ЛЕКЦИЈА

ЛЕКЦИЈА

СДСШ и нивниот црпнат водач се‘ што “изработеа“ во овие два месец – се до едно е катастрофално лошо, на штета на народот и државата, со негативни консеквенци што ќе се провлекуваат во следните десетлетија.

Само ЕДНА работа ја изработеа маестрално.

СДСШ уште еднаш му оддржа лекција на ДПМНЕ во односно на водење, раководење, негување и користење на медуимте и новинарите, на НВО-ата и нивните активсти, на најразличните експерти, аналитичари, “вистиномероидни“ портали, аналитички центри…

Уште еднаш, по кој знае кој пат, нео-комуњарите од Водно им покажаа на тазе-богаташите од Нерези и Бардовци (а некои и од Водно) како се работи исклучително важниот сегмент во политиката наречен ЈАВНО МНЕНИЕ, или  PR (Public Relations).

“Професориштата“ од овој сегмент им оддржаа лекција на ученичињата од забаваче.

СДСШ беше скоро 11 години во опозиција. Тоа не е партија и структура што може да вирее без фотељи, без институционално битисување, без државни бенефиции. Но, и такви какви што се, издржаа, за нив, 11 мачни години.

И покрај тоа “злопатење“ во кое жртвуваа и загубија многу работи, комуњарите не се откажаа од алатките за креирање на јавното мнение. Напротив, тоа им беше единствениот анкер кој ги држеше закотвени во мирна лука, за бродот да не им го земат морските таласи и струи, па на отворен океан да го потопат.

Во веселото медиумско-експертско-аналитичарско СДСШ друштво никогаш не владеела хармонија и меѓусебна љубов и респект. Напротив. Не сакаат да се видат меѓу себе. Но, вештината на комуњарите е во тоа што успеаја 11 години да ги држат единствени. Усепеаја 11 години да ги финансираат богато, до ниво на исклучителна комоција и немање никаков егзистенционален проблем. Прверете им го возниот парк, па се ќе ви биде јасно.

Разликата меѓу маестралната игра во овој сегмент на СДСШ и волунтаристичкиот пристап на ДПМНЕ сликовите може да се види во два примера:

  1. Кога се тужени за клевета и навреда медиумските перјаници на СДСШ, тогаш тие немаат трошоци за адвокати и неизвесност дали ќе успеат да ангажираат квалитетни адвокатски тимови. Дали е новинар маргиналец или капиталец, дали е организација или поединец – се едно. На суд, во нивна заштита се истопурчува броен, и морам да признам квалитетен, тим од посветени адвокати. Адвокати и адвокатски канцеларии што таа досадна и монотона работа си ја туркаат со години: рочишта, жалби, апелации, повторувања на судења… Фамилија Медарски, партиските функционери Вуиќ и Шилегов, реномирани адвокатски канцеларии се постојано на услуга (која секогаш соодветно и богато се наградува) на ови клиенти.

Спротивно, Латас и Ивона имаат адвокатка која се радува и отвора шампанско при поразот на Груевски, Златев и разни “златевци“ се останати сами на себе да се снаоѓаат и злопатат по судските ходници. Последно е што МПМ веќе не постои, “газдите“ си се разотидоа, ама тужбите против Мирка Велиновска и Дарко Јаневски од страна на Борјан Јовановски и Стојан Андов си останаа. Мирка и Дарко нема да ја имаат среќата и судбината на Героски, Кабранов, Чадиковски, Костова адвокатските тимови и канцеларии да се нудат и да ги застапуваат.

 

  1. PR службата во Владата и министерствата на Заев веднаш беа екипирани со докажани, проверени, искусни и посветени професионалци. Луѓе што работеле во новинарството, пишувале со години, следеле… Луѓе од фелата. Со самото тоа што Роберт Поповски, пушинела или не, долгогодишен новинар и ТВ водител од почеток е до Заев, јасно говори колку таа политичка структура сериозно го сфаќа сегментот на јавното мислење. И, може да се види, веднаш се екипираат со “лути машини“, луѓе со чии ставови не може никој да се согласи, ама нивниот новинарски бек гранунд не може да го негира: Миле Бошњаковски, Бубо Каров, Петрит Сарачини, Коко Бојаровски…

Спротивно, со чесен исклучок на Мартин Протуѓер, сето останато медиумско ангажирање на ДПМНЕ беше со непрепознатливиот Иво Котевски и Суле-Луке почетничките “дострели“. СДСШ секогаш настапувала со капиталци а ДПМНЕ со гирици.

