Потврдени се тврдењата на Миленко Неделковски дека Катица Јанева нема проведено ниту една ноќ во истражниит затвор Шутка.
Уште повеќе, Дудинка има ексклузива дека во овие 2 месеци од шатро изречената мерка притвор за Катица Јанева, таа цело време се наоѓа во резерватот Јасен. Хотелско сместувае (целиот хотел и е на радполагање), парно греење, дивеч на богатото мени… А досадата Јанева ја разбива преку одење на лов секој ден.
Вработените во Јасен, кое е под надлежност на министерството за одбрана (Шекеринска е министерка), тврдат дека Катица според третманот и активностите им личи на Јосип Броз Тито.
Земајки ја предвид роднинската поврзаност на Радмила Шекеринска и Бобо Јанковски Дајнерс со случајот Рекет, односно на јатрвата на Шекеринска Марија Јанковска која е еден од основачите на Меѓународниит (рекетарски) сојуз на Боки 13 – јасен станува целиот заговор.
Згора на се’, актуелен директор на Јасен е Новица Зечевиќ, брат на Миле Зечевиќ, шеф на СДСМ-овското крило на тајната полиција. Новица инаку е неосуден убиец. При лов на Маврово “случајно” убил свој пријател, а заради конекциите на братот Миле случајот е затворен како “несреќен случај”. За ова своевремено дебело реагираа дипломатите во Македонија, тврдејки дека со ваков директор не се чуствуваат безбедно.
Во оваа завера активно учество има и директорот на Шутка Есад Рахич, бидејки го крие фактот дека Катица воопшто не му е испорачана на чување. Земајки предвид дека неговата ќерка е вработена во СЈО од страна на Катица, јасна е и оваа испреплетаност.
Крајно, нема одговор и на прашањето кој и кога му овозможува фарбање на косата и кварцање на лицето на Боки 13.
Во Шутка има берберин кој доаѓа еднаш во 2 недели. Има купишта глави за стрижење, па единствени фризури се “нуларица” или “кец”. Така да тој берберин нема ниту време ниту можности да го фарба Боки 13.
Не е познато во светската историја на притвори дека притвореник може да излегува за да посети фризер.
Исто така не може да се фарба затоа што во ќелиите не е дозволено внесување хемикалии за да не се отруе некој или за да не направи експлозивна смеша.
Да беше СДСМ опозиција, 10% од ова да се случуваше, новинарски екипи, разно-разни експерти и аналитичари нема да се симнеа од екраните.
Вака молк!!!
Пардон, вака, само на Дудинка.
Дудинка
23.09.19