Се истурија со пари Андреја Јосифовски, Визе Заев, Филип Цаноски, непознати албански финасиери во Телма, 24Вести, Шења, ТВ21, Алсат… Се здробија од кадровски промени од шупље-у-празно како МТВ…
И пак ТАПА гледаност. Гледаност во рамките на статистичка грешка.
Еве од саботата рејтинзи, каде во гледаноста на Канал 5 скромно партиципира и мојата емисија со стартот на сезоната и интервјуто со Додик. Многу-на-малку е.
Оваква не-гледаност во било кој нормален бизнис на западот, на кој толку многу се повикуваат новинарите од овие ич-не-гледани телевизии, значи затварање на телевизијата. Ама тоа не се газди и телевизии паразарно, капиталистчко и западно ориентирани. Тие се фолираат дека се тоа. А всушност се чеда на “демократски централизам“, на непазарни принципи, на фрлање пари во бунар.
Пусти нека бројке говоре.