Секогаш кога Македонија се наоѓа на раскрница, во некој решавачки момент, пред избори или слично кулминираат персоналните напади кон мене. А, забележувам исто и кон 2-3 други лика на Македонската јавна сцена.
Па така, како приближуваше денот на распуштањето на овој состав на Собранието на Македонија така доживеаја кулминација нападите од соросписката врхушка, но и продукцијата на лажни ликови и прфили со серијата навреди, закани, измислици и вулгарности.
Бранко Героски ме прогласи за институција на која мора да се внимава и сериозно да се сфаќа. Ерол Ризаов ме прогласи за феномен, откако изнапиша текст во кој се од набројаното е лага. Уранија Пировска и нејзиниот Хелсиншки побара да ме апсат заради говор на омраза. А Насер Селмани со ЗНМ и Чаушидис со Синдикатот побараа да ме стртпаат во затвор!!! Сите во еден глас бараат емисијата и настапите да ми се забранат. Онака, баш “демократски“.
Ме обвинуваат дека сум криминалец, а во своите редови не ги забележуваат Чауш, Заев, Верушевски, Хаџибулиќ, Богоевски. Ме клеветат дека сум измамник, а во своите редови не ги забележуваат Шекеринска, Ременска, Манчевски и булументата лажговци. Ме теретат за говор на омраза, а во своите редови ги имаат Тричковски, Коља Мрак, Ерол Ризаов, Шамарлитико, Луди Милојко… Ми ставаат на конто закани, а пред себе ги имаат текстовите во кои се споменуваат пиштоли и снајпери од страна на Героски, Тричкоски, Орданоски…
Секогаш во вакви моменти се обидувам да логицирам. Имено, ако сум таков за каков што ме обвинуваат, значи црн ѓавол -тогаш не би требало овие ликови и институции да имаат воопшто никаква грижа. Ако сум криминалец, измамник, заканувач, навредувач, мразач, манипулант, лажго (додадете уште колку сакате “епитети“ по сосптвен избор), тогаш зошто воопшто соросидите и сдсмовците се толку загрижени?! Ако е сето тоа вистина, тогаш и народот (ако не е глуп како шти тие тврдат дека е) би ја видел таа работа и би ме игнорирал и осудил. Ако е сето тоа вистина, овие јадници не би имало од што да се плашат.
Зошто тогаш толку страв од Миленко, толку координиран напад, толку фокусирање кон еден бедник каков што ме претставуваат?!
Зошто толку ги болат моите емисии на ТВ и радио, моите колумни, ФБ постови??? Зошто сакаат да ги забранат? Зошто сакаат да ги снема?
ПС
Баш се сеќавам, некаде на преминот од 2010-та во 2011-та, стигна порака до нас неколкумина од Бранко Црвенковски кој на своите најблиски соработници им кажал дека најголем проблем на Бихачка е Ленинова (Аминта)!!!