Гнасни ми се створовите што тераат се една те иста прикаска за тоа како “еден е изборот“, односно дека ако не станеме членка на ЕУ и ако не влеземе во НАТО, ќе сме пропаднеле.
Настрана тоа што земјоте членки на НАТО и ЕУ се режисерите на војната во 2001-ва, настрана што они се составувачите на Охридскиот договор, територијалната распределба, Пржинските договори, Тиранскиот договор, договорот со Бугарија, пучот врз владата на ВМРО ДПМНЕ, прислушкувањето, контролата над судството, притварањето на врвни уметници и интелектуалци, енормното задолжување, високите цени на горивата, пртерувањето на рускиот дипломат…, настрана што се они спонзори и идеоносци на “шарената“ револуција, кршењето, рушењето и фарбањето на градот…, настрана се – ОНИ СЕ ТИЕ ШТО БАРААТ ДА СИ ГО ПРОМЕНИМЕ ИМЕТО, ИДЕНТИЕТОТ, ЈАЗИКОТ И ИСТОРИЈАТА.
Е сега, ако ги оставиме настрана сите овие погоре наведени факти кои интензивно ги живееме и сме нивни сведители, останува основното прашање зошто сакаме во ЕУ и НАТО, ги споделуваме ли нивните вредности и ни носи ли тоа спокоен живот и благосостојба?
Одговорот на сите овие прашања е НЕ.
Примерите на раселени и опљачкани Романија и Бугарија, раселена и уништена Хрвтаска, раселена Португалија, задолжени Грција, Италија и Шпанија, ЕУ-сирачиња во Полска се насликани пред нас. Секојдневно. Платите, пензиите и слично во “младите“ ЕУ држави се под човечко достоинство. Таму па каде се пензиите и платите високи, во Скандинавските земји на пример, таму е висок степенот и на силовуање на плавуши Швеѓанки од црномурести афричко-азиски доселеници од исламски просиход. И таму, овие држави им велат на силуваните “навикнете се“. Како вицот при силување: ако не можеш да се отргнеш, препусти се ужитку.
За жал по ЕУ-Брисело-Натовските заљубеници, акциите и политиките на лидерите на најмокните “западни“ земји (за САД запад е Сибир) секојднево со документи и официјални изјави потврдуваат дека зачленувањето во ЕУ и НАТО за нормален народ, каков што е Македонскиот, НЕ Е ОПЦИЈА.
Еве податок направен од сериозна студија нарачана од француската влада и Претседателот Макрон. Таа студија е направена во октомври 2011 година на 2.200 страници и се вика“Предградијата на Републиката” ( “Banlieue de la République” ). Извештајот/студијата е изработен од Жил Кепел, почитуван политички научник и специјалист за исламот, заедно со пет други француски истражувачи. Таму се вели дека 6-и-пол милиони муслимани во Франција, значи 10% од населението, живеат во 1.500 урбани зони наречени urbaines sensibles, значи сензибилни зони каде владее безвластие и каде државата, полицијата и војската не влегуваат. Тоа се енклави на криминалот и религијата што сака Европа да ја врати милениум наназад. За тоа подетално имате во преубав текст на “Коложег“: http://kolozeg.info/2018/05/27/%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BD-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B8/
1,500 зони, најмногу околу Париз, Бордо и на Азурниот брег. Ни власт, ни закон, ни данок, ни бутур. Грубо пресметано Франција според територија и жители е 30-тина пати поголема од Македонија. Односно овие “сензибилни зони“ претворени во македонски бројаки значат дека кај нас, доколку сме толку “развиена демократија“ како Франција, би требало да има 50-тина чувствителни зони со над 220.000 луѓе во нив. Зони каде полиција или официјална власт не може да влезе.
А, да не заборавиме, Франција е една од постојаните членки на СБ на ООН, со право на вето. Таа е светска нуклеарна супер велесила и од таму доаѓа “таткото“ на идеата за Европската унија.
Па така, да го прашам Никола Димитров, Рада Шекеринска, или од другава страна Александар Николовски, Никола Србов или Влатко Ѓорчев: Таму ли сакате да не‘ убутате? Во несигурност, криминал, исламизирање, силување???
За на овие од погоре да не им биде лесен одговорот, еве им уште еден податок. Имено, во најразвиениот дел на Вавилонската курва, Скандинавија, постои држава по име Шведска каде е објавен полицискиот извештај – анализа наречен “Utsatta områden 2017 (Ранливи области 2017 година), за тоа дека точно 61 дел од оваа “бјутифул кантри“ се таканаречени “забранети зони”, каде што полицијата веќе не влегува и нема ингеренции. Таму оперираат 200 криминални мрежи кои се состојат од околу 5.000 криминалци вклучително и деца на 10-годишна возраст кои биле вклучени во сериозни кривични дела поврзани со оружје и дрога.
Значи, кога некој, еве јас на пример, јавно (јасно и гласно) се противам на било каква форма на влез во НАТО или ЕУ не е тоа затоа што сум русофил, ЕУ-хејтер или тип кој стално наоѓа некои маани. Не, јас едноставно прашувам дали ние сакаме да живееме во брак со, на пример, таква Франција?
М. Неделковски
Македонија 28.05.18