Наталија ИВЧЕВА

Наталија ИВЧЕВА

Сакам да ги прашам нашите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, што прават и зошто седат во Собрание? Вака ќе ја браните државата? Ова е патриотизам за вас? Доста е демагогии…

Приказните дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ седеле во Собрание и го бранеле јазикот се сведува на истата приказна како на 27 април. На крајот нема да бидат ништо повеќе од учесници во воведувањето на двојазичноста. А, потоа и за договорот со Бугарија. И за името, знамето, историјата, културата, спомениците. Исто онака како што беа соучесници во изгласувањето на Талат. Практично тие го легитимираа Талат.

Што значи тоа дебата? Мислите дека така ќе го релативизирате предавството? Самото седнување во пратеничка клупа додека се дискутира за воведување двојазичност е легитимирање на двојазничоста. И ниту едно поднесување на амандмани, демагогии по пресови и изјави нема да ве амнестираат од одговорноста. Ништо поразлични нема да бидете од пратениците на СДС.

За име, за држава, за историја и култура, за знамето НЕМА ДИСКУСИЈА!

Тоа се темелни вредности за кои крв пролеале илјадници наши предци!