Пред години, антропологот Маргарет Мид е запрашана од студент што смета дека е првиот цивилизациски знак во една култура. Студентот очекувал дека Мид ќе зборува за рибарски орадија, глинени садови или камења за мелење.
Но не. Мид одговори дека првиот знак на цивилизација во древната култура е бутната коска што е скршена а потоа зазравена. Мид објасни дека во животинското царство ако ја скршиш ногата, умираш. Нема да може да бегаш од опасност, да стигнеш до реката за да се напиеш вода или да ловиш за храна. Тогаш сте месо за черечење од ѕeверовите. Ниту едно животно не преживеало скршена нога толку долго колку што коската зараснува.
Скршената бутна коска што е залечена е доказ дека некој одвоил време да остане со оној што паднал, му ја врзал раната, го однел лицето на сигурно и се грижел за него во текот на закрепнувањето. Помагањето некому да излезе од тешкотии е моментот кога започнува цивилизацијата, смета Мид.
Превземено од З. Јовановска