Македонскиот народ е слободарски народ. Ние сме антифашисти. Апологетот на Македонскиот народ, џинот Гоце Делчев, го разбирал светот како поле на културен наптпревар меѓу народите. По пацифистичка порака не испратил ниту еден лидер на ниту една нација во светот, било когаш.
Но, без разлика на тоа, безмлаку две-и-пол илјада години сме биле под различни окупации. Последниве биле комуњарски, фашистички, монархистички.
Не е прв пат да сме поробени од фашистички окупатор или од соседна земја. Не е прв пат и да имаме квислиншка колабрационистичка власт, каква што имаме и сега.
Но, нашиот слободарски дух не може да биде убиен. Нашиот народ не поклонува доверба така лесно, оти многупати е излажан. Дали од Темпо, дали од Бранко, дали од Бучко или од Заев – ова е народ кој е прелажуван главно со употреба на специјални методи. Како војната во 2001-ва, на пример.
Пред нас, во оваа 2020 година е задача да ја исчистиме оваа фашистичка хунта која на влааст влезе со пуч, незаконски и надвор од Уставот на Република Македонија.
Ние во овој момент си имаме работа со нелуѓе. Со глупаци. Со скотови кои лажат, а притоа не чуствуваат никаков срам. Односно, Зигмунд Фрој тоа убаво го скоцкал во дефиницијата “Првиот знак на глупоста е целосно отсуство на срам“.
Нормално, сега да се набројуваат деловите со целосносто отсуство на срам, ќе ни требаат десетина дена. И тоа само за Заев, а камо ли да се набројат сите топтан од луѓето во неговата близина.
Па затоа, ако само се погледаат објавите од последните 24 или 48 часа на агрегаторите на вести, ќе е доволно човек книга да напише.
На пример, Кире пејаачот (на Нокаут) Колемишевски викендов триумфално објави дека СДС ја зголемила просечната и минималната плата за 4.000, односно за 5,5оо денари. Кире певачот притоа заборави да каже како паркингот кај Градежници од 50 стана 25о денари, колку поскапеа лековите, потрошувачката кошничка и горивата. Заборави да го каже и она “астрономско“ покачување на пензиите од неколку денари. Заборави дека оваа негова власт не успева да изасфалтира неколку десетиина метри булевари и дека го соборија светскиот рекорд во спора изградба на автопат (оној кон Косово). И тоа само во фазата на планирање за градба, кој знае што ќе се случи кога стварно би пробале да градат. Претпоставувам автопатот ќе ја доживее судбината на пругата кон Бугарија која нивниот “папа“ 3-4 пати ја пушташе во градба.
Некој си Стефан Васев од фашистичката СДС (дури ни пеач не бил за разлика од Бени, Ориѓански, Бубо Каров, Кире Нокаут…) вчера воскликнува дека “Граѓаните нема да дозволат стечајниот управник Мицкоски и Груевски повторно да ја задолжуваа зградата“!!! Да оставиме на страна две глупости за кој идиотов срам нема (што бара Груевски во насловов и од каде е Мицкоски стечаен управник), ама партија која преку Нина Групер а претходно и преку Тевдовски на дневно ниво ја задолжуваше државата со децестици и десетици милиони евра да збори за задолжувања би го збунила дури и Фројд. Бидејки една ниско задолжена држава, каква што ја остави Груевски, се претвори во должник ко Грчка.
Целата врхушка на СДС ја обвини министерката Мизрахи дека не го почитувала Уставот во врска со името, па затоа по налог на фашистичкиот лидер Заев беше и разрешена. Сите тие, без срам, значи глупандери, заборавија дека токму за името сите тие, на чело зо Заев и Димитров, не го почитуваа Уставот во врска со Препсанскиот договор, а и во врска со преговорите со Бугарија и двојазичноста исто така.
Целата рекетарска самоназови новинарска булумента од рекетарските телевизии на Велија и на Боки 13 бараат правда, инсистираат на морал, професионалност – а самите се олицетворение на тоа што е најгнило, најкорумпирано и најнезаконски во Македонија. Па наместо да се во Шутка, се собрале да цицаат од Драган Живковиќ.
Да завршам со “маршот за правда“ од понеделникот. Партијата, лидерот и владата која флагрантно го крши законот и уставот излезе да маршира барајки правда токму од своите поставени а корумпирани судии и обвинители.
Македонскиот народ ќе го сруши овој фашизам на следните избори. Но дали власта која ќе дојде ќе ги процесуира овие лажовчини, криминалци и кршители на уставот, е прашање на кое немам одговор.
Миленко Неделковски
Македонија, 22.02.20