Македонскиот мазохизам е чудна и уникатна појава, но поважно е зошто се појавил. Фактот дека Македонците се во немилост два милениума не е доволно оправдување. И други народи немале држави по 1000-2000 години па не се мазохисти. Во македонскиот мазохизам има српско влијание. Србите почнуваат да се чувствуваат жртви по поразот на Косово поле во 1389 г. Само што тие се доживуваат како жртва-победник. Жртва, затоа што губат речиси спечелена битка, а морален победник, затоа што во битката го убиваат султанот Мурат Првиот. Иронијата е во тоа, дека ако султанот не бил убиен победата ќе била за Србите. Косово поле го создава митот дека преку српската саможртва била спасена Европа од османлиите. Од тогаш до сега Србите се доживуваат истовремено и како жртви и како морални победници.
Македонската филозофија е друга. И ние сме жртва на сите во сите времиња, но како образложи писателот Петре М. Андреевски, сме истовремено „пиреј“. Со други зборови, проколнати сме да бидеме истовремено жртви и безсмртни. Зашто вечната жртва означува дека вечно ке постоиш. Србите се жртви, но херои, а ние сме жртви кои вечно ќе постојат. Србите ќе бидат вечни жртви, но и вечни морални победници, а ние вечни жртви, но неуништливи како пирејот. Со таа приказна не си задаваме прашање каква е потребата да бидеш пиреј кој секогаш ќе го користат други (пирејот е храна на животни, птици и т.н.). За нас е битно дека вечноста на нашите маки го гарантира и нашето постоење.
Спомнатата македонска мазохистичка филозофија е спротивна на античката македонска филозофија, која ја признава само победата, а не поразот. Во Библијата Македонците исто така не се пиреј, туку создатели на цивилизацијата. Меѓутоа и денес со повод и без повод зборуваме дека „Македонија е библиска земја“. ДОБРО, НО КАЖЕТЕ МИ КОЛКУ ОД ВАС ЈА ЧИТАЛЕ БИБЛИЈАТА? МЕЃУ ИСТОРИЧАРИТЕ ТИЕ СЕ БРОЈАТ НА ПРСТИ, А ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ОСТАНАТИТЕ МАКЕДОНЦИ. Ако ние навистина сме верници, зошто одиме (не сите) во црква само на Богојавление, Велигден, Духовден, Света Богородица и Божик. ОВАА ГОДИНА НЕ ОТИДОВМЕ НИТУ ЗА ВЕЛИГДЕН, НИТУ НА ДУХОВДЕН. УШТЕ ПОЛОШО. СЕ ПОМОЧАВМЕ НА ГРОБОВЕТЕ НА НАШИТЕ УМРЕНИ БЛИСКИ И НЕ ОТИДОВМЕ НА ГРОБИШТА. Не ми зборувајте за коронавирус и слични глупости, ниту пак за полициските часови. Ако некој вирус или некој полицаец може да не спречи да го почитуваме Господ или паметта на нашите блиски по род, тогаш ние не само што не сме верници, ами сме и предавници на нашите блиски.
А БЕ КОПУЦИ! НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕДХОДНИЦИ ЗА ВЕРАТА УМИРАЛЕ, И ВО ВРЕМЕ НА КОЛЕРА И ПОД ОКУПАЦИЈА ОДЕЛЕ НА ГРОБОВИТЕ И ВО ЦРКВИТЕ, НИЕ ДЕНЕС СЕ ПЛАШИМЕ ОД КАЗНИ НА РАЗНИ ИДИОТИ. АМА ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА ТОГАШ СМЕ ИМАЛЕ ВИСТИНСКИ ДУХОВНИЦИ, А НЕ КАКО СЕГАШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ВЛАДИЦИ ПРЕДАВНИЦИ, КОИ ЖИВЕАТ ВО КОНАЦИ КАКО БЕГОВИ И СЕ ВОЗАТ ВО ЛИМУЗИНИ И ЏИПОВИ, ИМААТ ЈАХТИ И УШТЕ МАЛКУ ЌЕ ПОЛЕТААТ СО ПРИВАТНИ АВИОНИ.
