаш нема да сте Панко, Ченто, Шишков, Дуња, Мирка, Рацин, Кузман, Коле, Страшо, Мирче – НИКОГАШ.
Ова вашево е минливо. Како и се друго овоземно на светот.
Останува само Господ (кој бава ама не забрава) и идеата. Таа ќе не‘ надживее сите нас. Некому, и по смртта, ќе му донесе вечна слава, а некому како вас ВЕЧЕН СРАМ.
Миленко Неделковски
Скопје 19.02.2019