Антонио Милошоски е по сите критериуми најспособниот и најкредибилниот функционер во хиерархијата на ВМРО ДПМНЕ под Мицкоски.
Дотолку повеќе секој негов став и коментар е со натпросечна тежина.
Денешната негова изјава дека “Македонија безрезервно го поддржува територијалниот интегритет на Украина” е бламажа недостојна за неговото ниво.
Таа изјава е изблик на неконзистентност, непринципиелност, двојни аршини и играње на кратка меморија.
Пред само 14 години, истиот тој Милошоски, тогаш на најважната надворешно-политичка функција – Министер за надворешни работи, имаше диаметрално спротивен став за насилничкото и криминално отцепување на Косово и Метохија од Србија.
Тогаш зборовите “безрезевна поддршка на територијалнуот интегритет” беа заменети со “позитивен ефект во односите”, или со “добро осмислена и прагматична акција”, или со “перспективата и соработката”.
Па така, може Ранду да се глупира оти познавањата за светската геостратегија му се крајно лимитирани, ама АнтоЊо треба да знае дека мора да даде одговор на следиве прашања:
1. Што е разликата меѓу Кодово и Метохија и Донбас?
2. Каква е разликата помеѓу Косово од една и Луганск и Доњецк од друга страна?
3. Зошто во 2008-ма не побока на “безрезервна поддршка на териотиријалниит интегритет на Србија”?
4. Зошто неговата влада го призна Косово?
Сега на Сител кај Тино да го гкедам и Никола Бемка Попоски, па и него да го потсетам на двојните аршини и непринвипиелност.
Миленко Неделковски
Скопје, 22.02.22