 

Едноставо е. Лидерите на СДСШ од секогаш сметале дека новинарите и паблик опинион мејкерите се од исклучителна важност за нивната политичка опција. Лидерите на ДПМНЕ, спротивно, сметале дека тие се “пиши-бриши“ фигури без одговорност, и дека PR медиумската одговорност и одлуки е само во канцеларијата на лидерот.

 

Како што може да се види од овие 60-тина дена црпната влада, од Муртино или не, смешен или не, Заев ги згрижи сите свои луѓе задолжени за јавното мислење. Сите. Ете и Борјан ќе биде амбасадор, во Париз или Брисел.

Тоа, во 2006-та ДПМНЕ не го направи. Ни тогаш ни подоцна.

Напротив, наместо да се забетонира со свои верни, проверени и со иста политичка идеологија кадри – ДПМНЕ отиде во сосема спротивен правец обидувајки се да ја купат љубовта на кадрите на Велија Рамковски а за амбасадори пратија кадри од Соросовата ергела (Будимпешта, Лондон, Мадрид, Бразилија…).

 

Баш ме интерсира, дали СДСШ ќе ги спасува кадрите на ДПМНЕ? ДПМНЕ не ги избрка амбасадорите комуњари, наместо да го избирше го промовираше Зоран Трајчевски, “не успеа“ да најде некој свој па мораше “нивниот“ Горан Момировски да го прати дописник од Берлин, му дозволи на Миле Бошњаковски мирно да си транзитира низ Телеком… Вакви примери има купишта. Засега таква “политика“ не се гледа кај СДСШ!

 

СДСШ одамна го разбра она што ДПМНЕ никогаш не успеа да го сфати, мислам дека тоа им е оставштина од Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, дека ликови во медиумите и медиуми не се ствараат преку ноќ, не се клонираат и не се измислуваат вештачки.

Гериз личи смешно, ама е неможно да направиш друг таков. Не можеш да клонираш друга Мирка, Латас, Јанко, Миленко, Дарко. Тие сите, вклучително и Борјан, Кабранов, Орданоски со години ја граделе својата кариера и ставови.

Тие се присутни и нема никаде да си одат од овдека.

СДСШ тоа од секогаш го користела, ДПМНЕ – не. Токму и затоа криминална активност од најдолен вид, како што беше прислушкувањето, медиумите на СДСШ успеаја да го направат да е дел од легално – правниот корпус во Македонија.

Тоа е затоа што на Орданоски, Фрчкоски, Героски, Кабранов и Јовановски им беше спротиставен Суле-Луке двоецот.

Така битка не се добива.

Секако, постои опција дека е спротиставен таков сооднос на сили бидејки капитулацијата била однапред договорена, па ова е само дел од сценариото.

 

На крај имам порака до еден пријател:

Не се , пријателе, сите романтичари како мене. Не се сите национал романтичари како мене, Мирка или Дарко. Не се сите патриотски задоени како мени или Нонковиќ.

Не, не се сите со емоции како Миленко, па да живее со тагата за загубена Македонија. Да се бори за неа. Да се влече по софијски судови затоа што ја заврши на Кајмакчалан работата што државата требаше да си ја заврши. Не се сите романтичари, ќе се сложам со тебе. Поголемиот дел се прагаматичари.

Младите што доаѓаат се прагматични, болно рационални.

Тие, пријателе мој, тие млади гледаат дека СДСШ никогаш не ги заборави своите. И во најтешки моменти ги поддржуваше, а при победата сите енормно ги награди. Спротивно, гледаат дека при првите објективни критики и потребни анализи ДПМНЕ се однесува како напуштена швалерка.

 

ВМРО ДПМНЕ сака да се претстави дека е наледник на историската ВМРО. Во ред, ако е тоа така, како што пишува и Мицов во последната колумна, дајте да видиме кадри кои го следат романтизмот на Коле Неделковски, Кузман Јосифовски Питу, Ваташките деца, Питу Гули, децата од Ножот, Мучето, Дуња, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Христо Узунов, Кочо Рацин… А ако веќе инсистираш на прагма, тогаш прагмата нека е онаа на Ќосето.

 

Миленко Неделковски

Во сеќавање на саможртвите на романтичните патриоти од Илиндеснкото востание.

 

07.08.2017 – Скопје