НЕДЕЛКОВСКИ

НЕДЕЛКОВСКИ

Кога ќе си помислиме дека ударот е само врз нашата држава Македонија, дека притисокот е само врз нас Македонците, не ќе да е лошо да ја погледнеме и сликата кај другите. На пример кај соседите, или дури и кај некои од најразвиените земји на светот. Земји кои кога се мерат условите за живот и спокој, се на вравот во категориите среденост, функционалност, социјала, образование, безбедност, толерантност, ненасилие…Проблемите што нас ни ги создаваат невладините организации, кои всушонст не се невладини ами се директни чинители во современата светска војна без војска, не се само македонска голгота. Амбасадорите притискачи, не се само на Кале и во Пржино. Ги има на секаде.Да појдеме од крајниот север на континентов.

СКАНДИНАВИЈА
Имено, како што планерите во Пентагон си зацртале земјите од Балканот да ги приберат под својот “чадор“, таков им е планот и за Скандинавските земји. Така, ако Финска и Шведска станат НАТО членки на север, а Македонија, Црна Гора и Србија на југ – полукругот, односно “новиот Берлински зид“ кон Русија ќе биде комплетен. Секако, за целото да биде се‘ планерот јаима за решавање и Украина.Во двете не-НАТО членки во Скандинавија подолго време се прави чистка на политичари, видни луѓе, новинари и интелектуалци што се натоскептични. Губење на позиции, политички чистки, смени од раководни места се секојдневие. Рејтинзи се мерат на дневна база. Се прави огромен притисок од таканаречениот “цивилен“ сектор, а во основа тоа се соросоидни платеници и извршители. И покрај исклучително силно запнување, во Шведска ситуацијата е пата-пата. Нерешено е помеѓу оние што се скептици и оние што се про НАТО определени. Зачудувачки е за западните притискачи, што во земја сојузник (ЕУ), не успеваат да наметнат јавно мислење кое ќе биде на страна на зачленувањето во воената алијанса. Во Финска е уште полошо. Таму населението е во огромна бројка против зачленувањето во НАТО. Последните мерења се со резултат 67:33 во корист на НАТО скептиците. Кај финците додатен мотив е што тие ги паметат војните против СССР, особено онаа тромесечната во зимата 1939-та. Да биде бељата по Финска поголема, НАТО кој се мачи со изнаоѓање доволно луѓе за “бутс он д граунд“, инсистира границата со Русија финците да ја покријат во целост со свои војници. Тоа е граница долга 1340 километри, која од Фискиот залив во Балтичкото море, па северо-западно од езерото Ладога се простира на север се до тромеѓето помеѓу Норвешка, Русија и Финска. Тоа е територија под мраз и снег, и со непрегледни тајги. Апсолутно ненаселено подрачје. Тој простор нема природна граница од планински венци, големи реки или водени површини. Тоа е неодбранлива граница. Земајки предвид дека комшијата е Русија, стравот кај финците од фаќање страна е огромен. Финска своето решение и јавно мнение не го прави на база на поединечни мислења, лични впечатоци или онака од тепка. Таму постојат исклучително сериозни научни институти, каков што е институтот Алексантери при Универзитетот во Хелсинки на пример, кои со децении се бават со Русија, со стратегијата на оваа земја… Ги проучуваат и знаат сите руски ставови, руски интелектуалци, руски стратегии… Сакаат еквидистанца, ама е прашање дали ќе ја имаат.Финска е исклучително средена држава, која во моментов планира огромна образовна реформа. И Претседателот и Премиерот се против било какво зачленување во НАТО. Автоматски двата лика стануваат непријатели на западот и им се изнаоѓаат најразлични афери и скандали.

ЕВРОПА
Водечката европска економска и политичка сила Германија, во основа не е суверена држава. Се увери во тоа целиот свет со доказите дека американците со години ја прислушкувале АнгелаМеркел. Предлагам при следната посета на “олеснувачот“ што го праќа Меркел во Македонија да има новинарско прашање во врска со тоа дали тој смета дека доаѓа од суверена држава. Таа евроспка “челична лејди“ не успеа да се спротистави на криминалниот чин на незаконско прислушкување. Германија, барабар со својата БНД, не открија ништо, обвинителството не покрена истрага, судот немаше што да суди. Плус, Германија од 1945-та година наваму е под непрекината американска окупација. САД признава дека во Германија има распоредено во моментов 37.000 војници од сите родови во 19војни бази. Но вистинската бројка е далеку поголема, Се работи за над 100-илјадна војска во 179 воени бази. Ова се без последното “искрцавање“ на американските трупи во Европа и развозување по цивилни автопати со тешка воена механизција. Кога размислуваме за најидеални земји за живот на планетава, покрај Норвешка, Шведска, Финска, Нов Зеланд и Канада, секако тука е и Швајцарија. Земјата на банките, чоколадата и ку-ку часовнците.Од таму, само еден пример. Најмладиот доктор на науки во таа земја, докторираше на тема “Гладио – НАТО тајни армии во Европа“. Од дисертацијата произлезе книга со многу изданија и преводи на 20-тина светски јазици. Др. Даниеле Генсер за овој труд беше “награден“ со инсистирање на американскиот амбасадор во Швајцарија направено врз ректорот на образовната институција каде Генсер работеше, нивниот вработен под итно да биде отстранет од работното место инаку ќе бидат скратени сите соработки, финасирања и проекти со САД. Патака, Даниеле Генсер беше “демократски“ набркан, па сега работи во сопствен политички истражувчки институт.