КРАТКО КАЖАНО – КАКВИ ВЛАДИЦИ, ТАКВО И ПАСТВО ИЛИ ОБРАТНОТО. Како можеше реисот да каже дека џамиите ќе бидат отворени на 12 мај за Рамазан и точка, а нашите татаропредавници и во едниот и во другиот случај (и за свети Кирил и Методиј) молчеа како стрини? Ете, Агатангел повика верниците од Повардарската епархија да одат во црквите, но не и на гробовете затоа што власта забранувала. ПА НЕЛИ ОФИЦИЈАЛНО ЦРКВАТА Е ОДДЕЛЕНА ОД ДРЖАВАТА. КАКО МОЖЕ ДРЖАВАТА ДА ГИ ЗАТВОРА ЦРКВИТЕ? Сега кривично ќе го гонат Агатангел, а тој ќе се правда, а можеше да стане херој. АКО ПОВИКАШЕ ВЕРНИЦИТЕ ДА НЕ СЕ ПОТЧИНУВААТ НА ВЛАСТА, АКО ПРЕДУПРЕДЕШЕ ДЕКА ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ГИ АНАТЕМИСА И ВЛАДАТА И СИТЕ ОСТАНАТИ БЕЗБОЖНИЦИ (така правеше пред 20-ина години игуменот на Роженскиот манастир кој имаше прекор „брат Џон“ и секогаш под мантијата носеше пушка и пиштол). ШТО МОЖЕА ДА МУ НАПРАВАТ НА АГАТАНГЕЛ АКО СЕ СПРОТИВСТАВЕШЕ НА ИЗБОРОТ НА БУГАРАШОТ ПАРТЕНИЈ ЗА ВЛАДИКА? ШТО МОЖЕА ДА МУ НАПРАВАТ АКО СЕ СПРОТИВСТВЕШЕ НА ВЛАСТА (ДЕДО СТЕФАН ОДАМНА Е ИЗГУБЕНА ОВЦА ЗА МАКЕДОНИЈА). МОЖЕА ДА ГО УАПСАТ. ПА УШТЕ ПОДОБРО ЌЕ СЕ ОБЗНАНЕШЕ – ВО МАКЕДОНИЈА АПСАТ ВЛАДИКА НА ЦРКОВЕН ПРАЗНИК.
Денешново време дава можност секој да се определи дали ќе биде ѓубре или херој. Уште повеќе кога имаш функција. Се сеќавам како во 2006 г. во Софија дојде еден автобус со македонски научници, новинари и неколку попови. Тие сакаа да направат помен на гробот на Крсте Мисирков на софиските гробишта. Уште кога ја минале бугарската граница ги предупредиле да не одат на гробот на Мисирков. Автобусот дојде во македонската амбасада. Јас во тоа време бев директор на Македонскиот културен центар во Софија. Амбасадор беше Албанецот Абдурахман Алити, кој тогаш направи повеќе за македонската кауза од сите предходни и следни тамошни амбасадори. Во меѓувреме бугарските власти телефонски го предупредија Алити. ШТО НАПРАВИ ТОЈ? ДАДЕ НАРЕДБА АВТОБУСОТ ДА ТРГНЕ КОН ГРОБИШТАТА, А ТОЈ СЕ КАЧИ ВО АМБАСАДОРСКИОТ МЕРЦЕДЕС, ГО СТАВИ НА НЕГО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И ТРГНА ПРЕД АВТОБУСОТ. НЕКОИ ОД НАШИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ОБИДОА ДА ГО РАЗУБЕДАТ, НО ТОЈ КАЖА ДЕКА ЗА НЕГО ОВА ЌЕ БИДЕ ЧЕСТ ИАКО МОЖЕ ДА БИДЕ УАПСЕН ОД БУГАРИТЕ. СИТЕ СТИГНАВМЕ НА ГРОБИШТАТА, ПОМЕНОТ БЕШЕ НАПРАВЕН, ОКОЛУ НАС ИМАШЕ ПОЛИЦИСКИ КОРДОН, АМА НИКОЈ ОД НИВ НЕ ГУКНА.
