Кате од крепоста на Кале

Кате од крепоста на Кале

Од сериозна дипломатија каква што е американската, од организирана држава каква што е САД, од демократија каква што саа да се каже дека американската, од стратешкиот партнер, од земја каде all dreams come true, од land of opportunity, од дама каква што ми личи дека е Кате од Калето очекувам на нас неизбањативе, недемократичниве, оболениве, неинформираниве, неначитаниве и необразуваните да ни ОБЈАСНАТ what the fuck happened in “founding fathers” country?

Пристојно, благохристијански, замолувам некој од Крепоста на Кале на нас простосмртните да ни објасни што се случува по улиците на Сиетел, Минеаполис, Вашингтон…

Ако ништо, да не си умреме од Корона. а да не сме знаеле што се случува кај “Анкл Сем“.

Не мора Кате да излезе, таа секако си е зафатена со “дипломатски“ активности за туги (не нивни, ами наши) избори. Ама некој прес офицер, стручњак, па дури и абдал како Митко Бурчевски, би било пристојно да ни објасни околу вредностите што треба да ги споделуваме со нашиов стратешки партнер.

Ставрно е глупо ние (нашите политичари, де) да си мислиме дека спасот ќе дојде од држава која самата неможе да се спаси. Да чекаме спас дека Македонија нема да се распадне од држава која се распаѓа!

 

Миленко,

наутро на сабота (за малку петок) 13-ти.