НИКОЛА СРБОВ

НИКОЛА СРБОВ

Многу врева околу потегот на Миленко на Кајмакчалан, а богами и многу пораки со прашања добив, па вака ќе одговорам јавно.
Колку што знам Србите не поставиле плоча кога дојдоа (може и грешам), па затоа и немал што српско да крши, костурницата е направена во време на СХС (доколку ме судиш како србоман скролај подоле види постови што сум пишал по повод доаѓањето на Србите). Србите влегоа легално, јас не се согласувам со таа одлука.
Бугарите влегоа нелегално и поставија нова плоча исто како што прават со Бунева која беше кршена. За бунева плоча поставија и од МПЗ Тодор Александров и нивната плоча е сосема легитимна, ја поставија Македонци од македонско здружение, им порачувам истото да го направат и на Кајмакчалан.
Од еднаш сите почнавте да пишувате за 11 македонска дивизија а до вчера поим немавте за нејзе (пак скролај надоле ги има и генералите)
Ако јас треба да одлучам што да се направи со тоа место таму би изградил обележје кое ќе ја симболизира несреќната судбина на македонскиот народ да се треби меѓу себе подбуцнат од овие со спомениците и плочите од соседството. Во српската војска биле насилно мобилизирани 65.000 Македонци, во бугарската војска биле мобилизирани 134.000 Македонци но не биле сите мобилизирани насилно како од Србите. Единаесеттата македонска дивизија, за која одеднаш сите се` „дознавте“, е доброволно составена, силите на ВМРО влегле во оваа формација, но има една голема цака, Македонците кои биле дел од дивизијата се бореле за сосема поразлични цели од оние кои ги имале бугарските власти. Истите тие бугарски власти многу внимателно пресметувале на кој терен ќе ја пуштат македонската дивизија стравувајќи дека со нејзината моќ можела да направи нешто контра интересите на Бугарија. Од српската војска имало најмасовно дезертирање, едноставно не ја сакале.
Фала им и на Бугарите и на Србите што оддадоа „почит“ на нашите жртви за нивните интереси, но обележје смее да поставува само македонската држава и никој друг.
И за крај, да се стави забрана во иднина да ни се рашетуваат српски и бугарски делегации низ државава, посебно не на места кои се многу болни за македонскиот народ. И да, не сум ничиј адвокат, само гледам дека одите од една во друга крајност, на една пропаганда одговарате со друга пропаганда, а така Македонија не се чува и гради.

23.09.2016