УРАГАНОТ МАКЕДОНИЈА ЈА ЗБРИШАЛ ХИЛАРИ!
А никој во окупирана Македонија не ни јавува ваква ексклузивна вест. Ем не доаѓа
од ,,непријателска,, Русија, да речеш, ами директно од ,,стратешката ни партнерка,,
Америка. Ќе помисли некоја богати дека сме ја ставиле под санкции, па сме и увеле
цензура. Или СС хер Бејли ја наредил.
Хилари Клинтон, председател на САД кој требаше да протрча формално на
ланските избори оти сите ,,угледни,, фактори како јасновидци, поточно како
издресирани мулиња, тврдеа дека речиси сто отсто таа ќе победи аутсајдер и
маргиналец како Доналд Трамп, ѓоа напишала книга со наслов ШТО СЕ СЛУЧИ. Две
недели траеше промотивната кампања со ударни или скокотливи извадоци кои трбаше
да ја шиткаат стоката преку главните медиуми. Во тие две недели откривање на
скокотливи ,,еротски,, детали од интимата на дотичната Хилари, Македонија, поточно
македонските хакери, беа едни од најчесто спомнуваните виновници за поразот на
Клинтонка. Дури почесто и од фамозната Русија и Путин. Со Хилари се заебаваше кој
стигна и сите и одговараа со македонските ,,контент фармери,, или во превод со
фабриките за производство на лажни вести или срање информации. Ние имаме
искуство со такви фабрики кои никнаа во времето на Владо Бучковски. Во нив работеа
медиумски угледни ,,фармери,, како Бранко Геро и жената му. Тој вид на новинарство
цутеше, а сега целосно го владее медиумскиот простор во Македонија, благодарение на
газда Сорос, неговиот голем евнух и зомби гуру Владе Милчин и Џес Бејли. Но, тоа
нема никаква врска со трагедијата на Хилари и нејзината пропаст на изборите. Како и
да е, заради обвиненијата на Клинтоница, Македонија е прогласена за убиствен ураган,
а велешките хакери за вонсериски генијалци, врвен извозен бренд за подготовка,
организација и водење политички изборни кампањи кои ќе бидат ангажирани дури и на
руските претседателски избори.
Оној Срѓа Поповиќ може сега да јаде гомна со своите производи ,,отпор,, шарени
револуции, анархисти, антифи и слични лајнарии за зомби заедниците наспроти
,,контент фармерите,,. Револуциите напросто издишаа. Се презасити пазарот од
празноглав наакан шкарт. Да биде се уште посмешно, пазарно ориентираните грингоси
мислат дека во Македонија, во која хакерите, додека грицкаат семки пред селски гранап
и пеат антички песни (опис на Мајк Дајсм еден британски коменсдијант) и ја украле
проектираната сигурна победа, сигурно сега планираат како Македонија да ја претворат
во светска хит туристичка дестинација. Оти нели, кој на планетава не сака да го посети
местото кое ја порази најсигурната победничка во историјата на било кои избори,
особено зашто тоа беа избори во најпосебната држава на светот која си игра дрндупки
со цела планета и седум милјарди човеци од машки и женски пол. Велат, модерна
Македонија ќе стане и модерно светилиште за човрштвото зашто ја спаси планетава од
чудовиште како Хилари. Жената која се чуди што и се случило, и за тоа ги обвинува
сите на светов, не се сеќава само на сосптвената монструозна, ментално нездрава изјава
со која го поздрави ѕверското убиство на Моамер ел Гадафи и растурањето на Либија: