МАКЕДОНИЈА ЦЕЛА ДА Е

МАКЕДОНИЈА ЦЕЛА ДА Е

Многу пати сум пишувал на оваа тема, но не ме мрази пак да ја обработам.

Живееме тешки времиња. Тешко му е на Македонскиот народ. Но, како што е и насловот на една моја колумна “Кога му било лесно на Македонецот“? Кога? Во римско, турско, српско, бугарско, грчко, фашистичко, комуњарско…? Кога, а?

Ние држава не сме имале два-и-пол милениума, ама легендите, бележитите ликови, јазикот, симболите (како сонцето од Кутлеш, на пример), преданијата, фолклорот, музиката, вербата останале.

Не е само овој фашистички режим на Зоран Заев тој што сакал да ни ја избрише истоијата и да ни го промени името, јазикот, идентитетот. Пробувале и многу пред него. Скоро 6 децении траеа обидите да се пишеме дека сме Југословени. Пред тоа фашистичкиот бугарски окупатор и сојузник на Адолф Хитлер, Царот Борис, ги преименува сите имиња на живите за да завршуваат на “ов“, како и сите маркантни места, плоштади и улици. Денешниот Плоштад Македонија, преходно беше Плоштад Маршал Тито, а пред тоа беше Плоштад Цар Борис.

Пред бугарите, во времето на “краљевина“, сите имиња беа променети да завршуваат на “ић“. Турците пред тоа потурчувале, муслиманизирале, па од тогаш ни се останати торбешите, односно Македонците муслимани. Римската империја со столетија колела, бесела, расселувала… кај турците сме давале данок во крв. Во бугарската и српската војска во балканските и првата светска војна сме давале војници и животи.

И сето тоа, без крал странец (како кај бугарите, грците, шиптарите…), без држава, без закони, без Академија на науки, без национална библиотека, без архив – без ништо, сме успеале да останеме она што сме – МАКЕДОНЦИ. На нашата територија онаа која што е – МАКЕДОНИЈА.

Сите дојденци на Македонскиот полуостров (Балкан), си ги менувале имињата на државата и нацијата. Она што било Рашка и Зета станало Србија. Она што било Сојузна Република Југославија станола Србија еден дел и Црна Гора друг дел. Она што било Атина, Спарта и слично, станало Елада. Па се преименувало во Хелас, па во Грција!!! Дури сега сака да се пишат дека се Македонија. За Тракија, односно Бугарија и да не елаборирам.

Но, за жал по сите освојувачи и негатори на МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ, вистината е дека Александар Македонски бил МАКЕДОНЕЦ. Дека и Василиј втори и Самоил биле МАКЕДОНЦИ, односно роднини. Дека Царот Душан е крунисан во Скопје, а не во Ниш, Белград, Цетиње или било каде другде. Факт е дека србите, бугарите, албанците, грците од секогаш ни завидувале што сме МАКЕДОНЦИ и што МАКЕДОНИЈА е наша.

Овој период на потоп ќе заврши. Ќе изгрее повторно сонце на слободата.

Можат да сменат имиња на иснтитуции, можат странците да се спрдачат нарекувајки не Северна Македонија, можат коцкасти печати во пасошот да удираат – ама МАКЕДОНСКО име нема да загине. НИКОГАШ.

Македонија, Македонски јазик, Македонштина, Македонец се именки без придавки кои не можат да се избришат. Оти во мозокот, свеста, разумот, мислата на човекот, не може да се интервенира.

Така да, само спокојно. Никој не бил вечен. Ни Рим, ниту нацистичка Германија, ни Отоманска империја, ниту СССР, ниту Британската империја, ниту Шпанската доминација… На сите им дошол крајот. Но никој од нив, баш никој, не останал запаметен како најголем војсководец, државник, мултиетничар и дипломат, како нашиот АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ.

Јас су МАКЕДОНЕЦ, живеам во МАКЕДОНИЈА и говорам МАКЕДОНСКИ јазик.

Тоа е реалноста.

Се друго е хартија на која пиши-бриши сегашните бриселски мастиљари дркаат.

Името, територијата, нацијата, јазикот и историјата се наши. Никаков Сан Стефански, Букурешки, Берлински, Париски, Охридски, Преспански или било кој бул-шит договор не важи.

Да потсеам. Како денеска што си мислат Сашо Орданоски, или Младен Чадиковски, или некоја друга таква будала дека тоа што се про-ЕУ и про-НАТО е као нешто модерно, напредно и исправно – така си мислеле ’41-ва фашистичките колабрационисти, разни Мане Мачковци, пред тоа разно-разни котевци, во комунистичко Лазовци, Страхилгиговци… На  крајот сите нив, историјата ги ставила во фајлот на предавници, одроди, корупирани вошки. Таква ќе и судбината на Младен, Сашо, Борјан, Кабран, Миле Бошњаковски и сличните.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ. МАКЕДОНИЈА ЦЕЛА ДА Е.

 

 

Миленко Неделковски

25 април 2019

09.23 ч.