Значи не само во минатото, а и до скоро во Македонија имаше достојни мажи и жени. Денес има само страшливци и плачковци. Мицкоски и други се жалат дека биле следени. Па јас иако не сум никој, ме следат од Бугарија уште од 1998 г., а за тука и да не зборувам. И што од тоа? Ако тоа што го мислиш, го кажуваш, пишуваш и правиш, каков е проблемот? Проблем е ако едно мислиш, друго зборуваш, трето пишуваш, черврто правиш.
Не може да се врати уништената македонска држава кога гледам дека мноштво луѓе одат во продавници со ракавици и имаат мака да извадат пари да платат на каса. Со маски и ракавици како да се космонаути. Се потрудив да извадам статистички податоци за бројот умрени во Македонија од 2009 до 2018 г. (за 2019 нема податоци):
во 2009 – 19 060 умрени
во 2010 – 19 113
во 2011 – 19 465
во 2012 – 20 134
во 2013 – 19 208
во 2014 – 19 718
во 2015 – 20 461
во 2016 – 20 421
во 2017 – 20 318
во 2018 – 19 727
Бројот од сите години е сличен, најголемата разлика е 1400 луѓе. Месечно тоа се околу 1650 луѓе. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ВО ИЗМИНАТИТЕ ПЕТ МЕСЕЦИ НА 2020 ГОДИНА ВКУПНО УМРЕНИ СЕ ОКОЛУ 8250 ЛУЃЕ. ЗА ИСТИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ТВРДИ ДЕКА ОД КОРОНАВИРУС СЕ УМРЕНИ ОКОЛУ 153 ЛУЃЕ. СЕКОЈ ЧАС ТРУБАТ ЗА ТИЕ ОКОЛУ 153 УМРЕНИ, А ЗА ОСТАНАТИТЕ 8250 НИТУ ЗБОР. СЕЕДНО КАКО ТИЕ ДА НЕ СЕ ЛУЃЕ И НЕ СЕ МАКЕДОНЦИ.
ВО ЕДНА НОРМАЛНА ДРЖАВА (ТАКВИ ВО СВЕТОТ СЕ СЕ ПОМАЛКУ) ТАКАНАРЕЧЕНАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ МОМЕНТАЛНО ЌЕ БИДЕ РАСФОРМИРАНА, А НА ЧЛЕНОВИТЕ ЌЕ ИМ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ДИПЛОМИТЕ. ЗАТОА ШТО ТРГОВИЈАТА СО ТОЈ ВИРУС МИНУВА СЕКОЈА ГРАНИЦА. ОД ТАА ТРГОВИЈА КАКО ШТО ВЧЕРА ИЗЈАВИ БЕЛОРУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЛУКАШЕНКО, САМО ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НЕКОИ ДРЖАВИ, НЕКОИ ВЛАДИ И НЕКОИ НАВОДНИ ЛЕКАРИ ДОБИЛЕ СТОТИНИ ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ. МОМЕНТАЛНО И ВО МАКЕДОНИЈА Е ГОЛЕМ ПАЗАР – ЕДНИ КОИ САКААТ БРЗИ ИЗБОРИ ПЛАЌАТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФИЦИРАНИТЕ, ДРУГИТЕ ПЛАЌАТ ЗА НИВНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ. ОДДЕЛНО БАНДИТСКАТА СЗО ПЛАЌА ЗА СЕКОЈ ИНФИЦИРАН ПО 13000 ДОЛАРИ. ЦЕЛТА, КАКО ОДАМНА Е ПОЗНАТО Е ДА СЕ НАТЕРААТ ЛУЃЕТО ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ (ЧИПИРААТ) И ТАКА ДА БИДАТ КОНТРОЛИРАНИ.
