Лупетање ²

Деновиве сме сведоци на супер комични дебатни емисии по националните телевизии.Дел од народот гледа и се тркала од смеење пред телвизор a другиот дел што не ја разбира комедијата се прави сериозен и коментира “Да така е,Браво”.Првите смејурии се десија во емисија во последно време “Само Вистина” на Канал 5.Имено Бранко Героски,уредникот над уредниците,мртов ладен се колне како во неговата 30 годишна каријера никој не дигнал телефон да му кажува што и како да објавува,а само ден два пред емисијата излезе разговорот помеѓу него и Фрчковски каде истиот му кажува како да направи цел серијал за употреба на албанскиот јазик.Понатаму он предлага закон и казни за порталите на интернет.Како требало на секој сајт да имало импресум,да можело да се контролира,гони,затвара и казнува секој што не му е по воља.Да има елементарно познавање од интернет и што се се случува на него нема да лупа така.Па Wikileaks не успеа никој да го затвори а знаеме што се е објавено на нивниот сајт.Такви примери има на стотина,ама Героски сака да команда со нашите портали.Греота.Таман помина таа смеа и лупетање и ОП на МРТ новиот премиер искача да дебатира СУШТЕСТВЕНО со неколку уредници на сите теми.Врвот на смеата доаѓа во моментот кога истиот на прашање за странски инвестиции објаснува на присатните дека би било убаво да дојдат Google и Facebook во Македонја да инвестираат и отворат нови работни места.Стомак ме искина од смеење.Наведените фирми вкупно имаат 50,000-60,000 вработени во цел свет,и целиот фокус им е на автоматизирање на работата и зголемување профит преку рекламен простор.Веројатно Заев мисли дека рачно се бројат лајкови и коментари,па кај нас оние 600.000 млади кога ке се вратат да се фатат за работа.Стварно е тажно кога ќе чуе народ вакви глупости од премиер од кого се очекува ЖИВОТОТ.Од толку советници еден ли не се најде да му каже дека  Google и Facebook не се фабрики,дека немаат потреба од македонски работници и било какви инвестиции во Македонија.

Со нетрпение ги очекуваме следните продолженија од вакви и слични  дебати на нашите телевизори.

“Шала шалу стиже” -стара српска-

by Explorer  08 Jun 2017 03:48am