ЧАС ПО ИСТОРИЈА ВО ЖИВО
Вардар е име на река која извира од Македонија, тече низ Македонија и се влева во Бело море во Македонија. Вардар со тек на времето стана и симбол со многу подлабока
суштина. Како таков, тој стана составен дел на македонскиот колективен идентитет
(културен, традициски, спортски а најмногу духовен). Со тој симбол се поеа жедните Македонци во најтешките моменти на ниска самодоверба, порази, понижувања и
негирања. ,,Вардар,, беше една од неколкуте спасоносни сламки за кои можеа да се фатат како за спасоносна гранка која ќе ги спаси од давење, односно, од дигање раце од себе.
Но, овој ракометен Вардар кој стана вторпат европски шампион во Келн 2019 година, без да калкулира, а со она што се нарекува божја промисла или божји дух кој повторно по неколку години се спушти над Македонија и Македонците и кој сите го почувствувавме, стана симбол со многу подлабока и подалекусежна содржина која го опфаќа човечкиот сој. Овој клуб со овие постмодерни ГЛАДИЈАТОРИ или борци одржаа планетарна лекција за важноста на карактерот и неговите состојки: духот,
моралот, енергијата, заедништвото и солидарноста наспроти матерјалната
компензација, суетата, стравот, ниската самодоверва и себепотценувањето. Во спортот
ама и во сите други области. И не е случајно што спортските коментатори на Арена спорт ТВ дојдоа до правиот заклучок за значењето на оваа Вардардова ракометна победа. Од мигот кога е остварена ќе се мери спортското време на светската историска таблица на промена на вредносната парадигма. Пред и после Вардар како пред и после Христос, како пред и после Асанж и Сноуден…
Спортот кој е сведен на лукративен
бизнис а против кој жестоко со години говори еден од најинтелигентните и
најобразовани спортисти, кошаркарот и филозоф Љубодраг Симоновиќ, ќе мора да почне да се потсеќа на суштината на спортското натпреварување кое има врска со
развивање на човечките доблести од моралната и етичката сфера а се составен дел на духот (нематеријалниот дел од човекото битие). Оти без тој дел, човекот е недоправен, фаличен, а неговиот живот бесмислен и празен. Овој наш празник на духот, заедништвото, моралот, решеноста и одважноста во мигови кога нацијата е во
депреасија, набиена со инхибиција и деморализирана заради фашистичката окупација а
повеќе заради домашното слуганство на шкопената ,,елита,, и стадото политички дегенерици, допдонително му ја дигна цената на безвременото и безгранично
наследство изразено во човечкиот дух. На пример, вртоглаво се крена цената на историските маркери како што е симболот ,,гладијатор,, и ,,Спартанците кај Термопилите,,. Знам дека на модерниве ,,гркљани,, им се бурбател стомакот кога слушаа од бројните европски и балкански спортски коментатори (а не од македонските доброволни заробеници во квази телевизиите) како колосите на ,,Вардар,, ги
споредуваат со тристоте јунаците на ,,капитенот,, Леонидас, исто така своевремено предаден од своите соплеменици Атињани, Тебанци, Беотијци кои се усраа од страв
пред моќната персиска армија.
И сега да изведам неколку парадигматични заклучоци врз основа на искусеното, виденото, почувствуваното:
1.И така дојдовме до она за што говоревме Миленко и јас во последната емисија. Се вика мотивација. Значи, што е она што ги мотивира играчите на Вардар кои не примале плата повеќе месеци, кои на шампионатот играле без финансиска подршка на својот град, својата држава, ,,богаташите,, администрацијата на црпките? Ако сте од оние кои се во животот претвораат во пари и некаков материјален ќар, ако и вие мислите дека за идеали гинат будали, односно, ништо не вреди за да се жртвува ,,јас,, ,,мене,, ,,мое,, и не се исплатело да се саможртвувате за нешто што не може да се пресмета во материјална добивка – вие батки ништо не сте разбрале. Вие не сте полнокрвни
примероци на човечкиот сој. Јас ве нареков НЕДОПРАВЕНИ. Од такви како вас се создава диво месо и од вас настанува дегенериштвото. Но од такви не се прави ни историја а не се живее ни осмислен полнокрвен живот.
2.Солидарност, пожртвуваност, заедништво, одважност, самочувство и самодоверба се градежен материјал на секој карактер. Збир од такви карактери во клучни ситуации и
со енергетски напоена мотивација прават чуда.
3.Суетите и егоцентризмот не се состојки за квалитетна и суштинска мотивација.
Вардарците и играчите и навивачите на очигледен начин го демонстрираа тоа кога го примаа шампионскиот пехар. Сите играчи на теренот ги вееа гордо своите државни знамиња. А сите заедно играа и ја претставуваа Макеоднија преку Вардар. Стоилов не
го подигна прв победничкиот трофеј. Им го препушти на сите свои соборци за на крајот да го земе и тој. Мислите дека овој интелигентен човечки гест, одраз на висока цивилизациска култура во најдобра смисла на зборот нема да биде заразен и иден етички стандард за секој спортист во колективните спортови на планетава? Кога вака господски ги третирате своите соборци од различно потекло ви се возвраќа со тоа што сите заедно клекнуваат на поклон пред македонската публика и навивачи. Мислите дека Македонците за кои ,,елитните,, дегенерици и социопати како Фрчко, Грчев, Стевче ,,стоката,, и други од сојот на недоправените, мислат дека се подолу од индијските парии, не ја видоа големината на својата традиција и културен образец кои
не ги делат и вреднуваат или восприемаат луѓето по националност, боја и вера. Не мислам на оние кои во гнев а од немоќ со збор блујат навреди на дневна основа.
