Современиот начин на живеење, за жал, не‘ издресира дека мора да припаѓаме на некоја страна како би можеле да си мислиме дека постоиме.
Индивидуалноста, самостојноста, независноста на поединец, држава или нација стана мислена именка.
Навистина немав намера до таа мерка да се посветам на постот, а потоа и колумната што следеш од дебатата “Ако се овие надеж – нема надеж“.
Но ете, сакал јас или не, се отвори дискусија. Секој од свој агол и аспект.
Па, како не би им одговарал на сите, а има навистина интересни тези, предлози и планови (погрешни и исправни), решив да и седнам на тастатурава. И да напишам.
Најнапред, да расчистиме по илјадити пат. Уште од почетокот на моето занимавање со новинарством односно со спортско новинарство, се држев за златното правило што доајените на ТВ новинарството ми го утувија у глава, а тоа е НЕМА НАВИВАЊЕ. Нема фаќање страна.
Може да се навија САМО за својата држава (народ), и за никого повеќе.
Апропо ова со навивањево, јас сум имал проблем со навијачи многу одамна. Кога сите во Македонија навиваа за Ѕвезда од Белград, а јас ја држев страната на мојот народ и држава, односно на Вардар. Тогаш, втората половина на 80-тите беше тешко да си патриот, домољуб, Македонец. Тоа беше кога сите беа Југословени и србољупци, па своите деца ги крстеа Тито, Сталин, Ленин и слично. А, за разлика од нив југословенољупци, Миленко беше суспендиран од програма 11 месеци затоа што мама и ебал на Звезда а го фаворизирал Вардар. Еинствен коментатор спортски во свет што бил политички санкциониран е Миленко. Де проверете дали има втор таков пример?
Така да овие сега ми се ситна боранија.
Но, да не тупам, еве неколку одговри, кои ќе појаснат работи:
- “Ти и Мирка да се приклучите на овие од сликава“!!! Воуууу, не би сакал да сум во кожата на оној што тоа неа директно ќе и го каже. Јас и Мирка, секој посебно, никогаш не сме се приклучиле кон никого. Мојата професија и професионализам не познава категорија “приклучување“.
- Разликата помеѓу мене (и Мирка) од една страна, и тие седумина од сликата (а и многумина како нив) е во тоа што јас (и Мирка) никогаш не сме посакувале и побарувале ниту една функција, привилегија, позиција, тендер… Од спортивната страна, Вилипчо ако не е на функција не може да живее. Не му пречеше ниту еден од ВМРО ДПМНЕ се додека си беше директор. Неговото незадоволство коинцидира со напуштањето на директорската фотеља. Тодор Петров, ете, по стоти пат ќе се канидирал за Претседател на државата. Он што го работи не го прави заради народот, државата, каузата, ами заради остварување на својата амбиција. За Јанко Бачев е илузорно да се набројува што било и што е. Од проватизацијата на Центро па наваму. Но, не се само тие. Сите “шарени“ и разно-разни невладини што го рушеа Груевски, се испостави дека тоа го правеле не за народ, не од патриотски чуства, ами да можат да станат чиновници и да сркаат чорбиче за пеевче (Нора, Коко, Цацко, Амон Сра, Васиљ и стотици други). Е јас (и Мирка) не сме од тие. Значи тука е основната разлика зошто јас (ние со Мирка) не се и нема да се приклучиме кон никого. Инаку, понуди за “приклучување“ и “помирување“ доаѓаат на дневна основа. Вклучително и од луѓе од сликава. Јас (и Мирка) не сакаме да сме директори ко Филип Петровски, амбасадори ко Ивица Боцевски, главни и одговорни уредници ко Васко Ефтов и други ликови, Министри за неполни 24 часа, тендераши за улично осветлување или кравати за Хорхе, парламентарци ко Павле Богоевски, заменици ко Кире Наумов, академици ко Таки Фити… Со самото тоа јас (и Мирка) не можеме да сме во друштво на тие што со агитирање се бават водени само од еден мотив – државно ухлебљење.
- Многу ми е битно да си ја сочувам независноста и негибнатоста. Како што можеше да се види од бомбите, купишта луѓе, политичари, бизнисмени, новинари и (многу важно) новинарки беа предмет на слушање. Се изнаслушавме за ебачини, тендери, провизии, стенкања, офкања, дудлања… Е, ама Миленко, Мирка и Бобан ги нема никаде на тие ленти. Ниту сме најубави, ниту најмокни, ниту имаме силен грб за да не нема во бомбите. А овие тројца секој би сакал да ги види избламирани. Од спортивна страна на оваа тројка се сите оние што се омрсија со провизии, со позиции (директори, главни и одговорни уредници, амбасадори, портпароли…) и со тендери. Ја си ги шетам козите, Бобан си го вози комебто, Мирка си готви за мајка и и сестра и‘ – и повремено нешто ќе напишеме или со видео ќе се огласиме. Затоа е чудно што толку страв од една домакинка, еден козар и еден шофер?! Заборавете ги таму. Дај видете вие со високава политика и големи амбиции да станете претседатели, министри, амбасадори…
- Глупаво на текст кој кажува дека Вилипчо има десетици лажни профили преку кои се самопромовира и преку кој ги блати и олајава и најблиските пријатели, да се спортиставиш со баш тие лажни ФБ профили. Многу е глупаво.
- Крајно, јас за тој настан и екипа во Битола си го кажав својот став. Никого не навредив, никого не олајавав, никому не му се заканив. Спротивно, лажните профили на Вилипчо и востинските профили на следбеници на Бачев и весело друштво излетаа со навреди, вулгарности и закани. Посебно ова со заканиве ми е смешно. Еве изјавувам, “многу“ сум уплашен. Но, сепак вистински сум уплашен од сознанието дека мојата анализа и критика за тие луѓе опозиционери, значи по дифолт луѓе што се борат да го срушат овој фашистички режим, едноумие и информативен мрак, уште сега како опозиционери прават се (закани, пцости, лажни профили) да ја забранат слободната мисла и мислењето различно од нивното. Јас на Бачев, Солза, Палчо, Тошо, Вилипчо никогаш не сум им се заканил со тепање, забрана, псовки и слично за нивните ставови. Ги критикувам – да. Но, не им бранам (на тоа немам никакво право) да си го кажат својот став. Според мене тој став е погрешен, но нивен си е и они си имаат право на тоа.
Па така, кога ќе го прочитате овој текст, и кога ќе сакате да дебатирате, најнапред поставете си две прашања сами на себе:
- Дали сакам да добијам функција?
- Дали сакам да забранувам мислење на друг човек што е спротивно на моето?
Доколку одговорот е Да и Да, тогаш си во редот со Роберт Поповски, Миле Бошњаковски, Нора Шакири, Петрит Сарачини, Амди Бајрам, Тодор Петров, Филип Петровски…
Доколку е одговорот Не и Не, повели в мало али одабрано друштванце.
ПС
Оној бабојеб од Австралија ми е најкомичен.
М. Неделковски
05.07.2018
21.53 ч.