Основниот проблем на нашата држава од постоењето до денска е што највисокоите политички раководители и фигури се заложници на тајните служби. На почетокот тоа беше Југословенската, односно српската УДБА, за потоа да се вмешаат сите што имаа интерес да ја разнебитатт нашата татковина.
Сите Македонски премиери и претседатели беа заложници на најразлични ликови од македонската тајна полиција, кои манипулирајки со ресурсите и материјалите им се нудеа на политичарите, за потоа да ги имаат во рака за цел живот. Ќе понудат конспиративни материјали за политичкиот сопарник, но консументот станува доживотен заложник на џандарот.
Почнувајки од 8-темината од СВР на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите, српската УДБА преку вториот човек во таа “фирма“, струмичанецот Симеон Туманов, си ги редеа картите како ним им одговара. Конкретно, Павле Трајанов, Диме Ѓурев, Слободан Богоевски, Ацо Диневски, Јово Трпеновски и останатите тројца на кои сум им ги заборавил имињата, се команудавни од просрпскиот струмичанец Симеон, па го одработуваа она што српската тајна служба им диктира. Со време српската служба драматично ослабува, ама не изумира во Македонија. Напротив, присатна е во кабинетот на Ѓорѓе Иванов преку Горан Живаљевиќ.
Самото утемелување (оформување) на најпатриотската партија кај нас ВМРО ДПМНЕ, беше направено по иницијатива, со изведба, преку логистика и пари од македонската тајна полиција. Да потсетам на аферата “Сина птица“, и на илјадници снимени телефонски разговори кои подоцна ги поседуваше Црвенковски.
Нема премиер или претседател кој не бил под огромно, односно решавачко, влијание од џандар. И, тоа е првата грешка што секој од нив ја направил, за на крај да заврши неславно (атентат, затвор, бламажа…).
Киро Глигоров и Бранко Црвенковски во 90-тите беа инструментализирани од покоен Лазе Китановски. Хард Рок, тепањето во Гостивар, тепањата и убиството во Мала Речица – сето тоа беше Лазе Китановски. Сите скопски багабонти ангажирани од Лазе во корист на СДСМ беа на располагање за тепање, полнење кутии, уценување… Снајперистите по околните згради при демонстрациите на ВМРО ДПМНЕ на крајот на 90-тите, беа осмислени од Лазе Китановски.
Љупчо Георгиевски и Борис Трајковски беа раководени од Доста Димовска. Секој министер во МВР при влегувањето во кабинет имаше единствена задача, досиеата за себе да ги уништи, а оние за политичките противници да ги фотокопира и да си ги однесе дома. Па со нив да тргува низ годините што следат. Павле Трајанов, Љубомир Фрчкоски, Сиљан Аврамовски, Хари Костов, Љубе Бошкоски го немаа приоритетот да ја градат Македонија, туку најважно им беше да ја владеат Македонија преку доверливи документи за предавства, кражби, убијства, педерастии, наркоманлук… На располагање им беа Петрит, Аце, Роли, Коруновски, Тушевски, Пане Велев и останатиот дел од скопското и македонското подземје.
Новиот милениум донесе и нови ликови, што користејки ги позициите во полицијата, односно пред се во ДБК и УБК, се наметнаа како играчи без кои не се може. Горан Митевски, Миле Зечевиќ, Александар Цветков, Бранко Бојчевски, Драган Стојмановски Млекце, Бранко Радосављевиќ беа новите УБК/ДБК кадри. Секако, најмаркантни фигури во последната деценија беа Сашо Мијалков и Зоран Верушевски.
Бучковски, Костов, Груевски, Заев беа комплетно водени и раководени од овие луѓе. Ѓорѓе Иванов си имаше свој кадар – Синиша Алексовски.
Сите овие за себе си мислеле дека се грижливи родители, добри сопрузи и големи патриоти!!!
Но, ниту еден од нив, со ниту еден потез не го докажал ова последното – патриотизмот (за родители и сопрузи нека си ценат нивните семејества).
Македонија и македонските политичари, македонските премиери и председатели, три децении се под исклучиво негативно влијание од тајната аѓентура. Ниту еден не се најде да не прифати “услуги“ од овие снимачи, местачи, кодоши… Не се појави, барем не досега, доволно силен интелектуален лик, неископромитиран и некорумпиран, кои овие и вакви џандарски гниди ќе ги стави таму каде што им е место. Зад решетки, заради продавање на Македонските национални интереси.
М. Неделковски
24 Мај 2020 – Македонија