МЕРИТОР СИСТЕМ – математички прецизно

МЕРИТОР СИСТЕМ - математички прецизно

Его трип?! Ма, нееее! Ова е меритор трип. Бројки. Егзактна наука. Така ли е Мицкоски, ова е математички прецизоно, ем јавно.

Се сеќавате на математички прецизниот доказ дека емисијата на Миленко Неделковски е најгледана Македонска емисија на планетата земја?! Еден-и-пол милион прегледи на мојата емисија?! https://www.dudinka.org/%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE/

Ако еднаш е случајно и било заради што темата била “Равна земја“, поторниот ептен-многу-на-скоро-ништо резултат, во овој случај во однос на шерувањето на постовите, покажува КОЈ е КОЈ во Македонија и во новинарството и во политиката и во јавното мислење. Никако не ќе е случајно се те еден ист човек да е драстично, море космички по гледан, по читан, по цитиран и по шеруван. Оттука е и константната омраза од колегите кон мене, и постојаниот обид медиумски да ме изолираат и ако може да ме отсранат. Дури и оние кои сум ги направил од безимени да бидат со име, од непостоечки да станат препознатливи, од обични новинари да станат главни и одговорни уредници, од никој и ништо да влезат во високи партиски функци, од заборавени средношколски даскали да станата елитни дипломати – дури и тие, ако ништо друго, не сакаат да ја признаат оваа моја доминација над нив.

Ми умрела циганката, па се фалам? Можеби! Но повеќе ќе да е: Никој нема доблест ниту професиоалност да го констатира она што бројките така убедливо го покажуваат. Па, мора сам да ги објавувам, констатирам и посочувам. Еве, да кажеме, и да ми умрела циганката! Вашата циганка кога ќе умре, вие со што ќе се пофалите, оти она сиротата умрена веќе нема да ве фали?!?!?!

Јас сега да престанам со новинарството, вие сите заедно на купче (подолу има слики од еден дел од вас) до крајот на вашите животи не ќе може да соберете толку многу гледаност на планетарно ниво и шеруванст на национално и патриотско ниво, колку што имам јас сам. Вие си имате PR тимови, телевизии, ботови, пари, програми, новинари, водители, емисии, соросови пари, УСАид пари, партиски фондови – се си имате, ама трката со мене не можете ниту да помислите да ја добиете. Јас сум M. City, вие БСК Брњарци.  Јас сум Гвардиола, а вие Бецко од Драчево. Отприлика тоа е разликата во нивото и квалитетот.

“Центарот“ на Луке, Суле и Иво спие. ТВНОВА се спрема за Горан Гаврилов (плати требаа да им дадат во петок, ама пак одложија за вторник! Вторник – да, ама кој датум не се знае.) Алфа повторно заглби со платите. Сите дремат (сем Велија кој со помош на 5+5 милиони евра од владата на Заев ќе ја купи ТВ21), само Миленко дење-ноќе, на медиумите што уште не се поробени од фашистичкиот бриселски режим, работи. Работи, алертира, се бори против обезглавувањето, обизименувањето и обезличувањето на Македонија.

Па така, вчера околу пладне обајвеното видео до сега е на ниво од 1.050 шерувања. Повеќе од илјада луѓе го ставиле и на својата страна. Толку многу ја споделиле мојата мисла, загриженост и борба.

 

Кај вас “колеги“  и политичари, како е? Колку многу (или малкуцка) народ ги чуствува како свои вашите думи, мисли и дејанија? Колку е тоа многу, таа илјадарка шерови, и колку народот природно чуствува кој се бори за  нив и со нив, е споредбата со другите “колеги“:

Но, не само “колегите“. И народните избраници, најголем дел од нив  се избраниците на Џес Бејли, луѓе што треба да бидат следени, цитирани, шерувани…, исто така ја губат таа “нерамноправна“ битка со мене. Јас де, Миленко, спортски коментатор, кучкар, козар, равна планета, тоа-оноа.

Срамота е за Пи-аР тимовите на Хорхе, Мицката, Црпкото и сличните руководиоци да се на ова најниско можно ниво на популарност. Миленко да брише под со сите нив. Еве, погледнете:

PR и медиумските експерти од кабинетите на Црвенковски и Заев од една страна, но и од кабинетите на Груевски (Мијалков) и Мицкоски  константно се обидуваа и обидуваат да оневозможат било какво јавно и гласно новинарско и интелектуално делување на Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ.  Јасно е и заошто. Заради влијанието кое на овие политичари не им одговара да го имаме.

Мирка беше бркана од нејзини медиуми, од нејзе форимран неделник, од страна на Хари Костов и Бранко Црвенковски. Заради Мирка Велиновска, ВМРО-ДПМНЕовската сопственичка структура на МПМ на чело со “кандидатот“ за прв човек на ООН Срџан Керим, укина  три весника (Дневник, Утрински и Вест) и остави на улица без работа стотина луѓе. Само за Мирка да нема каде да пишува. За мојата историја во про-ВМРОвски медиуми како Канал 5 и Алфа, каде се докажа дека се апсолутн фејк њуз тврдењата дека “вмро мене ова“, “груевски мене она“, нема да пишувам. Бара многу место, бидејки има многу детали и пикантерии. Само ќе прашам: Кога предходно Груевски дење-ноќе кај исти новинарки гостуваше на Сител и ТВова, или кога сето сега исто Мицкоски го прави, не видов некој соросиден медиум да напише “таа-и-таа позната по тоа што кај не постојано гостува тој-и-тој“, како што бамбореа за мене. За Бобан Нонковиќ и неговата голгота, ќе оставам тој сам да си напише.

Но тоа замолкнување, не вроди со плод. Цифриве се доказ. “Наредбата“ никако Мирка во емисија да не сум ја викал (е мој вмро… наместо споменик да и дигнете на жената) не ја послушав, оти наредби кај мене не проаѓаат. Забранувањето на емисијата од страна на ВМРО е доказ.

Но, да се вратам на бројките.

Овде нема бруто или нето. Овде има егзактна цифра. Груевски беше по мерењето рејтинзи дури и за одлука за именување на најситни функционери во партијата  државата. Човечката страна, карактерот и хуманоста не беа важни. Еве сега прецизно математички математичар има дпмне на чело.

Па господа, еве во ги цифрите. Шу праиме, а? Гледај и плачи ситуација.

Што се однесува до бројкиве, не знам како сликовито и на Заев да му ги презентирам, оти неговото поимање на бројки и мериторни единици, саму нему му се јасни.

Па ете Зајко, овие погоре бројки се шерови на метар кубен, помножено со литри во хектопаскали од лајкови, одземено па поделено со хекто џули на единица коментар. Мислам, се разбраме? Така?!

 

М. Неделковски

 

10.03.2018