Уставниот суд очекувано се обрука на јавна сцена…ама сепак да остане запишана вистината за оваа собраниска одлука.
Одлуката е неуставна затоа што:
1. Во неа е ставено манипулативно и збунувачко референдумско прашање кое содржи договор што се уште не е стапен на сила во земјата. Чл. 52 од Уставот вели дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник пред да влезат во сила. Законот за ратификација на Договорот од Преспа се уште не е објавен во Службен весник, бидејќи истиот не е потпишан од претседателот на Републиката. Во чл. 51 од Уставот стои дека во РМ законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со законот.
2. Договорот е спротивен на Уставот, затоа што уредува прашања за промена на државно име различно од уставното, утврдува промена на целиот правен, политички и општествен систем спротивно на Уставот на РМ,
3. Договорот е склучен спротивно на Уставот од страна на неовластено лице. Димитров не е надлежен да потпишува ваков вид на договор, плус повредена е целата постапка на негово склучување,
4. Прашање што е спротивно на Устав и на меѓународно право не може да биде ставено на референдум!
Одлуката е незаконска затоа што:
1. Не е наведено по кој член од законот се носи ваква одлука и се распишува референдум,
2.Референдумското прашање е манипулативно, повеќезначно и збунувачко за граѓаните,
3.Во одлуката не е наведен видот на референдумот, дали станува збор за консултација со граѓани како што јавно збори Заев или за одлучување на граѓаните
4. Не е познато дали граѓаните се консултираат или одлучуваат за прашањето што е најважниот аспект за примената на референдумските резултати,
5. Во одлуката нема образложение на референдумското прашање.
СЕВО ОВА ДА ОСТАНЕ ЗАБЕЛЕЖАНО, ДА ГО ПАМЕТИМЕ!