КРАЈОТ НА СДСМ

КРАЈОТ НА СДСМ

После година-и-пол екстра трпение инсистирано од Никола Груевски, после година-и-пол понижувања трпени од страна на домашни политички рекетари и криминалци (Заев, Верушевски, Чауш, Спасовски…), после година-и-пол туторл‘к од страна на се некакви инцестни олеснувачи/преговарачи, после година-и-пол екстра притисок на неколкумина амбасадори (Алтхаузер, Бејли, Гарет, Орав…), после година-и-пол билдање гнев, револт, разочарување и неизвеснот кај народот – конечно осамна денот по кој може да се каже дека трпеливата политика на Никола Груевски стигна до својата цел. Распуштање на Собранието и подготовка за избори на 5-ти јуни. Избори на кои Македонија ќе каже дека и е доста од наследниците на џелатите на Ченто, дека е доста кодошите на Шишков, дека е доста од цинкарошите на Чинго, дека е доста од убијците на Богадановски и Шамбевски, дека е доста од странски платеници, предавници и растурачи на оваа држава. Македонија на 5-т јуни ќе каже дека и е доста од лагите продуцирани со парите на СОРОС, дека и е доста од антимакедонските и антиправославните акции платени од УСАид, дека и е доста од самонаречените аналитичари, експерти, новинари, уредници кои не се ништо од тоа, туке единствено се странски платеници. А за платенците пресудата во секоја држава и секој систем е јасна. Што би рекол Мија Алексиќ во “Маратонци“: “Кратко али јебитачно“.

Синоќешната прес конференција на Заев е крајот на прикаската наречена СДСМ. Крајот на дефиницијата “нам ни припаѓа природно право да владееме“. Крајот на желбата во историјата да се запишат како државотворна партија.

Една ваква погубна, море погребна, одлука пред 20-тина години имаше и ВМРО. Но очајно лошата стратегија на Љупчо и Доста беше надмината со истриската потреба на Македонскиот народ да има своја држава, нација, демо-христајнско православна партија… Да има свое име, своја партија со длабоки историски корени. Тоа никогаш го немала, ниту може да го има СДСМ. Затоа фијаското и поразот што ќе го доживееше на изборите кога сепак во парламентот ќе имаше два-триесет пратеници, ќе е ништо спроти тоталното згаснување на оваа партија што сега ќе се случи.

СДСМ е партија без идеологија. Партија без програма и без визија. Таа е збир на потпросечни студенти, авантаџии, рушветџии и џандари. Со таков “фундамент“ куќата на Бихачка е спремна за саморушење.

СДСМ од синојка на полноќ е историја. Неславна, ама историја.

Но што правиме со ВМРО?

Дали највисокото раководство на ВМРО ја научи лекцијата од овие, безмалку две години, понижувања, блатења, малтретирања, растурања на фамилии, бламирања? Дали ВМРО ја научи лекцијата дека секоја нова власт (во фудбалски клуб, месна заедница, хор, фирма, институција…) поставува на сите позиции свои проверени кадри. Истовремено чистејки го џганот кој е останат од предходното неуспешно раководство? Од проста причина за да не дозволи роварење во институцијата што ја раководи (државата, на пример), за да не дозволи неовластени и криминални дејанија (како прислушкување на пример), за да не дозволи слободен проток на црни пари (како оние на соросовите инсталации, на пример), за да не дозволи политичка криза како што беше баш оваа двегодишна криза. За да не дозволи државата и граѓаните да загубат година-и-пол во непродуктивност, нервози, бесмислици, закани…

Македонија и Македонскиот народ загубија година-и-пол. Никој, сем Господ, времето не може да го врати и штетите не може да ги плати. Таа лекција ВМРО мора да ја научи и да ја повторува секој ден, за повторно да не и се случи овој колапс.

ВМРО постојано се повикува на поддршката што ја има во народот. Таа поддршка ќе дојде и на почетокот на летото, на 5-ти јуни. Дилеми да нема. Поддршка максимална, половинамилионска. Но, после тоа ќе треба да видиме со што ВМРО ќе возврати? Ќе има ли народот поддршка од ВМРО? Значи ќе биде ли обратно? Никој не заборава инвестиции, вработувања, градби, патишта, субвенции… Никој не заборава арно. Но, народот исто така БАРА да не биде на дневна основа навредуван од Ризаов, Тричковски и разни шамарлитиковци… Народот бара да не биде везден понижуван од разни мачкари, ванхојтевци, меѓународникризнигрупи, ховити… Народот бара да не биде во секој момент заплашуван од рикеровци, волерси, бејлиевци, гарети, орави… Народот, за возврат на огромната доверба во ВМРО и Никола Гревски БАРА да биде заштитен. Да биде заштитен поединечно како единка, но и колективно како народ и нација. Да биде заштитен идентитетно. Да биде заштитен во поглед на историјата, јазикот, границите, правата на нашите малцинства во соседните земји…

Народот, ова лето ќе ја даде довербата, ПАК. И потоа ќе ја дава и пак, и пак, и пак. Овој народ има природна интелигенција, вековно искуство, вонвременска улога.

Народот ќе сака да види вратка од страна на ВМРО. Народот ПОВТОРНО ќе му ја даде силиата на Груевски. Очекува да види повратен ефект.

Народот очекува да види државата да ја води лидерот што ќе го гласа, а не “валутниот борд“ што го предложи Хари Костов а го пропагира Зоран Трајчевски. Народот очекува Бејли, или некој следен Бејли да не е врховен владар на оваа мало парче преостанато од големата империја на Александар. Народот очекува Претседателот, Премиерот, пратениците и министрите што ги бирал да не се поданици на било која сила, се едно дали е источна, далекуисточна, западна или прекуатлантска.

Народот дава доверба, ама и бара со доверба да му се возврати.