МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА БЕЗ ИМЕ
И СЕ ОБЕЗЛИЧУВА СО НОВА РЕФЕРЕНЦА
Името на нашата држава е – Македонија. Го доби од
народот а не од регионот. Во сега далечната 1944 година
беше одржано заседанието на АСНОМ и беше прогласена
современата држава на македонскиот народ, заедничка со
сите други кои живеат со него. Тоа беше практично
воскреснување на Македонците кои главните меѓународни
фактори, по геноцидот кој беше извршен врз нив по
балканските војни и Букурешкиот мировен договор од 1913
година, ги сметаа веќе за избришани како народ. Мислеа дека
“Македонското прашање“, кое им беше на маса некаде од
средината на 19 век, е дефинитивно затворено. Современата
македонска држава, меѓутоа, не ги спречи Грција и Бугарија
да продолжат со своите историски синдроми на негирање на
македонскиот народ, јазик, култура, историја… Додека Атина
сака монопол на македонскиот бренд и затоа прави се’ за да
не прекрсти, Софија и понатака Македонците ги смета за
“неосвестени Бугари“. За несреќа, не им пречиме само нив.
Веќе преку 73 години нашата држава се вика –
Македонија. Тоа е ткн. “кратко“ или право име кое и најчесто и
најмногу се користи. Името, пак, заедно со политичката
определба (Република Македонија) е ткн. “долго“ име, кое
многу ретко јавно се користи. Обично, тоа се употребува во
меѓународните договори, на официјалните меморандуми и,
преку нив, во службените писмени обраќања и слично. Од
1944 година, до денес, покрај постојаната политичка
определба “република“, државата се нарекуваше и
“федеративна“, “народна“ и “социјалистичка“. Сите тие немаат
никаква врска со името кое беше и останува – Македонија.
Секаде каде што се државите регистрирани за било
каква потреба, во сите листи (членки на организации…), на
сите настани (конференции, сите видови спортски
натпреварувања, средби, фестивали…) земјите се спомнуваат,
наведуваат и редат само според нивните имиња, без никакви
политички определби и – по азбучен ред. Така е и кога има
самити, и кога има средби на пионерски организации, и кога…
Ако се погледне листата на членки на ООН, на пример,
ќе читате – Авганистан, Албанија, Алжир… Белгија…
Камбоџа… Данска… Етиопија… Грција… Италија… Јапонија…
Членки на ЕУ се – Австрија, Бугарија, Хрватска, Естонија,
Германија, Малта, Полска, Романија, Шведска… Членки на
НАТО се – Канада, Унгарија, Исланд, Луксембург, Норвешка,
Турска… На следното светско првенство во фудбал, во Русија
ова лето, се квалификуваа – Египет, Мароко, Саудиска
Арабија, Англија, Србија, Коста Рика, Бразил, Перу… Во ОБСЕ,
членки се – Ерменија, Белорусија, Финска, Франција,
Монголија, Украина… Никаде не пишува дали е некоја од нив
република, кралство или нешто трето. Тоа е апсолутно
нерелевантно. Земјите се разликуваат по своите имиња.
Според петте предлози на Нимиц, кои се сега на маса
како потесен избор, нашата земја нема да има никаква врска
со досегашното име – Македонија. За нашата земја воопшто
не е предвидено ткн. “кратко“ име, што е целосно
неприфатливо бидејќи ќе се разликуваме од сите други земји.
Ќе бидеме жигосани. Сегашното име, МАКЕДОНИЈА, кое ни е
уставно ама и историско, што е најважно, целосно е
избришано и такво нешто не постои во предлозите. Грчките
безобразни манипулации дали ќе ни “дозволат“ или не во
некаква нова референца да стои и зборот “Македонија“ се
невиден апсурд. Нивната “широкоградост“ дека зборот
“Македонија“, сепак, може да фигурира во новата референца
со која сакаат да не осакатат е тешка и невидена измама. Во
сите предлози на Нимиц, зборот “Македонија“ во новата
референца, со која сакаат да не обезличат, нема никакво
значење, освен како додатна географска одредница. Нашето,
пак, преговарање за нова референца, со која остануваме
безимени, е тешка фарса.
“Република Северна Македонија“, “Република Горна
Македонија“, “Република Вардарска Македонија“, “Република
Нова Македонија“ и “Република Македонија (Скопје)“ не се и
не можат да бидат никакви наши нови имиња туку само нови
референци. Тие се замислени да се користат целосно (сите
три збора заедно), што ќе биде невидена бесмислица. Бидејќи
сите три збора ќе одат само заедно и никој од нив нема да
може да се користи одвоено, тоа значи дека оваа наша земја
нема да има ниту име, ниту политичка определба и се’ ќе се
сведе на нова референца како да не регистрираат и како да ни
се обраќаат. Нешто по бесмислено и понавредливо – не може
да се замисли. Зборот “Македонија“ ќе биде само дел од
новата референца и нема повеќе да биде наше име. Одвоено
нема да смееме да го користиме. Тоа значи дека НАШАТА
ДРЖАВА НЕМА ДА ИМА ИМЕ. ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЕЗИМЕНИ
бидејќи спомнатите референци се – бесмислени. Нашето
уставно и историско име – Македонија ќе биде фрлено на