Како вечерва јадевме солзавец?

Како вечерва јадевме солзавец?

Немири пред Собрание по потпишување на договорот за името

Граѓани вечерва пред Собранието се судрија со полицијата по што таа испука солзавец за да ја растера групата.

Gepostet von Radio Slobodna Evropa na Makedonski am Sonntag, 17. Juni 2018

Господине Никола Груевски, јас како загрижен и посветен МАКЕДОНЕЦ, денеска напладне бев на протестниот марш во Битола организиран од ВМРО ДПМНЕ, а вечерва бев на протестот организиран од Комитите пред Собрание.

Во Битола јадев горештина и сонце, а во Скопје шок бомби и солзавец. Не се жалам, патот до слободата е трнлив и тежок, но морам да констатирам дека МАКЕДОНСКИОТ народ вечерва пред Собрание, значи баби, дедовци, мали дечиња, малолетни, сериозни луѓе, татковци, мајки, млади јадеа солазвец и шок бомби фрлени од фашистичката солдатеска на оваа сегашна власт..

Двата настани уште еднаш покажаа дека СДСМ му одржа лекција на ВМРО ДПМНЕ за тоа како се води држава. Минатото лето напишав колумна која беше посветена на Вас, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, а носеше наслов “Лекција“. После тоа вие, а подоцна и Божиновски се навредивте а подоцна и ми се налутивте! Зошто? Затоа што дадов констатација дека СДСМ Ви оддржа лекција како се одржуваат, негуваат и мотивираат медиумите, идеолзите, невладините, новинарите, уредниците, сопствениците… Сето тоа што Вие никогаш не го разбравте и не сакавте да го научите. Затоа  и ја загубивте битката со соросоидите.

Три години пред тоа напишав колумна која носеше наслов “Во што не се согласувам со Никола Груевски“. Ако имате време во гнездото во Палома Бјанка, прочитајте ја. Сеуште важи. Таму напишав дека поединечните судбини на разани Гордани, Милиња и слични не се важни во однос на судбината на Државата и Партијата. И тогаш, од Вас лично, добив критика дека “вашиот тим“ бил навреден и не се согласувал со напишаното. Ете го сега “вашиот тим“ каде е. Од што многу знаеа. По судски ходници. А државата е уништена, додека партијата треба од пепел да се крева. А Миленко Неделковски е сеуште со својот народ, и со народот јаде шок бомби и солазвец, со народот се гуши со иритирано грло од солзавец до ниво на онесвестување, со народот ги трие насолзените, иритирани и црвни очи од солзавец заради што  не може да гледа, со народот денеска ќе изгинеше (му благодарам на Владо Младеновски што ја спаси од газење од страна на уплашената толпа онаа немоќна бабичка).

Еве Ви сега повторно текст.

Господине Никола Груевски, денеска фашистичкиот режим на Заев, Спасовски и Шекеринска одржа лекција по разбвање на маса, контрола на толпа, расчистување на кризна ситуација. Без потреба, без никаков повод, полициските ѕверови врз мирната маса која пееше пред Собранието, истури десетици солзавци со разорно дејствие, со голема можност луѓе со срцеви и дишни проблеми (а ги имаше побајаги такви) да завршат во мртовечница.

Вам Господине Груевски, три години Ви офарбаа се‘ осим вашите ташаци. Влада, Собрание, минстерства, споменици, фасади… А канцеларијата на Претседателот Иванов ја запалија и тотално демолираа. Вие, нели така конструктивен и лаковерен кон странците, оставивте багабонтте од СДСМ непреченео да го тормозат градот, државата и луѓето во него. Вашите полицајци беа тепани, новинари беа тепани, градот го уништија. Вие солзавец не фрливте, специјални сили не употребивте. Едноставно се собравте во куќичката на пожавот, се опкруживте со неколку евет ефендии и не‘ оставивте, нас народот, сами и незаштитени. Накратко, работата за која бевте платени, а тоа е мир, безбедност и ред во државата НЕ ЈА ОДРАБОТИВТЕ. Фалиравте, капитулиравте. Уште еднаш Вие, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков не си ја изработевте вашата работа. Да ја штитите државата и граѓаните во неа.