Повеќето од нив не го мислат она што го говорат. Сигурна сум во тоа. Не само што ја видоа, туку и ја искусија историската вистина дека Македонија е тло и цивилизација која во најкризни или пресвртни моменти изнедрува духовни парадигми кои го
менуваат човештвото. Да го спомнам Александар Македонски и неговиот модел на уредување на светот како соживот, хармонија преку создавање врски, културна и традициска кохабитација, собрано и систематизирано знаење. Оживотворување и ширњење на христијанството, христијанската мисла, филозофија. Појавата на
богумилството, односно ширењето на оригинерното христово учење. Описменувањето на славјанските народи. Формирањето на првите образовни центри, односно, на
Охридскиот универзитет. Почетокот на европската ликовна ренесанса која тргна од Св. Пантелејмон. Оживување на европското републиканство перку учењето и политичката филозофија на ВМРО од кое произлегува СОЛИДАРНОСТА и моделот за свет на
културен натпревар меѓу народите.
4.Сето ова е духовно наследсство на Македонија и Македонците кои имаат света обврска генерациски да го чуваат како очите во глава, како драгоценост која се мери со
живот и нема еквивалент во пари или его статус. Оваа вредносна парадигма треба да го изгради македонскиот образовен систем кој ќе одгледува и воспитува генерации
слободни луѓе способни да мислат, разбираат и знаат.
5. Уверена сум дека секој Македонец, особено оние исполитизираните, во овие мигови
на радост разбираат дека пресудно за вакви победи, за ваква мотивација не се потребни лидери. Потребен е синхронизиран енергичен одважен КОЛЕКТИВЕН ШУМАР си иста цел. Вардаровите играчи, секој од нив и сиот логистички тим, со се
страсните навивачи ,комитите,, и остатокот од публиката во салата, беа јато ускладени ,,гирици,, кои ги ,,водеше,, колективната енергија (како во групна молитва во духовен храм) а која извираше од мотивацијата на играчите. Овој амалгам кој се вика уште и божји благослов, божја промисла или свет дух, кога ќе тргне во меч против некоја наакана извитоперена сила е непобедив и од него уплав има секој
насилник и злосторник. Запишан е, искуствено безброј пати е доживеан, ама човечката меморија умее да подзаборави. Убавото е во тоа што во кризни, навидум безизлезни ситуации, меморијата се активира, па како на брза лента ги гледате сликите за Давид и Голијат, на Спартак, на Леонидас и неговите 300 Спартанци, на Крпош, на востаниците и востанијата, на Гемиџиите, на Сугаре, на војводите, на Илинденците, на борците во НОБ, на хероите, на паднатите за Македонија во 2001, во Диво Насеље, на осудените и
затворените од страна на квислиншката хунта за 27 април…
6. И за крај како мое лично мерачење на сметка на квазиновинарската соросоидно цијашка багра што си умислува дека се професионални новинари кои знаат што е политика и држава, што е напредно евроатлански цивилизирано а што дивјачки азијатско затуцано. Одговорот им го дадоа спортските коментатори од
Балканот а особено оние од ЕУ просторот кои освен играта правеа и ад хок анализи за повеќекратното значење на овој ракометен шампионат, за парадигматичната игра на Вардар и недостојното ем срамно однесување на државата и телевизиите кон македонската публика, играчите на тимот кој стана
европски шампион без никаква материјална подршка. Да конкретизирам. Македонија, Македонците, македонските спортисѕи, Вардар како тим и
генерација, Самсоненко со својот самопожртвуван ангажман и виок етички и карактерен стандард добија најделотворен модел на реклама. Тоа го признаа сите што се во новинарската дејност. Со исклучок на македонските субстандардни испљувоци. Спортските отсуствуваа целосно. А останатите од ,,браншата,, политички ѓоа новинари, не им се ни до глуждови на Миленко и
неговите српски, хрватски и словенечки колеги кои после победата на Вардар
изнесуваа цивилизациски, политички и етички аспекти кои произлегуваат од покажаната игра, енергијата, тимската хармонија. А се заедно се чита како психоанализа на корените на мотивацијата и нивното значење за спортот ама и за целокупниот живот во Регионот. Сите заедно од вчера се вреќа муви
залепени на странски лајна чиј свет подигнат на еден избор е смрдлива и мрачна септичка јама. Затоа и никој од нив ќо го нема на најновата македонска историска слика за навек и без шанса за ретуш. Ем се ебани, ем се самозастрелаа без можност било кога да станат човеци. ТАКА Е КАЖАНО – ТАКА Е ЗАПИШАНО (начин на кој се донесувани фараонските закони и извршни наредби пред да постои демократија и законодавен дом) и така останува во историјата.
М.Велиновска