Миленко мразел албанци! Бил албанофоб!! Не бил за соживот!!! Имал говор на омраза кон нив!!!!
Дооообро, добро…
А, тоа некако да се покаже на дело од оние што се албанофили, оние што не ги мразат албанците и оние што немаат говор на омраза кон нив?
Или, само за етикети да му лепите на Миленко сте задолжени???!!!
Де, ај да видиме кои се тие македонци што ги поддржуваат албанците, за разлика од Миленко, кој демек, ги “мрази“?
Ама, немојте со памфлети, ами со доказ. Со јасен пример.
Нема ниту ЕДЕН македонец, ниту ЕДЕН македонски медиум, а мислам дека нема ни на албански (не знам албански јазик, ако сум грешка нека постира некој), што КАКО МИЛЕНКО јавно, јасно, гласно и ОДАМНА се заложил АЛБАНЕЦ да е претседател на Фудбалската Федерација на Македонија. Значи не на боксерска, карате, кајак или џудо, ами на ФУДБАЛСКА.
Тие, албанците, го имаат најбогатиот фудбалски колектив во Македонија (во овие години и најуспешниот). Го имаат и најбогатиот спонзор (да сме благодарни на Самсоненко и на Дестани за парите вложени во Мак фудбалот). Ги имаат Муслиу, Хасани, Барди, Адеми (Елмас, Алиоски…). Долгу години имаа и потпредседател на ФФМ. Па што да немаат и претседател?
Значи, некој од оние што ме обвинуваат дека сум мразел албанци ќе постира ли свој став каде предлага албанец за ПРЕТСЕДАТЕЛ.
И тоа не од сега, ами од пред месеци.
Повелете докази, алергичен сум на памфлети:
Фино се гледа, датумот е 30 август лани. Пред 6 месеци, кога ни собрание ни бутур имаше во ФФМ.
Натаму:
Ете, пред еден месец.
И, крајно и со слика:
Згора на се Мети е братучед на Али Ахмети, па било кој да е у колаиција со ДУИ, кичевчанецот ќе е прифатлив.
Ете, толку од “албаномрзецот“ Миленко.
Де сега да видиме овие што толку многу “ги сакаат албанците“ преку тоа што го прогласуваат Миленко за албанофоб, каде, кога и како поддржале албанец за прв човек на институција која според важност, влијание и моќ е на ранг на најсилните министерства?
Ајде да ве видам?
Миленко
заљубеник во фудбалот
26.02.19 – Зајас