НИКОЈ ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА
Илинденското востание било најмасовно во Битолскиот револуционерен округ. По
поразот, во мај 1904 г. тогашните македонски лидери се собрале на конгрес.
Османлиската власт го знаела местото на собирот и учесниците, па дури и најавила за
тоа во вилаетскиот весник во Солун. Можела сите да ги ликвидира, но не го направила
тоа, затоашто, по истрошените лидери од кои македонскиот народ се разочарал, можело
да се јават нови и поопасни. Ете, зошто, власта ги оставила македонските челници да се
тепаат и уништуваат меѓусебно, кое што тие и почнале да го прават во идните години.
Од 1991 г. до денес партиските лидери се многу попаметни. Наместо да пукаат
еден во друг, независно од имињата и партиските бои, заеднички пукаат врз
македонскиот народ. Не се убиваат, дури не се стават во затвор, туку го убиваат
народот. Барем 70 од сто од денешните затвореници се ситни крадци – кој украл
паричник, кој стока од продавница. Истовремено, големите криминалци се милионери или
партиски лидери, или крупни бизнисмени, кои ги финансираат партиите. Па според тоа,
заеднички управуваат со народот.
ЗАТОА НИКОЈ ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА:
– Прво, дека Иванов, Груевски, Заев или кој било друг од функционерите ќе го
брани било народот, било државата. Сите тие се подметнати фаци од надвор, од САД и
нивното ѓубре ЕУ и целосно ги спроведуваат нивните наредби.
– Второ, дека моментално има автентични македонски партии, кои се спремни да
се борат за македонското име (идентитет) и против терористите и надворешните
окупатори. Истото е и со пратениците во Собранието од тие партии – лигуши и
предавници.
– Трето, дека алтернатива на СДСМ и ДПМНЕ можат да создадат истрошени
партиски фаци со поткрепа на бизнисмени криминалци. Тие намерно ја компромитираат
потребата од алтернатива за да го разочараат по кој знае по кој пат веќе, македонскиот
народ, како што тоа успешно го направија со ГДОМ, Заедничка Македонија и.т.н. Кратко
кажано, СЕ ШТО СЕ ОРГАНИЗИРА ПО ИНИЦИЈАТИВА НА СДСМ И ДПМНЕ, ЈАВНО
ИЛИ ТАЈНО, Е НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ЗАТОА ШТО ТИЕ СЕ
СПРОВОДНИЦИ НА ТУЃИ, АНТИМАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ.
– Четврто, дека борците за Македонија ќе бидат од средините на македонските
интелектуалци. Интелектуалците во најдобриот случај можат да пишуваат само колумни
и да бидат стрелани за нив како на пример во минатото со Димо Хаџи Димов. Кој од
вистинските македонски револуционери беше интелектуалец? Дали Гоце Делчев
(офицер), дали Гимиџиите, Питу Гули, Сандански, Ќосето? Или пак пред нив Пулевски,
дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георгиев–Беровски?
По симнуванјето на Тодор Живков во Бугарија, непретпазливо кажав преку
државното радио дека државата може да стане нормална, само ако биде целосно
разчистено со околу 15 илјади дотогашни функционери. Едвај останав жив, затоа што и
тогашната наводна опозиција прокламираше мирна транзиција, без жртви.
Тогаш Бугарија броеше 9 009 018 луѓе. Моментално таму живеат 5 230 000. Само во периодот
2009-20017 (владите на Борисов) умреле 1 075 085 луѓе (според официјалната
статистика), имигрирале повеќе од 2 милиони. Тоа е резултатот од „мирната“ транзиција.
Тоа е „слобода“ да умираш тивко од глад, далеку од медиумите, т.е. да изчезнеш
незабележливо.
Слично е и во Македонија. Државата може да биде уништена, како и што се
случува. Народот може да изумре или да имигрира, тоа не е проблем. За тоа медиумите
не пишуваат – ни владините, ни опозициските (со исклучок на Дудинка – напомена од редакцијата). Ама ако терористот Села е претепан во собранието кога извршува Пуч против државата, тоа веќе е државен проблем. Иако во него (собранието) се веат странски знамиња и се пушта странска химна. Државен проблем е и кога државните институции не ги спречуваат во тоа.
ПРОБЛЕМ ПАК НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е КОГА ДОЗВОЛИ ПАРТИИТЕ ДА ЈА УНИШТУВААТ