МИМОЗА

МИМОЗА

Мојата поранешна колешка од Академскиот хор Мирче Ацев од Скопје, исклучително добар (и длабок) алт, во преписката – извинување до Емил Димитриев што ја користи, покрај другото, и за политички памфлет ќе каже:

“Јас исклучиво ќе се занимавам со критиката на корупцијата и клиентелизмот, за враќање на владеењето на правото и човековите права. Сеопфатно се залагам за нулта толеранција на криминал од буквално секој сторител, за безусловна слобода на говорот, за хумано граѓанско општество, социјална правда и права на животните“.

Супер! Значи оваа хард кор СДСМ-овска активистка, професорка и веројатно интелектуалка одвојува точки за кои ќе пишува, со кои ќе се “занимава“ и ќе се бори:

1. Критика на корупцијата.

2. Критика на клиентелизмот.

3. Владеење на правото.

4. Нулта толеранција на криминал (за буквално секој сторител).

5. Безусловна слобода на говорот.

6. Хумано граѓанско општество.

7. Социјална правда.

8. Права на животните.

Супер вака наредено, таксативно. Принципиелно, би рекол… Ама само на прв поглед. Оти бранењето на сопствените принципи не е само со помош на тастатурата и текстот, ами и со адекватни однесувања што ќе го потврдат напишаното.

А кај Мимоза, длабокиот алт, тоа за жал не е така. Кај Мимоза, нејзиниот политички ангажман во СДСМ и јавно прокламираните ставови, се токму спротивно на сето од неа напишано

Да појдам со ред. Точка по точка:

Точка 1 од нејзината “борба“ односно “занимавање“ е критика на корупцијата. Супер. Ама ја не видов никаде критика од Мимоза, напишана или изговорена со длабокиот алт, во врска со едно-евро-за-Виц‘то?! Ниту за 8-те милиона за Глобал?! Претпоставувам дека Мимоза се занимава еднострано. Инаку, ако е принципиелна, а очигледно не е, би се “занимавала“ и со оваа корупција.

Во точка 2 станува збор за критиката на клиентелизмот. Перфектно. Клиентелизмот кон 100-те милиони евра потрошени од Сорос во Македонија (760 милиони во Србија) на разни Проверки на факти, Вистиномери, Топтеми, Контравести и слично, исто така не сум ги забележал во пишувањето и говорењето на длабокиот алт.

Точка 3. Владеење на правото. Фантастично. Секој криминалец што беше приведен на распит (Бучко, Заев, Кежо, Монструмите…) беше пропратен со попречување на правдата и правење притисок врз “владеењето на правто“ од страна на партијата на Мимоза. Мимоза молчеше. Згора на тоа, 2 децении минаа од еднопартиското парламентарно, преку ноќ, поставување на неколку стотина судии (сите СДСМ кадри) во судството во Македонија (сеуште се таму) – а Мимоза збор не кажа за оваа кадровско-политичка екипажа на позициите каде треба да владее правото!!!

4-та точка. Нулта толеранција за криминал за буквално секој сторител!!! Ова ми е фејворит. А Бишкарнико на Мирчо, а Бучко што сеуште не е на одлежување затворска казна, а едно-евро-за-Вицето, а нелегално набавените материјали, а Веруш, а Чауш, а …. Бескраен е списокот. Ама не текст, буква нема од длабокиот алт на Мимоза. Па у оваа точка нацртан е фоторобот на Заев, нејзиниот лидер! Ако сака да се “занимава“ со “нулта толеранција за буквално секој“, кај Заев има материјал за да се занимава следните 20 години.

Во точката 5 ќе се занимавала со безусловната слобода на говорот!!! Па добро, умно девојче беше како млада! Што стана?! Нејзината партија СДСМ и нејзиниот лидер Заев децидно изјавија деча 5 медиуми им се политички непријатели. Тоа ли е безусловната слобода?! Барањата да се постави директор на Агенцијата за Медиуми од СДСМ што ќе има дискреционо (апсолутно) право да одзема лиценци на телевизии ли е безусловната слобода?!?!?! Барањата на странските амбасадори да се замолкнат Миленко, Мирка и Дарко ли е безусловната слобода? Ова тврдење на Мимоза ми личи на безусловно глупирање на некогаш умна девојка.

Точките 6 и 7 се за хумано граѓанско општество и социјална правда. Реновирани и изградени болници, современи апарати, бесплатен јавен превоз, бесплатна бања, редовно покачување на пензиите (наместо кражбата на една пензија и минус 8% од страна на нејзин Бранко), образовни и високо образовни установи низ целата држава, социјални пакети, минимална плата… Не видов Мимоза да се “занимава“ со овие потези на омразената и власт.

И точка 8 е за правата на животните. Околу ова занимавање на Мимоза и моето занимавање со животни, илузорно е да пишувам. Но сепак. Не се сеќавам Мимоза да реагираше на аферата “Белото коњче“ кога Героски ми “забрануваше“ да ми го дадат изнемоштеното животинче да го однесам на фармата, зато што ќе сум правел политички поени!!!

Па така хорска колешеке, хартија се трпи. Но, потезите во пракса покажуваа дали е некој доселден и искрен.

Овој политички памфлет за “занимавањето“ на Професорката Мимоза, е само нејзино политиканство и нејзин клиентелизам кон врвот на СДСМ

Миленко

На Св. Јован 2016-та

8.45 часот