МАКЕДОНИЈА – окупирана и поробена

МАКЕДОНИЈА - окупирана и поробена

Идната недела, на 27-ми се прави една година од Државниот удар што го направија терористичките сили на Џес Бејли, Сорос, ДУИ и СДСМ. 12 месеци живееме под полициско – медиумско – дипломатска окупација на Македонија. Безбедносните сили што ги имаше Македонија се расшрафени со прием на енормен број албанци во нив, дипломатијата како алатка му е одземена на Претседателот Иванов кој де факто е во домашен притвор во резиденцијата на Водно, вољата на народ не му е испочитувана бидејки е поробен,  фрлени се во зандани на неодредено време патриоти, заробени и завладеани се мејн стрим медиумите преку уценетите сопственици, се работи на укинување на последниот слободен простор – социалните мрежи… Македонија не е веќе држава. Поделена е на зони на влијание, како по Втората светска војна што беше поделена капитулираната Германија. Соседите, како гладни и жедни хиени веднаш се насладија со месото и крвта Македонска.

Власта е колабарционистичка, баш како француската од Виши или норвешката на Видкун Квислинг. Во Македонија на власт се Мане Мачковци.

Како и што може да се очекува од било кој окупатор и од неговите квислинзи, единствената политика што е присатна на теренот е политика на општа пљачка.

Американските трупи кога влегуваа во Ирак или Либија, или кога американските платеници го “ослободуваа“ Киев, прво што “ослободија“ се златото што државата го чува во своите трезори.

Image result for gold seized by us military in iraq

Image result for gold seized by us military in iraq

Image result for gold seized by us military in iraq

Image result for gold seized by us military in iraq

Ние, јасно е, дека немаме такво азно. Но затоа окупаторот и домашните предавници кои ги зазедоа ресорите во државната админстрација, за 12 месеци ја опљачкаа за огромни ДВЕ (2) МИЛИЈАРДИ ЕВРА.

Опозиционата СДСМ на времето, која се пенавеше за 80 или 180 милиони евра вредниот проект Скопје 2014, сега нема думи за да појасни каде отидоа пари за 20 скопја 2014, а камо ли да критикува.

Не е докажано дека Груевски КРАДЕШЕ. Ама е јасно докажано дега ГРАДЕШЕ. Спротивно, сегашнава окупациона и квислиншка фашистичка власт шајка не закова, а 2 милијарди поеба.

Најголемиот финансиски стручњак и критичар во времете на владеењето на Никола Груевски, лицето Кире Наумов МОЛЧИ. На Кире скап му беше овој или оној споменик, преплатен му беше некој пат или автопат – ама сегашнава општа пљачка и отимачина му е потаман.

Потаман му е и што наместо него, во столицата на Министерството за финасии седна човек што не разликува бруто од нето. Ама па, о друга страна, Кире доаѓа од партија чив лидер, и сегашен водач на окупационата админстрација во државата, не разликува Словенија од Словачка, или дијазепам од дијапазам.

Ништо ниту било ниту е вечно. Се имало свој почеток и крај. Најголемите империи и најголемите цареви, кралеви, фараони,владетели сепак на крајот паднале.

 

Оваа трагедија што и се случува на Македонија, нема да трае вечно. Нема да е бесконечна. Крај ќе има. За време на мојот животен век, не знам. Но кога и да е ќе дојде крајот. И на злосторниците ќе им се суди.

Ако се дотогаш живи, ќе си лежат. Зависно од судот, може лежењето да не е на извесен период во Идризово, ами за стално во Бутел.

Едно е јасно. Народот не заборава. И арно и лошо. Народот не го заборава Ристо Шишков или Гоце Анаудов или Тоше Проески. Но, истиот тој народ никогаш не ги заборави кодошите на истиот тој Шишков. Луѓе што проживеаа живото докажувајки дека не го кодошеле големиот актер. Ебати таквиот живот, ебати.

Ова што сега и се прави на Македонија, од големата пљачка до ситните малогражански вработувања на неспособни синчиња, како на пример во случајот со Миро Грчев, секојдневно редовно и прецизно се документира. И таква документација ќе го чека времето кога ќе созреат суловите и кога ќе се врати слободата во Македонија, за да може да излезат криминалците и режимските кучиња пред лицето на правдата.

 

Миленко Неделковски

19.04.2018

Македонија