НАГРАДА ЗА НЕ-ГЛЕДАНОСТ!!!
Порталот на Ацо Кабранов излезе со ексклузива која вели дека ќе има кадровски промени во Македонската Телевизија (МТВ).
На Ацо Кабранов не е да му се верува. Во континуитет лаже и манипулира. Да потсетам на последното лажење во врска со тоа дека мастилото за бележење на палецот на изборите се бришело со влажна марамица.
Сегашново тврдење на Кабранов за кадровските промени во МТВ го пренесоа сите про-соросови портали.
Доколку е ова вистина, тогаш едно тврдење (манипулација), побива друго тврдење (манипулација).
Најнапред да потсетам дека пред две години информативната програма на МТВ се “засили“ со кадри на Велија Рамковски во дневно-информативната, спортската и метеоролошката рубрика (редакција). Исто така имаше засилување и од кадри блиски до Ацо Кабранов уште од времето кога беше главен кадровик во Канал5, ама и кадри блиски до Сашо Орданоски од времето кога беше директор во Алсат. Секако има и по некој кадар од Алфа од времето кога сопственик беше Штерјо Наков.
За жал по кадровската политика на МТВ, желбата вестите на државната телевизија да добија “аеденовско“ влијание и гледаност со помош на А1 кадри тотално пропадна. Велија, да потсетам, имаше криминален андреграунд дил со Еј Џи Би Нилсен, па така програмата му беше “најгледана“.
Овој “А1 потег“ на МТВ е еден од најголемите ТВ промашувања во поновата ТВ историја во Македонија. Обидот на МТВ да ги истисне и престигне вестите на Канал 5 и Сител по основ на гледаност и влијание заврши со дебел пораз.
Еве и зошто:
Мерењата на гледаноста на вестите на МТВ во 2014-та, каде демек се новите и свежи кадри од типит на Стојан Тренчевски, Горан Петрески, Билјана Василева Трендафилова или Душко Арсовски, покажува дека гледаноста на МТВ вестите е ОПАДНАТА во однос на истите месеци минатата 2013-та година. Наместо раст на гледаноста, кадриве донесоа пад на гледаноста.
МТВ ВЕСТИ
……….2013 …….2014
Јан. 5,34% 4,26%
Феб. 5,24% 4,78%
Мар. 5.68% 4,84%
Апр. 5,92% 4,45%
Мај. 6,49% 5,47%
Да напоменам дека падот на гледаноста на МТВ вестите е во време на Председателски и вонредни Парламентарни избори. Тогаш кога наводно би требало интересирањето за политика, осбоено домашна, да биде на највисоко можно ниво.
Да биде катастрофата за “Велииниот“ МТВ тим уште поголема, говори и споредбата со најслабо гледаните вести во државава. Имено Телма како национален концесионер има исклучително слаба гледаносt. Шеговито вестиte на Емилија Златковска се нарекуваат “Телевизиски Службен Гласник“. Телма е со послаба гледаност од кабелската телевизија 24 Вести. Кабелските телевизии имаат ограничување во бројот на корисници. 24 Вести емитува програма само на два кабелски оператори. Што значи дека 24 Вести во трката со Телма стартува со огромен “хендикеп“. Инаку, просечната гледаност на Телма 1,5%. Значи во граници на статистичка грешка. Овааа НАЈНЕГЛЕДАНА телевизија има ПОГЛЕДАНИ вести од оние на МТВ.
Тое е катаклизмата на кадрите на Велија Рамковски предводени од Горан Петревски. Вестите на МТВ се понегледани од најнегледаните во Македонија, и се понегледани од телевизијата која оди на само два кабелски оператори. Можеби катаклизма е и премногу слаба квалификација. Еве ја споредба
…….. МТВ ……Телма
Јан. 4.26% 5,80%
Феб. 4,78% 6,18%
Мар. 4,84% 6,21%
Апр. 4,45% 7,16%
Мај. 5,47% 6,39%
Па така, ако тврдењето на Либертас е точно, ќе значи дека неуспешните кадри од проектот “Вести како А1“, ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ!!! Наградени заради неуспешност и негледаност?!
Информацијата вели дека Горан Петрески ќе стане Одговорен уредник на Првиот програмски сервис на местото на Диме Ратајковски. Понатаму, дека шефица на Информатвната програма ќе била Билјана Василева-Трендафилова. Дека веќе е направена смена во Внатрешно политичката редакција каде на местото на Милчо Велески дошол Стојан Трпчевски.
Да потсетам:
Горан Петрески – Чизмарот е оној А1 новинар од глутницата на Велија Рамковски што дремеше пред Владата во обид да го спаси од долгогодишна робија својот газда и неговата “Пајажина“.
Стојан Трпчевски е музикант во неталентираната груп ВИС (Вокално Инструментални Састав) Репортерс. Пее и свири заедно со Борјан Јовановски (тапанар) кој смета дека во Македонија владее режим. Истото го мисли и неговата сестра Светлана Јовановска и неговата внука Тања Милевска. Таму пее и Петрит Сарачини кој е познат по текстот “Ај ем литл талибан фром Авганистан“, и на “Ај лав мај папа, ај лав мај мама, бат моуст оф ол ај лав Осама“. Составот пее, свири и делува таму каде што се тврди дека во оваа држава нема медиумски слободи, дека владее мрак и режим.
Душко Арсовски во овој момент е со групата новинари монархисти (ројалисти) што на сметка на Холандската круна престојуваат во земјата на лалињата. Тоа е земја, да потсетам, чија амбасадорка во Македонија, тврди дека нашите мирни избори не значело и дека се регуларни. Па така Душко отишол на пат на сметка на земјата што смета дека ние немаме регуларни избори.
Па така, ВЕСТИТЕ направени од еден војник на Велија, еден пејач во група антимакедонисти и еден шетач на сметка на држава која ја смета нашата за нелегална, И НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ГЛЕДАНИ.
Заклучок:
Доколку овие велиино-соросови кадри бидат промовирани ќе се докаже дека Владата на Македонија, Премиерот Груевски и Мартин Протуѓер не влијаат врз Јавниот сервис.
Имено, оваа влада со Груевски на чело инсистираат на програма, на исполнителност, на успешност, на резултати. Погоренабројаниве “кадри“ немаат програма, не се и не биле успешни, и НЕМААТ РЕЗУЛТАТИ. По логиката која 8 години ја практицира оваа власт, за такви нема награда. Напротив.
Значи, паѓаат во вода малициозните тврдења дека Мартин бил уредник, дека ова било Груевизија и слично.
Крајно, како споредба. Вестите на Канал 5 и на Сител се со гледаност која е двоцифрена. Исто како и Миленко Неделковски Шоу.
Миленко Неделковски
Скопје 04.0614 21.15 часот