Ова беснеење на ордите на Заев не е негова вина, ами Ваша. Вие му дозволивте. Вие се повлековте од позицијата Премиер, иако јас, Мирка, Латас, Бобан и ред други ве убедувавме дека еднаш ако отидете од таа позиција државата ќе оди јабана а вие во затвор.

Па така да, вашата стратегија дека падот на невработувањето, странските инвестиции и позицијата на “Дуинг бизнис“ се као нешто најјако, се испостави дека не проаѓа кај народот кога ја дава довербата при гласање. Бидејки треба да се покаже и цврста рака, контрола на теренот, а за политичкиот противник и репресија. Еве гледајте, без никаов резултат, со скапа нафта, огромни задолжувања, космички лаги – Зоран Заев си ја води државата без око да му трепне.

Нема нешто што е штетно по нас, а Заев да не го одбори и потпиша. Без никаков “Дуинг бизнис“ си ги “кара воловете“. Вие му ја дадовте таа власт дозволувајки априлските избори да бидат во декември. Му дозволивте да ја земе власта затоа што не процесуираше вашата администарција ниту еден лудак, национален велепредавник или силеџија од типот на Фрчкоски, Тричкоски, Најчевска, Орданоски, Богоевски, Шилегов… Го дозволивте ова затоа што вон уставно и незаконски преговаравте, договаравте и потпишувавте пржински договори на 4-цата поглавици.

Затоа “немој ти мене“ сега ФБ постови со прашални реченици и чуденки од типот “секој може да види“ и “зошто мене ме судат“.  Вината е кај тебе и само кај тебе.

Ова вечерва што сме сите со потечени и расолзени очи, надразнети грла, тешки главоболки колку е вина на Заев и Спасовски, толку е вина твоја и на твоите што не‘ предадоа и оставија безпомошни, сами и ненаоружани на бојното поле. Ние за тебе, очигледно, бевме само топовско месо. Вечерва за ордите на Спасовски, бевме токму тоа – топовско месо. Понудено на послужавник директно од Вас.

И, Ве молам, немојте со она Ваше “јас предупредував“. Вие не бевте во бизнис со прогноза. Тоа е работа на Хидромееоролошки и Ромевски. Вашата работа, која Вие не ја одработивте, беше превенција. Таа ја немаше. Разговорите што вие ги прислушкувавте, странците со помош на кртовите на Верушевски комплетно ви ги земаа. А улицата ви ја преземаа наркомани, педери и соросоиди кои се сега во владата и парламентот. Вината е Ваша.

Вечерва Зоран Заев и Оливер Спасовски, најважното што го покажаа, на денот на РОДЕНДЕНОТ на ВМРО ДПМНЕ, е начинот како ќе се одвиваат и одржуваа редовните претседателски и вонредните парламентарни избори, како и референдумот. Со полиција, тортура, насилие, апсење, приведување, малтретирање, изживување.

Зоран Заев, абдалот од Муртино, ќе ви покаже како се практикува власт, држава и како се раководи со силите за репресија и безбедност. Тоа е Вашиот најголем пораз. Ќе Ви покаже како референдумот ќе биде во негова корист.

Вечерва не видов ниту еден Ваш, од Вашите де што беа 10 години во фотељи, да проба малку солзавец. Миле, Гордана, Кирил, Зоран  и другите претпоставувам си гледале Србија, па потоа Бразил, па на крај и Германија… А топовското месо, надвор се бореше за својот народен и законодавен дом.

Солзавец вечерва изедоа Миленко и неговата ТВ екипа, Психо, Солза, Пандов, Науновски и илјадници друг народ што ја сакаат својата држава, а не ја интересира некоја фотеља во која седел Миле, а сега седи некое сугаре.

Ние утре пак ќе се собереме. Пак ќе се изложиме голораки на солзавецот на фашистичкиот режим на Џес Бејли и Зоран Заев. Пак ќе си ја браниме татковината. Туку, ти каде ќе си?!

 

Смрт на фашизмот на Бејли – слобода на Македонскиот народ

Миленко Неделковски

со насолзени очи и раскашлан од солзавец

17.06.2018 Скопје

 

Дупло дно за слободата на медиумите во Македонија

Gepostet von Jovica Paunoski am Sonntag, 17. Juni 2018

 

Gepostet von Violeta Petkovska am Sonntag, 17. Juni 2018

 

 

 

 

 

Покажа како ќе личат изборите