Исто како и со бомбите минатата година, и со годинешниве гостувања на Заев, Спасовски и Шекеринска на Сител и Канал 5 ќе биде секое чудо за три дена.
И лани, баш како и зимово, народот сакаше да сеири, да погледне циркус, да се мајтапи (со едната или другата страна, се едно) но апсолутно не му падна на памет да си го мени мислењето за иднината на државата.
Лани неколку лика ја завршија својата политичка кариера заради немање основна безбедносна култура. Оваа година новинарите – домакини на интервјуата, ќе се соочат со реакции (пофалби и критики), но кариерите нема да им бидат загрозени. Тоа е разликата помеѓу “паблик срвнт“ и “прајват ентерпрајс“.
Лани со петардите, оваа година со гостувањата во Дневниците на двете најмокни телевизии, можевме да го видиме дното на македонските политички перјаници. Озборувачи, кодоши, сплеткари, неспособњаковичи, манипулатори, силеџии, рекетари… Нервозни, безидејни, без понуда, без програма, без визија…
И лани и годинава можевме да ја видиме улогата на амбасадорите на ЕУ, САд и Велика Бртанија. Видовме кој им се марионетите, платениците и љубовниците (истополови) овдека. Видовме што подразбираат кога изговараат зборови како: демократија, менталитет, фер, баланс, коректност, кредибилност… Видовме кои политичари и невладини протежираат. И зошто ги протежираат. Видовме како Бејли, Орав и Гарет отворено бараат на ним омилените ликови да им се попушта при интервјуата, да не бидат прашувани за работи што не им одговараат, да им се премолчува, да се фаворизираат…
Е ама, и лани и годинава определбата на народот за тоа која политичка партија ќе гласаат на наредните ВО ПРЖИНО НАСИЛА ДОГОВОРЕНИ избори, и на кој политичар (повторно) ќе му ја дадат довербата ОСТАНАЛА ИСТА.
Петардите (бомбите), бламирањево на Заев, Спасовски и Шекеринска, АПСОЛУТНО НИШТО не промени во избирачкото расположение во Републикава.
Партијата што сака без избори да стане “калиф уместо калифа“ спонзорирана од своите робовласници Бејли, Гарет и Орав измисли глупости до ниво дека Груевски бил толку факман што успеал да ги корумпира Потпредседателот на САД Бајде, Владата на Кина, државните фирми на Меркел и Комесарот на ЕУ Хан!!! Партијата што смета дека и припаѓа “природно право да владее“ до пред некој месец рикаше на глас дека Македонија е нехумана кон беглаците, дека не им обезбедува сместување, транзит… Сега, кога е јасно дека Македонија е најорганизирана земја од сите низ кои проаѓа “Патот на бегалците“, СДСМ излезе со стратегија на обвинување дека бегалцте ќе не преплавеле.
И лани и сега видовме отпљувок од партија, дно на моралните вредности, врв на хипокризијата од СДСМ и лидерите на таа антимакедонска групировка.
Нанесената штета на Република Македонија од страна на СДСМ (СКМ) во последните две години, во последните десет години, во последните 25 години, во последните 70 години ќе ја цени историската наука и поколинијата што ќе дојдат по нас. Таа оценка ќе биде катастрофална по ликовите што денеска го прават хаосот, но ќе се одразат на нивните наследници, деца, внуци, правнуци… Ќе се срамат од презимињата Манчевски, Јаневи, Шекерински, Заеви, Спасовски…
Уште еднаш, еве овој февруари, стана јасно што неколкумина (меѓу нив и јас) постојано го тврдиме и пишуваме. Не е народот кал, пластелин, глина за да можеш да го месиш. Може има такви народи, ама МАКЕДОНСКИОТ тоа не е. Не е одлучувачкиот фактор овдека пропагандата. Не е одлучувачки ниту некој бирократ пратен од Вашингтон, Брисел, Даунинг стрит. Не решава овдека ништо емисијата на Миленко, Дневникот на Латас, колумната на Мирка. Овдека шумарот не е Никола Груевски. Овдека владател, СУВЕРЕН, газда на оваа држава е НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ.
Кој не ја научил таа лекција, никогаш резултат на избори нема да има. На народот не можеш да му се закануваш, да му наредуваш, да го игнорираш, да го навредуваш… Народ е тоа. Со пенкалце во рака, со стап во рака, со пиштол во рака… Народ.
Тој народ, без разлика на сеирлукот што трае повеќе од една година и “шупраиш“ или “милемитекна“ мајтапот, кога доаѓа сериозен момент за сериозна одлука – реагира сериозно, одговорно и НЕПОГРЕШЛИВО.