КЛИМПАР – ЈОНУЗ – ХАРИ – ОРЦЕ ТУРНОВО

КЛИМПАР - ЈОНУЗ - ХАРИ - ОРЦЕ ТУРНОВО

Во насловот не го ставив и Бунгур, оти ми е далеку посимпатичен од оваа багра.

Значи, многумина ми кажале и ме пофалиле дека пишувам убаво, читливо, убедливо, лесно… Да не се паравам сега многу важен, ама знам дека е тоа така.

Но сепак, ви благодарам што вие како 5-ка сте ме промвирале и во Швицарска, бе! Од факсот во канцеларијата на еден од најголемите спонзори на СДСМ, дедото на Јонуз, г-дин Палигора, ама и од меилот на несудениот претседател на ФФМ Климпар, испратени се сите мои “фудбалски“ текстови излезени во Дневник и на Дудинка до мадам Ева Пасквер. Нормално, преведени на англиски. Значи ФИФА и УЕФА да се уверат во моите новинарски, пишувачки и истражувачки капацитети и квалитети.

Морам да признам дека многу сум насекиран што сте ја информирале љубовницата на Климпар на Женевско језеро.

Еве, идната недела ќе дојде во Скопје, па може да и ги презентирам фотокопиите од материјалите (оригиналите се кај соодветен истражител во Нион) за кражба на ФИФА/УЕФА пари за фудбал во сите категории од страна на администрацијата на Хари Хаџиристески. Исто така, можам да и понудам да ги слушне и аудио записите од сведочењата на луѓе од Македонија за аферата што ќе ја потресе не само Македонија ами и УЕФА и ФИФА. Документи околу нејзините семетки немам, но тие си ги имаат обезбедено истражителите на УЕФА во соработка со Интерпол.

Или можеби и нема да има афера во ФИФА/УЕФА, доколку овој кејс со Пасквер биде искористен за пазарлак околу изборите во февруари. Секако, монета за поткусурување ќе биде љубовницата на Климпар.

 

Миленко

22.10.15

20.00 во Прилеп