НА НОЖОТ

НА НОЖОТ

77 Македонци ја испишаа највеличествената страница на македонската историја по Илинденското востание, саможртвувајќи се на каменестиот врв Ножот во близина на Плетвар на 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден.

Значи на ДЕНЕШЕН ДЕН. Значи пред 108 години. Таа нивна саможртва треба да е воодилка и за нашите ДЕНЕШНИ преговарачи што ќе бидат во Жданец со Хан и Црпнатиот.

Тогаш, пред 108 години, 19- годишниот Атанас Попов од костурското село Шестеово, кој привремено командувал со четата, и Трендафил Думбалаков од село Суха, Солунско, преку курирот порачале: „Ќе им кажете на војводите дека костурци го сметаат решението на Војводскиот совет необврзувачко за нив. Таа заповед ја наоѓаме за неумесна и нереволуционерна. Опфатени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Кажете им на војводите дека нашето решение е неповратно. Друга позиција нема да бараме. Ќе останеме на Ножот“.

Еден од костурчаните додал: „Не сум дошол да јадам кокошки во Македонија, туку сум дошол да се борам“. Таквата одлука на голобрадите момчиња од Костурската чета ја прифатиле и четниците од Велешката и од Прилепската чета.

Така почнала највеличествената и истовремено најтрагичната битка по Илинденското востание.ЦАРСТВО НЕБЕСЕНО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМИТИ И ХЕРОИ!!!ДЕНОТ И СЛАВАТА Е ЗА НИВ

НА НОЖОТ Е ТИВКО! СЛАВА ИМ.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%BE%D0%B6%D0%BE%D1%82