НАТО завчера се распадна

НАТО завчера се распадна

Францускиот претседател Макрон пред извесно време најави дека НАТО е мртва организација. И еве, потврдата дојде.

Актулениот американско-ирански судир јасно покажува дека НАТО фактички повеќе не постои, а прашање на време е кога ќе дојде и до негово формално распуштање. Срушен е главниот столб на Северноатланскиот договор од 4 април 1949 – колективната самоодбрана и солидарноста меѓу земјите – членки на НАТО. Една членка на НАТО – САД е во војна со Иран, а другите сојузници од НАТО се разбегаа накај дома. Владите на Словенија, Хрватска, Германија, Канада, Словачка… ги повлекуваат своите војници.

Толку од НАТО. Но, што побргу сфатат во НАТО дека е подобро да се распушти оваа анахрона организација, толку подобро за човештвото оти НАТО е замислен за едно друго време како противтежа на Варшавскиот договор. Со распуштањето на Варшавскиот договор отпадна и потребата од натамошно постоење и на НАТО.

Доаѓа времето на националните сили, патриотите и суверенистите наспроти глобалистите кои се големо зло за човештвото.

НАТО се распаѓа и ние во Единствена Македонија тоа го дочекуваме со раширени раце. Единствена Македонија е на правата страна на историјата оти сме единствената партија во државата со официјална иницијатива во Собранието дека Македонија нема што да бара во НАТО!

 

Ј. Бачев

Единствена Македонија