Надај се куре на партиско пиче

Надај се куре на партиско пиче

Рекламирањето во Македонија во овие скоро три децении НИКОГАШ не било на база на гледаност, влијание, таргет групи, потреба, пазар – ами, од секогаш била на дај-му-нешт-наше-дете-е систем.

Тоа, меѓу другото е и затоа што прататакото на трансформираните комуњари и Капо-ди-тути-капи Данчо Шутурков, ја обмисли и спроведе приватизацијата на тој начин да 12-те крииминални олигарски никогаш немаат конкуренција од странски фирми. Пример, Макпетрол со Андреа Јосифовски немал конкуренција од OMV, MOL или слични. Хари Костов со Комерцијална никогаш не се соочи со странска конкуренција, се додека не стана неприкосновен газда на банкарскиот систем во Македонија. Исто и Доне Таневски со хотелите, Штерјо Наков со шпедициите, Савка Димитрова со чоколадите и слично.

Реално рекламирање во Македонија НИКОГАШ не постоело. Дури и посредно, доколку некој рекламира, а негов пријател е засегнат со некаков текст/прилог, има јавување да се “симне“ тоа од етерот, или реклама нема да има.

Како што во овие неколку години про-вмровските медиуми се спонзорирани од маслинов зејтин од држава која нема ниту една маслинка (сем у конзерви во самопослуга), така три децении наназад СДСМ ги храни и пои своите медиуми од своите богаташи.

Но, имаше и такви “спонзори“ што битисувајки на високи позиции во една партија (примерот на Митко Јанчев, кој беше потпредседател на ВМРО ДПМНЕ), здушно рекламираа на медиумите политички наколонети на спротиставената страна. Никогаш, се немаше случено комуњари да рекламираат на вмровски медиуми, ама затоа подоста ги имаше вмровци кои рекламираа на сдсмовски медиуми.

Зошто ми е овој поопширен вовед?

Затоа што сакам да потсетам дека јас сам, и само уште Бобан Нонковиќ од негова страна, апелиравме пред 2-3 години фирмите да не рекламираат на сајтови што поддржуваат распад на Македонија, менување на името, губење на идентитетот. Нај остар нападот беше кон градоначалникот на Кавадарци Митко Јачев, кој како потпредседател на ВМРО ДПМНЕ здушно рекламираше на сајтот на Шамарлитико, каде што екстремно вулгарно и често беше навредувана, плукана и напаѓана партијата каде Митко беше потпредседател, а и функционерите во неа.

Значи, нападот и барањата да не се рекламира кај идиоти, и барањата и апелите ако некој продолжи да се ркламира кај идиотот неговиот производ да не се купува, беше од чисто ПАТРИОСТКИ, ДОМОЉУБИВИ, МАКЕДОНСКИ принципи.

И, мене (и Бобан) НИТУ ЕДЕН САЈТ ниту Фејбук група не не‘ поддржа. Сами се боревме со предавството, непринципијалноста и подаништвото на Митко Јачев. (Надвор од темава: Слугувањето кај СДСМ на Јачев му се “врати“ преку обид со 800.000 евра Вице Заев да му ја превземе фирмата Кожувчанка, па на крајот беше викан Џес Бејли да посредува).

Вчера, за разлика од нашиот ПАТРИОСКИ повик, имавме дркаџиски повик за нерекламирање на порталот, оти му ја закачале женската на тип кој на 30-и-кусур години откри дека има убавина во голо женско газе.

И, за разлика од мојот и на Бобан повикот, портали и Фејсбук групи се наредија да ја поддржат и промовираат идеата!!!

Не тогаш заради ПАТРИОТСКИ причини, ама сега заради надај-се-куре-на-партиско-пиче започна офанзивата врз рекламаторите кај шапшалот Шамарлитико!

Во меѓувреме за Мицкоски и сопругата, за Бобан и Фамилијата, за Миленко и ќерка му, за Мирка, за Хипо, за Јанко Бурек и неговите деца, За Латас и Ивона, за Цаци и Сарма – за еден куп луѓе се беа изнапишале лаги, измислици и навреди, ама реакција немаше.

Сега, кога е принтскринуван повик за секс на ФБ (кој е јавен медиум), се бара приватност и казна за рекламаторите.

Ако било кој идиот што постира еротски повици и прима исто такви одговори на Фејсбук, сака приватност, ТОГАШ НЕКА НЕ ГИ ОБЈАВУВА НА ФЕЈСБУК и на социјални мрежи.

Ама кај Љупчо Златев во овој момент е ситуацијата што нормалне човек ја има во гимназиски денови: Ебати ебењето ако не те дознаат. Кај него ете, се дешава тоа 20 години подоцна. И, така, поранешниот портпарол на СДСМ од Кавадрци морал јавно да си се пофали дек ебнал нешто. Макар тоа била и особа која има добиена партиска задача да ги задоволи тие потреби на middle age кретенов.

И така, портали и ФБ групи, алал вера за “принципиелноста“. Видете ако може да промовирате и дадете поддршка на уште некој еротски комплекс на вакви доцна созреани фрикови.

 

 

Миленко Неделковски

Скопје,

03.10.19   09.23 ч