БАЛКАН
Земјата од коа доаѓа терористичката организација Канвас и нејзиниот фронтмен криминалец и вандал Срџа Поповиќ, пред некоја недела мина низ изборен процес. Изборите беа наречени “И Вучиќ сит и Двери на броју“. Ние го проследивме низ бројки, го видовме победникот Вучиќ, но треба да се знааат уште неколку битни работи.Двете партии што се приближија до цензусот Двери-ДСС и ЛДП-ЛСВ-СДС го немаа достигнато цензусот, но Вучиќ под огромен меѓународен притисок “дозволи“ овие две листи да го поминат цензусот и да влезат во парламентот. Инаку, во Србија е доста едноставно да се измери дали си над или под 5%. Потребно е во Белград да имаш минимум одреден број гласачи. Ако ги немаш, нема каде низ Србија да ги искомпензираш. Овие две коалиции немаа толку гласови воБелград. Имено, во Србија излегоа скоро 4 милиони гласачи. Тоа значи дека за влез во нивниотПарламент беа потребни минимум 215.000 гласа. Односно за минимумот од 16 пратеници, потребно е за секој поединечно да се соберат по 12-тина илјади гласа. Ако се знае дека Белград е 1/4, па дури и 1/3 од Србија, а двете партии немаа во нивниот главен град 50 до 70 илјади гласа, јасно е дека цензусот за “Двери да буду на броју“ е вештачки избилдан. Во рамките на изборниот ден американскиот, британскиот и неколку други западни амбасадори цело време биле во Државната изборна комисја. Многу слично, ако не и исто, што Бејли и Гаретпланираа да направат во Македонија.Како резултат на ова, во српското собрание се напикани еден куп партии и ликови што ќе имаатединствена задача да го дисциплинираат Вучиќ кога ќе забегува источно и да го сопнуваат ако премногу се занесе.
Срспката интелектуала веќе јавно се плаши дека судбината што ја живеат Орбан и Груевски набрзо ќе го стигне и нивниот Премиер Вучиќ.Ситуацијата во Република Српска е крајно алармантна. Таму имаме стандардна ситуација каде човекот кој беше фален, одобруван, сметан за вистински избор од страна на западните сили – Милорад Додик, одеднаш стана најцрниот ѓавол. Во моментите кога се спротистави на рушење на Дејтонскиот договор, тој стана омрзнат. Во овој момент тоја нема граница, нема војска, нема буџет… А има политички противници на чии сметки легнале суми од по 200 илјади евра поединечно од страна на СОРОС. Сметки и трансфери што јавно беа објавени.Во Црна Гора е обратен процес од овој на Додик. Таму најомразнаитио лик, кој беше прогласуван за криминалец, апаш, недемократ, шверцер на цигари – Мило Ѓукановиќ, сега одеднаш стана фаворите до ниво на примање на Црна Гра во НАТО и отварање на претпристапни прегвори со ЕУ.

А, ШТО ПРАВИ РУСИЈА?
Кога на српски и босански колеги ќе им кажеш дека им е далеку полесно оти Русија стои зад Србија и Република Српска, а дека во Македонија Русија е неприсутна – тие слатко ќе ти се изнасмеат. И ќе ти образложат дека е тоа добро да се чуе, убаво звучи – ама не е точно. Сметаат дека Русија е надворешнополитички и воено инертна и во нивните држави.Обидот да се стартува про-руска политичка партија во Црна Гора доживеала пропаст. Пред се затоа што се избрани апсолутно погрешни луѓе за таква идеја. Како информација за читателите, и македонецот кој е моментно фаворите, избран од страна на русите, за стартување на про-руска партија во Македонија е една голема смешка.Во Србија рускиот проект “Спутник“ застана, односно не просперира. Радиото нема фрекфенција, телевизија нема ниту на повидок. Најлошо е што ветувањата на оние што добиле довера да го отворат Спутник во Белград било дека ќе ја покријат цела бивша Југославија и дека ќе имаа влијание на секаде. Таа измама од југо-носталгичари направи да имаат погрешна стратегија која не профункционира, и Спутник после многу потрошени пари и време не е релевантен информативен фактор во Србија, а камо ли во Македонија. Нешто слично како и пропаднатиот проект во Македонија на “Руска реч“ која се дистрибуира заедно со нискотиражната Нова Македонија.Но, оваа погрешна руска проценка и недостаток од акција не е куриозитет само на Балканот. Имено, Спутник отворил и огранок во Шведска. По урнекот на белградскиот за да можеинформативно да влијае низ Скандинавија и северна Германија. Но, по многу потрошени пари и само 6 месеци работа, русите го згаснале проектот.Затворен е и огранокот на Институтот за Демократија и соработка на Наталија Нарошитскаја во САД. Па оваа тинк-тенк организација остана само со канцеларијата во Париз.
Да заклучам. Притисокот врз Македонија, врз Никола Груевски, врз ВМРО не е ексклузивитет само во нашата земја. Тоа е генерална стратегја на невидливата војна што се води на планетава, особено во Европа. Контратежа на американската стратегија и нивните амбиции нема. Русија е инертна и интровертна. Голем дел од земјите губат доверба во нејзините ветување и конзистентност. Просторот за делувањето на американската дипломатија во колерација со таканарелчениот “цивилен“ сектор е комплетно чист и отворен.Единствениот противник што оваа експанзионистичка политика го има, и единствениотфактор што може да ги сопре е народот. Народот во Финска, Исланд, Република Српска, Македонија.Само народ е одговор на атакот врз националниот идентитет и државни интереси на секоја поединечна држава во светот.

Миленко Неделковски за Дневник на 06.06.2016