Некои македонски новинари се прават верници, а истовремено повикуваат за вакцинација. Но лажговците „верници“ не ја читале Библијата. Во „Откровение на Јован“ кога станува збор за доаѓането на Антихристот (Ѕверот) се вели: „И НАПРАВИ СИТЕ-МАЛИ И ГОЛЕМИ, БОГАТИ И СИРОМАШНИ, СЛОБОДНИ И РОБОВИ – ДА ИМ СЕ ДАДЕ ОЗНАКА НА ДЕСНАТА РАКА ИЛИ НА ЧЕЛОТО, И НИКОЈ ДА НЕ МОЖЕ НИТУ ДА КУПИ НИТУ ДА ПРОДАДЕ, ОСВЕН ОНОЈ, КОЈ ИМА ОЗНАКА: ИМЕТО НА ЅВЕРОТ ИЛИ БРОЈОТ НА НЕГОВОТО ИМЕ“ (16-17). Таму е и предупредувањето: „И АКО НЕКОЈ МУ СЕ ПОКЛОНИ НА ЅВЕРОТ, И НА НЕГОВИОТ ЛИК, И ПРИМИ ОЗНАКА НА СВОЕТО ЧЕЛО ИЛИ НА СВОЈАТА РАКА, И САМИОТ ЌЕ ПИЕ ОД ВИНОТО НА БОЖИЈОТ ГНЕВ, ШТО Е НАЛЕАНО ЧИСТО ВО ЧАШАТА НА НЕГОВИОТ ГНЕВ, И ЌЕ БИДЕ МАЧЕН СО ОГАН И СУЛФУР, ПРЕД СВЕТИТЕ АНГЕЛИ И ПРЕД ЈАГНЕТО“ (9-10).
Повторно таму се спомнува за „ЅВЕР, КАКО ИЗЛЕГУВА ОД МОРЕТО, КОЈ ИМАШЕ ДЕСЕТ РОГОВИ И СЕДУМ ГЛАВИ, А НА НЕГОВИТЕ РОГОВИ ДЕСЕТ КРУНИ И НА НЕГОВИТЕ ГЛАВИ БОГОХУЛНИ ИМИЊА“ (13-1). Се прашувате кој е ѕверот со 7 глави и 10 рога, кој излегува од морето? Одговорот не е тежок: ТОА СЕ ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ НАЈРАЗВИЕНИ ДРЖАВИ Г-7: САД, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ЈАПОНИЈА, КАНАДА И ИТАЛИЈА. ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ, СИТЕ ГРАНИЧАТ СО ВОДА, Т.Е. „ИЗЛЕГУВААТ ОД МОРЕТО“. ДОБРО, 7 ГЛАВИ, А ЗОШТО 10 РОГОВИ НА КОИ ИМА КРУНИ? ТОА Е ПОВРЗАНО СО ФАКТОТ ДЕКА СЕКОЈА ОД СПОМНАТИТЕ ДРЖАВИ БИЛА КОЛОНИЈАЛНА ИМПЕРИЈА, ИАКО ДЕНЕС НЕКОИ ОД НИВ СЕ РЕПУБЛИКИ. САД, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА ИМААТ ЕДЕН РОГ ПОВЕЌЕ, ЗАТОА ШТО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВА ВЕКА ТОКМУ ТИЕ ГО ПОДБУЦНУВААТ СВЕТОТ КОН АПОКАЛИПСАТА.
Накрајот, ќе завршам со зборовите во „Откровение на Јован“: „ТУКА Е МУДРОСТА. КОЈ ИМА УМ НЕКА ГО ПРЕСМЕТА БРОЈОТ НА ЅВЕРОТ, ЗАШТО Е БРОЈ НА ЧОВЕК, А НЕГОВИОТ БРОЈ Е: ШЕСТОТИНИ ШЕЕСЕТ И ШЕСТ“ (13-18).
Стефан Влахов-Мицов
07.06.2020